Се е наметнато. Јас сум крстена, венчана во црква, и детето е крстено. Не сум верник. Но наметнато е како традиција. И моите не се некои верници, ама така е наложено и сите си ги крштеваат децата и се венчаваат во црква. Баш се сеќавам кога беше пописот, девојчето што нѐ попишуваше не ме праша за религија, туку праша дали сите сме Македонци и православни христијани.. Не ми значеше толку дали ќе се венчам во црква или не. Сопругот е верник, па ајде за негов атер. Детето иако е крстено, не планирам да го воспитувам како припадник на било која религија. Иако сум атеист, со тек на време научив да го премолчувам тоа затоа што гледам околу мене куп грешници кои се перат со религијата. Изнесувањето на мојот став само ќе отвара непотребна дискусија и непотребно објаснување на некои луѓе кои едвај чекаат да ме направат сатанист.
Наметнато не е, туку вековна православна христијанска традиција кога луѓето биле религиозни и било благодет божја венчавање во црква и крштевање на дете. Денес имате опција цивилно да си склопите граѓански брак а децата не морате да ги крштевате ако го сметате тоа за наметнато и не сте религиозни. Бракот како институција ионака е сакрамент, свет чин помеѓу маж жена и бог а во мноштвото бракови денес има се и сешто само не бог, така да имате целосна слобода да не се венчавате во црква ако го сметате тоа за наметнато
Наметнато ви е само ако дозволите да ви се наметне. Јас имам поп во фамилија, па не сум венчана во црква. Јас не сакав да се венчам, и немаше венчавка, само регистрација. Не дека не ми викаа "е како така нема црква?", јас само им викав "така фино лепо" и толку од муабетот. Кој може да ме натера?
Наметнато е, особено зошто е дел од традицијата и културата. Впрочем религијата кај нас е тесно поврзана со традицијата и културата и зато и на друго место имам пишано, како неверник, прам обреди од аспект на традиција и негување култура, ама не и зошто стварно ми значи. Ама ова поќе зборам за празници и некои традиции шо ги имам со семејството. Свадби и крштевки ми се генерално over the top и не би ги практикувала освен нели ако партнерот не е религиозен и му менва. Ова го нагласвам оти мене стварно не ми менва, па зошто да лишам партнер од то ако него би му менвало.
Јас не гледам зошто сметате дека е наметнато. Ако во нешто не верувате и не се чувствувате како припадник на Христијанството, кој ве тера да застанете пред олтар и да плаќате за да ве венча свештеник? Го правите тоа само поради тоа што ќе речат тетки, вујни, стринки, свекрви и сл.? Како за модерни жени премногу дозволувате традицијата да ве потиснува. Нели за независност и самојстојност се збори цело време а овде читам дека наметнато било да се венча некој во црква. Никаде не бараат и за ништо не е услов документ венчаница од црква. Тоа е за верниците чин од посебно значење, не гледам причина да се прави само ради реда. Исто и за крштевка, ако не сте верници никој не ви става нож на врат да ги крштевате децата. Оставете ги сами нека одлучат кога ќе пораснат дали сакаат да бидат крстени или не.
Да се што рече е така. Ама јас во мојот случај решив да попуштам, сопругот е верник. Ништо не ми значи, ниту нешто ми пречи. И верувам така е кај многумина други. Останато како традиција сите да се венчаваат во црква, не од причина, туку ете оти сите така прават.
Здраво не знам дали прашањето е за тука Ме интересира за венчавка во црква(ние не сакаме бурми) а чинот вклучува бурми,дали има опција без нив или мораме да купиме и тоа?
Здраво сакам да прашам имаме смртен случај во фамилијата а исто така и нпвороднчето што сакаме да го крсѕиме на лето а исто така и ние да се венчаме Па да прашам дали треба да чекаме година да помине или? А исто сакаме и нешто да ренпвираме дома па колку да чекаме ?
Нема потреба да чекаш воопшто. Да си го крстиш детето, и да си се венчате. Потоа во кафана немора да викате музика. Живите со живите, умрените со умрените. Поздрав
Здраво , имам едно прашање , дечко ми е кум на новороденче сега за скоро ќе се прави крштевка ме интересира дали тоа што не сме венчани / верени како год , ме спречува јас да бидам кума .