1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Венчавање во црква и крштевање-избор или наметнување?

Дискусија во 'Религија' започната од joelle, 16 ноември 2010.

  1. KejtiKaulitz

    KejtiKaulitz Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    43
    Баш пред некој ден со тато правев муабет на темава. Јас му викам дека ќе си се мажам во странство и дека нема потреба од црква.. би земала и католичка вера би се венчала во таа црква само ради тој ако сака. Но не сакам во црква чисто затоа што несакам цркви и попови. Тоа е само начин да се крадат луѓето. На господ не му требаат пари и свеќи да му палиме.

    А за крштевање на детето, мора да се крштева ете ради тоа што ако сака оно да се венча во црква ќе мора прво да се крштева бла бла..

    Понаметнато, здравје..
     
  2. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Јас па баш напротив сакам да се венчам во црква пред бога и нормално дека ќе ги крстам децата бидеќи сум православен христијанин и децата се мој па сакам и тие да бидат православни христијани и мене тоа не ми е никакво наметнување и јас сум крестена уште кога сум била мала и мене тоа ми е нормално многу ми изгледа неубаво кога гледам родителите една вера децата друга па нивните деца трета сето измешано :tmi: И не знам некако ми е многу жалосно кога ќе видам дека се повеќе и повеќе луѓе се декларираат како неверници :( Но тоа некако сето ми иди од европа од модерниот начин на живот и не знам што и мене ни малку не ми е тоа нормално :!: но сепак си има секој право на свој избор и тоа си е негово како ќе се декларира но во тоа не навлегувам ;) Значи јас сум ЗА венчавање во црква и крштевање на децата уште од мали :)
     
    На Makide, enca.69 и karak им се допаѓа ова.
  3. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    вљубена убаво е тоа што ти сакаш да се крштеваш и децата твои нели, и го почитувам тоа но сметам дека не си во право за она што викаш дека неверувањето е мода и дека доаѓа од западниот свет.

    можеби имаш право всушност незнам и тоа би било навистина глупаво, секој човек треба да знае зошто верува и зошто не верува. еве мојот случај на примерЧ

    бев крстена нели не учеа да веруваме, до 11-12 години се молев, кршев погача за божиќ, сум стоела на врата да го повикам господ на вечера(таков ни е адетот) итн, но почнував да чуствувам дека нешто има дека дека всушност јас тоа насила го правам дека не чуствувам ништо, и со надеж да се вратам на тој пат почнав да читам (мн читам од секогаш) и да барам одговори нели ама со секоја книга со секој разговор со секој изгледан филм емисија мојата верба скрос исчезна и веќе на 14 години јас се декларирав како неверник.

    и еве веќе поминаа 10 години јас уште читам уште истражувам но моето мислење не се променило. јас можам да седнам и со саати да образложувам зошто не верувам. значи не е мода, туку еден проект да го наречам на кој сум работела долго.

    верувај многу е полесно кога веруваш во господ и имаш на кого да се исповедаш или од кога да очекуваш нешто. а јас сум сосема сама и чекам само од мене, колку и да е тешко тоа сепак неможам да ги затворам очите пред мојата вистина, моите верување и убедувања и не би сакала никој да ме осудува за тоа или да ми наметнува само затоа што поголемиот дел на општеството функционира така. и многу луѓе неможат да го сватат тоа, пред се почнувајќи од мојот вереник па мајка ми која сеуште се обидува да ми подметне по некоја икона во куферот на секое патување лол.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  4. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    joelle јас само кажав дека мене сето тоа ми иди од европа но исто така кажав дека секој си има право на избор и тоа си е негов живот :!: можеби ти имаш причина за да не веруваш но повеќето како се што прават по модерниот начин на живот така и тоа го имаат сватено и затоа се декларираат како неверници тоа мене ми е жалосно :( а јас никого не осудив нути пак нагласив некого во мојот пост и не сакав никого да навредам тоа е мое мислење и не мора да значи дека е точно или пак дека сите така треба да размислуваат и пак ќе кажам дека секој си има право да избира во живото како ќе живее во што ќе верува итн
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  5. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    633
    Кој што ви наметнува :!: |(
    Некој со сила ве тера да се венчате или крштевате во црква?
    Па немора да се венчаш во црква, регистрирај си се во матично и готово, децата ако не сакаш да ги крштеваш немораш. Тие кога ќе пораснат ако имаат желба да се венчаат во црква претходно можат да се крштеват и завршена работа.
    Многу ми е контрадикторно, дискутабилно ова, би сменила религија, а не би се венчала, крштевала во црква :!:
     
  6. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Што сте се фатиле за тарифата на попот? Демек другиве вери, односно цркви не ви бараат на секое едно пари за членарина, за обнова, за гуски, миски? И тие бараат, не велете оти еве пример католичката црква не бара донација, така да парите се ништо во споредба со она што ти од мал ќе го научиш како вредност-да си ја почитуваш традицијата и религијата. Мене крштевањето ми значи повеќе од благослов од Бога за името, туку чинот на миросување е она што е најбитно. Име може кое сакам да ми биде и ко ќе пораснам ако земите така :^)
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    667
    Не би да разглабам филозофии, ама морам да си кажам: според мене, наметнување.

    И не kikirika, еве јас не викам Дај боже, ни кога сум во густо, и можам да размислувам со своја глава и сосем добро се снаоѓам, т.е живеам живот каков што сакам и без црква и крштевање. Тие родители го втурнуваат детето во одреден калап на размислување, за мене тоа се чисти глупости, секој има право да си се развива како индивидуа, не паразит.

    Венчање во црква не би од проста причина што не сум христијанка.

    На крај краева, се е релативно, ајт!
     
  8. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.604
    Пол:
    Женски

    Ти можеби не викаш Дај боже ама мене лично обракањето на бога многу пати ме успокојува. Ако не ме крстеле моите ако не ми ја наметнеле верата на кого ке сум се молела? Ако мислам дека мојата вера не е во ред ке преминам во друга или ке станам атеист. Зошто да прекинам една вековна традиција, крштевањето? Дали сум јас попаметна од моите баби и дедовци?

    И јас порано не бев некој верник мислев дека се тоа глупости ама како созревам се повеќе ја свакам големината на Бога. Дали имало разводи пред 100 години во број како сега? А 100 пати потешко живееле тогаш ама и мажите и жените го почитувале тоа што му го ветиле на БОга.
    Не знам која вера си (ако си атеист го разбирам мислењево) ама мојот пост не беше за никој лично. Сите се обракаме на Бога. на овој или на оној начин.
    позз
     
  9. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    667
    Се е релативно, тоа да, “дискусијава“ нема цел, ама немој да ми кажеш дека не се сметаш за попаметна од твоите баба и дедо. Жити се! За нив е океј да размислуваат дека се создадени од прав и дека носат облека бидејќи јаделе јаболки... ама за разумен човек од ова време, богами... И не мора да се молиш на некого, се тоа е за тебе, не за Господ.

    Ама ајде... различни луѓе, различни верувања.
    Поздрав. :)
     
  10. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.604
    Пол:
    Женски
    Навистина темата е ваква да секој има различно размислување. Ама не се сметам попаметна од нив, тие луѓе знаеле да живеат среќно и во лоши услови, да се радуваат. веселат, ние денес имаме се а не знаеме да живееме.

    Сеуште не свакам што е релативно тука за тебе, и не свакам зошто мислиш дека ние кои се молиме од Бога сме паразити. Господ рекол Помогни си сам па јас ке ти помогнам, и нашите родители крштевајки не не сакаат од нас паразити да прават туку да не спријателат со најверниот пријател , верата, која како што реков останува дури и кога се друго ќе изгубиш. Јас не чекам Господ да ми прати од небо нешто, ама кога ке успеам во нешто пак се заблагодарувам на Бога.

    Велиш не си христијанка ама сите вери се молат на Бога (и муслиманите со тоа Иншалах и католиците со молитвите). Ако си атеист можам да го разберам твојот пост. Не знам дали го имаш слушано тоа што попот го пее за време на венчавка ама толку е убаво и точно и секој што се придржува до тоа нема да има проблеми во бракот.
    Толку од мене. Позз
     
    На Lacrimosa и vlubena им се допаѓа ова.
  11. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.668
    Допаѓања:
    4.622
    Пол:
    Женски
    Барен за ова имам избор ако за крштевањето немав |( не сакам да сум крстена моите ми го наметнале тоа уше коа сум била бебе и на братми исто...па еве не двајцата сме атеисти, мајками си верува ама не не оптеретува нас нека мораме и ние, и татко ми веруваше се до својата смрт. :x Атеист сум едноставно бидејќи религијата ништо нит ми пружила нит ми помогнала коа ми било најтешко,нит наоѓам мир и утеха. :|

    Околу венчањето и дечко ми е атеист и сме збореле на темава и се согласивме дека граѓанскиот брак венчавање во матично ќе го исполниме а за црква нема потреба. :!:

    Овој барем ме сваќа за разлика од бившиот свршеник што ми наметнуваше дека морам да се венчавам во црква , и ме плукаше зошто не сум била религиозна |(
     
    На MiaBeMia му/ѝ се допаѓа ова.
  12. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.519
    Допаѓања:
    92.112
    Пол:
    Женски
    Детето нема да го крстам кога ќе се роди, ако изрази желба кога ќе биде големо и кога ќе разбира океј. Мислам дека нема смисла да го крстам кога не сум верник.
    За венчавање не би се венчала во црква, освен ако му е огромна желба на човекот со кој што ќе се омажам. Ете компромис ќе направиме ако му е огромна желба венчавка во црква, ќе се согласам ако не напнува да се крштеваат децата. :lol:
     
    На Sephora му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Моите не се венчани во црква. Среќни, весели, се со ред.
    Јас не сум крстена, па не гледам дека сум саката во било кое поле заради тоа.

    Не се венчавав во црква, затоа што не ја сакам црквата. Среќа, и маж ми исто така.

    Дете не крштевам. Ќе го образувам за религиите, па ако ептен изрази желба за нешто, негов личен избор. Не се противам. Сепак, религијата е ЛИЧНО верување. Нема потреба од наметнување... благодарам на родителите што не ме крстиле, и што ми оставиле избор во животот.
     
    На MiaBeMia му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MiaBeMia

    MiaBeMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    35
    Јас не сум крстена, атеист сум, немам ништо против верување во некој бог. Не се венчав во црква затоа што јас не сакав, инаку маж ми е верник, не некој голем ама е. Што се однесува до крштевањето секако дека е наметнување во 99% од случаите, како ли може едно мало бебе или дете да знае зошто ли му го прават тој чин, па тоа уште не е свесно ниту знае нешто за животот, и да тоа е наметнување и тоа како! Еве маж ми сака да ни бидат крстени децата, јас секако сметам дека не треба, но ако толку сака нека ги крсти, со тоа нема да ги направи верници а нема ниту јас со тоа што не би дозволила да се крстат да ги направам атеисти, кога ке го осознаат животот и според тоа како ке им се развие разумот ке сфатат дали станале побожни или не, па ако поверувале во божјо царство нема да им бранам да се крстат или што и да прават, да примат некоја вера.

    Сепак крштевањето на луѓето од бебиња кај нас а и секаде во светот многу векови наназад се правело од сосема разбирливи причини, пред се за да го заведат тоа дете за родено, нешто како матична служба била црквата во тоа време, а и самата црква владеела со населението, а згора на тоа и поголем број од народот бил прост и неук па затоа и разбирливо е дека лесно можело да се манипулира со него со оглед на тоа колку бил спречуван развојот на науката од страна на црквата. Црквата била таа која пружала писменост на населението но и ограничени познавања од сите сфери на животот ... Па така традиција останала дека луѓето кога ке се родат треба да се крстат.

    Дали е избор или наметнување? Според мене и тоа и тоа, но пред се наметнување, никој не се родил верник, верникот се кали, едно дете живеејќи во побожно православно семејство сигурно нема да се претвори во голем муслиман или будист, нели? :) Темата е многу опширна токму поради различните сфаќања и убедувања.
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Сметам дека е избор, јас сум си верник, дечко ми исто така, утре сигурно би се венчала во црква, и детето дефинитивно ќе го крстам. Според мене за верник нема поубав благослов од тоа.
     
    На Page и Serafima им се допаѓа ова.
  16. scorpionphoenix

    scorpionphoenix Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    6
    Би сакала да добијам одговор на ова прашање доколку некој знае....
    Јас сум крстена во црква после моето раѓање , но лани си го променив името и сите документи , според тоа и кршталното свидетелство најверојатно сега не е валидно...Дали некој знае дали треба повторно да се крстам и дали смеам сега да крштевам деца - да бидам кума ?
    фала , позз
     
  17. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.273
    Мила, за да добиеш повторно документ дека си крстена, потребни ти се сведоци. Ќе си отидеш со барем еден од нив во црквата каде што си крстена и ќе им го раскажеш случајот. Секоја црква си прави свој протокол на крстени, венчани и упокоени. Ако сеуште го чуваш стариот документ дека си крстена со своето прво име, убаво е да го носиш со себе, зашто веднаш ќе те пронајдат. Исто ако го немаш потребно е само да го знаеш точниот датум на крштевката, зашто инаку нема да можат да те пронајдат.
    Без грижа, слободно можеш и да си ги крстиш децата како кума, но сепак прво треба ова да го завршиш. Зашто сепак секако ќе ти побараат документ, ако сакаш да крстиш или венчаш некој пар како кума.
    Нема потреба од повторно Крштение, бидејќи ти си со сигурност крстена.
     
  18. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.523
    Пол:
    Женски
    Јас не верувам во Господ, ама сум крстена, и крштевањето апсолутно ништо не ми сменило во животот, ниту пак некако влијаело на мене.
    Ако некогаш сум во врска со верник и решиме да се венчаме, не би ми пречело да правам свадба во црква.
     
  19. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Потекнувам од исклучително атеистичко семејство.Татко ми како бебе скришно го однела на крстење некоја тетка.Мајка ми , при татко воен пилот во бивша ЈНА-никој не ја ни однел на крстење.Нормално, во црква не се венчале,за тоа не ни паднал збор.
    Е, сега јас на тоа имам поинакво размислување.Верувам во Бог, но за мене Бог е само еден.Сум влегла и во православна и католичка црква,во џамија, во синагога...И секогаш го имам истото чувство-дека влегувам во Божји храм.Од која припадност е, воопшто не ми е битно.
    Додека живеев во Италија, со години одев во католичка црква.Тоа воопшто не ми пречеше, зошто јас одев да му се помолам на Бог,а за мене тој е еден.
    Пред неколку години, почна да ме мачи мислата дека му се молам на Бог,значи сум верник,а не сум крстена.Така , ја земав мајка ми и еден ден и двете се крстевме.Зошто јас така сакав.
     
    На Makide, DAngel и Serafima им се допаѓа ова.
  20. priti

    priti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    83
    Ако не сакате не морате да се земате во црква. Никој не ве тера сосила па да се буните. Јас сигурно ќе се венчам в црква 8) А за децата ако сака мажот ќе ги крстиме дур се мали, после сами ќе си одлучат, а ќе ги воспитувам да веруваат.