1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Венчавање во црква и крштевање-избор или наметнување?

Дискусија во 'Религија' започната од joelle, 16 ноември 2010.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.280
    Допаѓања:
    101.240
    Пол:
    Женски
    Според мене треба да се направи или венчавање во црква или матично. Значи, оние кои си сакаат да бидат веначани во црква, бракот да им биде признаен пред државата. Јас сакам да се венчам во црква, но ако на партнерот мој тоа му смета, па нема да се противам несто посебно. Крстена сум, ама не сум фнатаик ни па некој голем верник. Си ја почитувам црквата ама не одам многу често. И кога би се венчала тоа би била некоја мала црква, со само 1 поп. Не сакам циркузи.
     
  2. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Како во реалност би функционирало тоа??? Под наметнување не значи само крштевањето, туку сите обичаи и традиции кои произлегуваат од една религија. На пример на Бадник додека родителите седат на маса јадат гравче, сармички и кршат погача, тоа треба да седи настрана затоа што нема одлучено што сака да биде и не треба да му биде ништо наметнато???
     
    На pufi-cufi, kate21, miss.ella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Може тоа да го сфати само како формална вечера, кога е крстено мене ми е исто како на некој начин осудено да биде тоа, додека ако не е, се уште има право на избор даден од родителите.
    И да, ете традицијата може да му го наметне тоа, со тие гледишта родителот може да го внесе во религијата, ама сепак нема да го крсти без да го праша. Едно е крштевка, друго е обред. Со обредот детето може да е внесено и упатено кон религијата, а бадник конкретно за малите дечиња е интересен, така што самото ќе посака да биде припадник на христијанството.
    Сметам сурово е детето да не се праша.
     
    На LUCI 99 и joelle им се допаѓа ова.
  4. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    и јас сум за венчавање и крштевање во црква
    јас сум крстена исто и мојот дечко. во врска со поповите не ги оправдувам да одредуваат тарифа но има и попови кои се стварно посветени на Бога за разлика од некои кој тоа го сметаат за бизнис (сепак гревот е врз нив) така да би се венчала и би ги крстила децата што не значи дека му го наметнувам тоа.
    според тие што мислат да го почекаат детето да наполни 18 па да се крсти ако сака за да му дадат избор, нека почекаат и за презимето можи нема да сака да се презива стојчески можи ќе сака петков,инглезијас,текин или шо знам некако многу презимина има во сериве можи ќе сака некои такво презиме :x без лутење :!:
     
    На pufi-cufi, vlubena, enca.69 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Јас сум за венчавање во црква и крштевање во црква. Верувам во Господ и сакам тие два чина да бидат богословени од него. Мајка ми и татко ми се крстени но не се венчани во црква, за 25 години брак најверојатно и ќе го направат тоа. Кога ќе дојде денот јас сакам да се венчам во црква, и здравје боже децата ќе си ги крстам во црква, но тоа не значи дека ќе им наметнам нешто.
     
    На vlubena му/ѝ се допаѓа ова.
  6. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Прво незнам зошто постојано се спомнуваат тарифите на поповите,крштевка и венчавка чинаат 1500 денари а како се збори за тарифи добиваш впечаток како да чини 150.000 денари |( А тие 1500 се делаат на 3 дела,за крштевка плаќаат родителите,кумот и дедото од таткова страна,и туу се осиромашија за 500денари ццц.

    За суровоста,па на крштевката попот му сече малку косичка и му потура на бебето врз глава водичка не го жигосува со вжештено железо,не се брендира |( Сурово е тоа што ќе ти рече попот ти земав рисјанин ти враќам хрисјанин?

    Мене лично ми е многу криво што нема да се венчам во црква,регистрација во матично ми е само формалност,ама вереникот ми е католик кој не сака да си ја смени верата за да ми удоволи,компромисот го постигнавме со тоа што ово и секое наредно дете што ќе го имаме ќе биде крстено во православна црква.

    Оно мене лично што ме прави Македонка е верата,сите традиции се поврзани со цркавата,истото ќе им го пренесам и на моите деца и не мислам дека е наметнување туку право на припадност.
     
    На tinkerbelll, La.Reina.Del.Sur, Lacrimosa и 3 други им се допаѓа ова.
  7. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    И кај мене истото ама за жал поради тоа што се случи со мака ми не успеаа да се венчаат. Што се однесува до мене јас би се венчала само во црква, а не во матично, од проста причина за ако недај боже после некое време не ни иде да не си фрламе пари по адвокати, а уште поскапо ќе не кошта по нерви и здравје. Ако евентуално се оди на варијанта матично тогаш фино лепо пред тоа еден договор дека ниту тој ниту јас немаме право на имот во случај на развод. Никогаш не сум била од тие што сметале дека е трагично да не се омажат. Има толку многу разводи што мислам дека и бракот ја нема таа вредност што ја имал некогаш.
     
  8. Symona

    Symona Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2010
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    60
    Религија не се менува на 18 години не е потребно да си полнолетен за да смениш вероисповест нити пак ти треба потпис и согласност од родителите за да тоа го сториш ако си помлад од 18 години :rofl:

    Абе кога ќе разберете дека религијата е само моментално чуство и ништо повеќе од тоа !? Ништо не ве врзува за неа освен вашето верување и убедување , и нема правила или нормативи кој што ке ве врзат за една единствена религија, а колку и да звучи романтично и лигаво „ да се заколнеме пред бога “ не е никаква гаранција за успешен брак зарем тие што се венчаваат во црква не се разведуваат ?
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Јас сум и крстена и венчана во црква, убаво се чувствувам поради тоа.Исто мислам дека е повеќе како традиција да се крштева бебе, не е тоа свесно тогаш што сака а што не, ама затоа може верата да се смени кога и да посака, ако не му се допаѓа изборот на родителите нормално.
     
  10. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Некои работи ги наследуваме од нашите предци -семејното име (презимето), националната припадност и секако верската определба. И не знам што има толку лошо во тоа? И тоа што родителите ќе му дадат име во матично е наметнување (на некој начин) ама ајде де да чекаме да порасне па да ни каже кое име му се допаѓа? Ајде тогаш да го оставиме бебето без презиме, може нема да го сака кога ќе порасне? И графата национална припадност да ја оставаме празна се додека не порасне доволно за да се определи (националната припадност, исто како и верската, го искажува тоа како се чувствуваме. Јас имав ученици кои за полесен упис на факултет и покрај македонско име и презиме се пишуваа Турци, Роми и сл. и законски никој не може да им го оспори тоа право.). Нема ништо лошо во крштевањето на детето ако родителите сакаат. Убава традиција и убава церемонија. А кога ќе порасне може да си смени и презиме, и да се изјасни како Кинез ако сака, па нормално, и да смени вера.
     
    На nela.oh, Lacrimosa, kate21 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Symona точно не се менува, но нели до тогаш не е доволно зрело само за себе да си знае.

    Тоа со презимето да се остави неодредено е лош сарказам, особено Текин. Ти се молам.
    Детето не може да нема име или презиме, така е наложено, додека државата не прави побуни ако детето не е крстено, или без религија. Според мене секое дете треба да е внесено во светот на религиите па самото да одлучи во што ќе верува.
    Како и да е, иако верувам дека е религијата избор на детето, многу често тоа е избор на неговите родители. Знам за многу случаи на блиски луѓе кога е забрането откажување од една религија и следење на нова, од страна на домашните.
     
  12. Symona

    Symona Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2010
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    60
    сепора ми го едитирале текстот па напишаното доби сосема друг контекст
     
  13. placeboloves

    placeboloves Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3

    Од кога сармички и погача се свети завети? Не мешај религија, традиција и кулинарство.
     
  14. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Каде читаш свети завети? Зборував за традиции, обичаи, па и насоки на размислување кои низ годините би се наметнувале на едно дете. Можеби кршењето погача со паричка нема да го направи Христијанин, но јас го мислам истото и за крштевањето. Има многу кои се крстени а не веруваат во Бога и се декларираат како атеисти. Верата ти е во срцето, во начинот на живот и размислување...Затоа мислам дека е лицемерно да не го крстиш детето а понатаму свесно или несвесно да го водиш кон твојата религија...
     
    На vlubena му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    да во нашава земја наметнување е и мило ми е што не сум крстена...од кај знаеле моите дека нема да бидам православна туку протестантка? :^)
     
  16. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Моите се венчале во црква и јас и брат сме крстени додека сме биле многу мали, значи негде отприлика сме имале по 1 годинка.

    Јас сега незнам дали би се венчала во црква, да бидам искрена црквите во денешно време ми изгледаат како фирми од типот „Лежи лебу, да те јадам“, каде за читање црковно писмо кое трае половина час наплаќаат некои астрономски цифри.
    Па нели црквата е направена за да ги заштити луѓето и да биде достапна секому, а не да мораш да одвоиш + 100 или 200 евра ако сакаш да се венчаш во црква. Конкретно на брат ми свадбата во црква чинеше окулу 300 евра, бидејки имаше 4 попа, и со попуст беше 300 инаку повеќе би платиле. И во црква попуст да добиваш :!: .

    Токму од оваа причина што несакам туку-така да ги фрлам тие пари, бидејки пред свадба реално секој денар е битен, јас сакам венчавка во некој од прекрасните македонски манастири, каде ако ништо повеќе барем тамошните попови се поголеми верници од оние градските што ги знаеме, дека ниту се придржуваат до оние правила кои ги налага самата црква.


    Што се однесува за моите деца, искрено не сум размислувала на таа тема, иако се ми вели дека ќе оставам тие самите да одлучат дали ќе бидат православни верници и дали би сакале да бидат крстени и во црква. Не би го принудувала своето дете да верува во нешто доколку самото тоа после одредена возраст не се одлучи на таков чекор.
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Крштевањето е наметнување и ми се допаѓа што е тоа така. Дали некој на 18 години ке знае да одлучи? Каде ке бара утеха до 18 година, на кого ке се моли? Верувам дека секој од нас бар еднаш дневно вели ’’Дај Боже’’ , дека кога му е лошо и неубаво се моли на Бога, кога ке се заврши нешто добро викаме ’’Фала му на Бога’’. Дури пред некое време ја осетив на своја кожа големината на црквата, кога бев сама, кога немав никој близок до мене, кога имав проблеми еден куп, со самото влргување во црквата ми дојде некој спокој, си реков ке помине се ова, каде и да си во светот кога ке влезеш во Божјиот дом ти си дома.
    Можеби родителите се сиромашни не можат на детето да му остават фирма, кука, но можат да му го остават најубавото нешто а тоа е верата. Некој може да ти земе се, животот може да те остави без ништо но верата останува и ти дава надеж.Ако е некој крстен не му смета после да премине на друга религија, ама дефинитивно мора да се крсти дете, тие рофдители го одгледале, му посакуваат се најдобро, заслужуваат да ја одберат неговата религија со која ке го воспитуваат, ке го направат подобар човек, зошто и самите тие биле така воспитани.

    Е сега за свадбите мислам дека во последно време е избор а не наметнување. И сама сум си го поставувала тоа прашање која е убавината во тоа венчавање. Пред некое време бев кума и прв пат ги ислушав сите тие зборови на попот и сите работи на кои се колнат младите и мислам дека венчавањето во црква го зацврстува бракот. Ти си се заколнал пред Бога дека тоа е твојата жена, и ке бидеш со неа и во добро и во лошо, ако си ти вистински верник ке го почитуваш тоа. Исто важи и за жената, а не при првиот проблем во бракот да трча кај мајка и да се враќа. Кога ке помислам ’’свадба’’ првото што ми паѓа на памет е младенци пред олтар, а ако го скокнам тоа првото тогаш не ми вреди да правам свадба. Дури и се мислам за свадба во ресторан еден ден, ама венчавање во црква сигурно ке има.

    Кога дошле Комунистите на власт во Југославија ги абранувале црквите и џамиите и сите верски обреди. Луѓето скришно се крстеле и венчавале.

    Точно е дека кај нас црквената мафија (така јас си ги викам) бараат многу пари. Не треба да е така, мислам дека за такви работи треба нешто минимално да се дава, тоа ти од срце што ке го дадеш, а не да даваат фискални од името на Бога. Ама кога ке размислам пак, толку пари се даваат за ресторани, фустани, бовчи, не знам што, а за црква скапо било (такви сме ние такви ке си останеме)
     
    На nela.oh, Lacrimosa, pufi-cufi и 3 други им се допаѓа ова.
  18. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    исто и моите не се венчани во црква зашто во тоа време во црква не се венчавале луѓето ...значи пред 22 23 год....и ништо не им фали
     
  19. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    пред неколку дена седевме со пријатели кои очекуваат дете, се зезавме за имиња едно друго и за крштевање како и за нашата свадба здравје.

    и сега јас спомнав дека нејќум цркви ни за венчање ни крштевање и кога ги прашев нив како се договарале ми рекоа дека не ни размислувале на таа тема едноствано навлегле во сите тие процедури за венчавање и бидејќи старите рекле ова мора да се направи и го направиле а не дека имаат став и сакаат или нејќат. истиот ми вели подобро да си ги истераш сите адети како што треба оти знаеш нашево општетство какво е...

    токму ова беше идејата за темава
     
  20. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Апсолутно се сложувам со joelle и со сите др со слично мислење, значи и ја сум крстена у црква ама не сум верник и не верувам у црква нити пак било каков религиски објект. Крштевањето на деца во цркви е подметнато и тоа од страна на црквата за да се зголеми бројот на христијаните, секако со цел да се парира на исламот , мислам премногу е видлива таа нивна стратегија.
    Пред некој месец беше крштевка на брат ми (во католичка црква) само поради тоа што ми беше брат присуствував на крштевката ама секако не се сликав со попот . За жал и на запад е истото тоа како и кај нас - Ај адетите да се истерат ... И што ако се истераат ? На децата им е загарантиран мирен живот полн со љубов среќа и здравје ? Не ...
    Кога ке дојде мое време за вакво нешто само матично и ништо повеќе, а за црква подоцна детето само по себе ке си одлучи кај и во што ке сака да верува .
    Од мое искуство велам .