1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Венчавање во црква и крштевање-избор или наметнување?

Дискусија во 'Религија' започната од joelle, 16 ноември 2010.

  1. O.l.e

    O.l.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    6
    Ниту јас ниту дечко ми на тоа не му придаваме некое големо значење и доколку би се венчале во црква во иднина или би крстеле дете во црква тоа би било единствено заради желба на нашите родители, тие и сега збеснуваа кога само ќе кажеме некое наше мислење против тие работи, немам намера најубавите моменти од животот да си ги уништам зараси пркосење на моите или на неговите родители ако сакаат такви работи нека си ги платат ќе си ги добијат, јас на трчи - лажи попови пари не давам, менуваат мислења како чорапи
     
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Моите не ме крстиле во црква, ниту ме праќале во недела на вероучилиште, тоа едноставно никогаш не им било тема на муабет. Морам да признаам дека имам голема благодарност што верски не ме индоктринирале. Сето тоа не ме спречува да верувам во Бога, да се молам од срце, и да го одам патот кон Божјото срце, напротив, имам само полза, бидејќи Бог е слобода.

    Истото тоа ќе биде и за моите деца. А ако има навистина искрена љубов меѓу брачните другари тогаш ќе се има и разбирање за ова. Исто така не планирам венчавки во цркви, не ме интересира дали и што има да приговорат роднините и родителите:

    Како прво и прво: Нема да се венчаваат тие :^) туку НИЕ
    како второ: Бог не им дал никогаш и никаде за право да се мешаат во туѓите животи и одлуки
    како трето: Уставот на РМ, законот за верски заедници и религиозни групи и повелбата на ОН гарантираат право сопружниците да одберат дали и како ќе прават околу бракот.

    Крштевањето бебиња и мали деца пред сè не е во ред од духовни причини. Исус од страна на Јован Крстител бил крстен дури како возрасен! Самиот Исус Христос ги има предупредено апостолите најпрвин да подучуваат а дури потоа да крштеваат - тоа го пишува токму во евангелијата низ црковните библии. Не може бебе свесно да се подучи, ниту мали деца. Кога ќе станат возрасни, самите нека одберат дали, колку и на која религија ќе бидат верници!

    Не е во ред ниту правно. Исто така крштевањето бебиња и мали деца е и против уставот на Република Македонија, бидејќи се коси со член 16 и член 19 од уставот, а можеби со уште некои.

    Во Словенија, Хрватска и уште некои земји во ЕУ и низ светот, каде традиционално преовладува христијанско население(протестантско, католичко и тн.) се почесто се зборува кај оние кои биле крстени како деца, за потребата официјално да се истапи од црквата - не затоа што станале неверници, напротив, затоа што станале многу поголеми верници и спонтано им дошла таква духовна потреба да расчистат и правно со црковните институции. Како што има документ кој се издава при крштевање, така може да се добие и документ при истапување од црквата.
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  3. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    Еве дојде време пак да ја посетам темава.

    Ќе се мажам за неколку месеци и нормално со старите само тоа се прави муабет. Маж ми некако прифати дека не сакам да се венчаваме во црка и тоа е решено( не дека он сакаше ама мислеше дека така треба и мора). Кога им кажав на свекорот и свекрвата ми рекоа во ред како сакате вие ние немаме што да кажеме. Ама кога им кажав на моите татко ми мислам дека беше во стање да ме натепа :D

    Ги замолчев на брзина бидејќи седевме во двор да не не слушаат комшиите, и им кажав дека немат право на глас на оваа тема. Иако му го соопштив ова сепак осеќам дека ќе има предавања од нивна страна и во иднина на оваа тема.

    Па драги феминки ќе ви кажам на крајот како завршила приказната :D
     
    На Kaetana и daylight им се допаѓа ова.
  4. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Крстена сум и не се лутам за тоа. Еден ден ме бањале со абрка дабра, за нивна радост, и самиот чин на крштевање не може да ми наметне нешто ако јас еден ден не сакам да го прифатам. Моето христијанско учење и свест за што е тоа, почнува како дете откако веќе плашење со Апото и Баба Рога не вршеше работа, па сум се плашела од семоќниот Бог, дека гледа се што правам и ќе ме казни со лошо ако правам лошо(веронаука без библии и свети писма и што ти знам - 'како Петко знае - така петни деца').

    Му бев благодарна на попот што доаѓаше да свети вода и да ја попрска цела куќа за да ги истера лошите духови, оти тоа значеше дека нема да ми е страв од духови( замислував бели чаршави како летаат низ дома).
    Секоја година ми беше интересно за велигден, не знам тоа се прави ли во други цркви, ама ние стававме цвеќе на една маса во црквата, на која телото на исус на распети петок лежеше, ама никогаш не го видов, можеби од многуте цвеќиња натрупани... и се мушкавме ние под масата, од еден крај на друг, се сопинавме и кикотевме, дечишта!

    Божик, единствениот пат во годината кога јадевме зелник. Изгледа ја мрзело мама да сука друг пат ако не мора, а вака за баднивечер си треба, па сукала жената. Па кесиња со оревчиња, со сушени смокви, портокали... колку сме се радувале! Други времиња беа тоа. Ќе излезевме сите три деца после вечерата и по ред ќе ја земавме секирата да им се закануваме на кокошките дека ќе ги колиме сите до една ако не несат повеќе јајца догодин. Па ке ставеше татко ни жар од шпоретот во една железна лопатка, ќе наронеше темјан и ќе не потчуреше сите по ред, па цела куќа, ајде од соба во соба, а ние трчи по него и викај -бегајте духовиии...а тоа ти беше жив човек да избега од чурлавата! Ова се случуваше секоја година, и тоа се под сценарио како лани, со многу кикотење и крстење,најубавите мемории од детството баш околу овој празник.

    Арно ама, како што растев сите овие традиции по дома, по кои јас го знаев христијанството што е, почнаа да бледнеат и да не се толку интересни. Првин, како станав поголема, поголемите деца веќе не даваа на велигден да се мушкаат под маса во црквата. Стравот од летечки чаршави т.е. лоши духови го немаше и така веќе, и светењето вода повеќе стана напаст отколку благослов, кога наместо да си учам и слушам музика во соба на мира, јас морав да бришам прашина и исправам милјиња додека го чекам попот, а тој буквално ќе ме избањаше со босилекот по глава со светената вода откако јас работев пола саат на „кремчето„ сабајле...па и театарските обичаи на баднивечер не беа веќе со иста занимливост, репете ради реда, колку да не се радувал ѓаволот.

    Откако сум излезена од дома па ич веќе. Амин, што се вели. Мајка ми ме кара секоја година дека не сум месила лепче со паричка, оти јас онака се отепав месејќи преку годината, кога златна пекара имам на дваесет метра од дома. После десет години од мојот брак сеуште инсистира дека јас треба да се венчам во црква, макар што јас немам никаков интерес или потреба за тоа, туку напротив ми е најголемата глупост( со извинење, не сакам никој да навредам, за мене си кажувам што ми значи) и упорна е да ја организира таа венчавка, ќе го прашала таа попот дали маж ми треба да се крсти оти е католик( маж ми не е католик инаку, ама се откажав објаснувајќи за англиската црква), само никако да се договориме за кога да биде големиот евент. :lol: Па некогаш ќе ми се скара како од сите денови баш денес сум нашла да јадам мрсно, а јас поима немам што е празник денес...сепак секогаш некако успеваме да се разбереме без да се испокараме и без јас јасно и гласно да и кажам дека всушност не верувам во никакви богови.
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  5. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    234
    Во руските храмови веќе нема да крштеваат без подготовка. Се претпоставува дека во руските храмови наскоро нема да биде возможно веднаш да се изврши Свето Крштение : за тоа ќе биде потребна претходна подготовка, наречена на црковен јазик “оглашение“. Таа ќе вклучува најмалку две предавања и ќе биде задолжителна за сите возрасни и деца над 12 години. ( повеќе може да прочитате во спојлерот)
    Што мислите за ова? Јас мислам дека е добра идеја,барем кога се крштеваме и венчаваме,да знаеме што всушност значи тоа. Не сум запознаена дали кај нас во храмовите има ваков тип на подготовки,ама мислам дека не е лоша идејата да има нешто вакво и кај нас.
    овој дел посебно ме заинтригира
    Досега праксата покажува дека во случаите кога од оние кои сакаат крштевање им било побарано да го прочитаат Евангелието и да го научат "Оче наш", тие веднаш тргнувале да бараат друг храм или, пак, на свештеникот му нуделе повеќе пари, само да не им го губи времето и силите. Сепак, крштевањето, не е само убав обред, предупредуваат свештениците, туку и завет пред Бога, а за неговото спроведување ќе треба да дадеме одговор.

    Во руските храмови веќе нема да крштеваат без подготовка
    tek.jpgНеодамна беше објавен документот "За религиозно-образовна и катихетска служба при Руската православна црква", пишува рускиот весник "Известија". Овој документ беше подготвен од страна на Меѓусоборното присуство на Руската црква. Се претпоставува дека во руските храмови наскоро нема да биде возможно веднаш да се изврши Свето Крштение : за тоа ќе биде потребна претходна подготовка, наречена на црковен јазик “оглашение“. Таа ќе вклучува најмалку две предавања и ќе биде задолжителна за сите возрасни и деца над 12 години. "Неприфатливо е да се крштаваат луѓе кои не сакаат да се подготват за тоа", се вели во документот. Досега праксата покажува дека во случаите кога од оние кои сакаат крштевање им било побарано да го прочитаат Евангелието и да го научат "Оче наш", тие веднаш тргнувале да бараат друг храм или, пак, на свештеникот му нуделе повеќе пари, само да не им го губи времето и силите. Сепак, крштевањето, не е само убав обред, предупредуваат свештениците, туку и завет пред Бога, а за неговото спроведување ќе треба да дадеме одговор.
    За време на подготовките за крштение свештениците или соработниците на храмот, т.н. катихетици, ќе држат предавања за основите на христијанската вера и моралните квалитети. Тие ќе имаат обврска да прашаат за причините за доаѓањето во црквата и доколку мајката сака да си го крсти бебето, "за да спие подобро и да не боледува", тие ќе треба да и објаснат дека со крштевањето, всушност, мајката се обврзува своето дете да го воспитува во верата. Исто така новообратените во верата ќе сфатат дека од моментот на крштението па натаму за нив библиските заповеди ќе бидат како "правила на однесување".
    Документот на Меѓусоборното присуство предвидува такви предавања и за оние кои сакаат да се венчаат.
    Поглаварот на храмот "Всемилостив Спасител" Александар Илјашенко не е убеден дека две предавања пред крштевањето се доволни - во првите векови на христијанството подготовката траела неколку години. Според него последиците од масовното крштевање на луѓето од постсоветскиот период во црковниот живот, Црквата ги чувствува и ден денес. "80% од населението кај нас велат дека се православни, но од нив само половина веруваат во рајот и пеколот, а во храмот одат едвај 10%. Причината е во тоа што во 90-е години не беше можно да се спроведува катехизација. Ако човек не сфаќа зошто всушност се крштева, тој едвај дали ќе влезе по втор пат во црква ".
    Во Руската црква се надеваат дека благодарение на новите правила, "формалните" христијани ќе станат помалубројни за сметка на совесните членови на Црквата.
    "Никому нема да му биде откажано да се крсти - смирува отец Александар, - но на многумина ќе им биде предложено да го одложат чинот на ова свето таинство и прво да научат нешто за верата. Во документот е утврден еден минимум, но ќе се применува флексибилност. Старецот нема да може да учи напамет молитви , а младиот човек може да нема време за подолги активности. Од тешко болниот нема да се бара претходна подготовка, поради поголемата веројатност за смрт, но по оздравувањето, тој ќе мора исто така да се запознае со основите на верата.
    Пред крштевањето свештеникот е должен да спроведе "покајно-исповеден разговор" со човекот што сака да се крсти. Тоа се уште не е Света тајна исповед, но "ако човекот направил смртен грев, на пример ја изневерувал својата сопруга, тој не смее да биде крстен, сè додека цврсто не вети дека ќе се промени во тој поглед. Ако не е подготвен за таква промена, крштевање ќе мора да почека. Така ако дојде некој со криминално минато, свештеникот не треба да го крштава без претходно покајание ".
    Кумовите на мали деца ќе бидат поканети да се исповедаат и причестат пред крштевањето, бидејќи тие ја преземат одговорноста за крстеното дете.
    Се претпоставува дека по разгледувањето на амандманите (а такви предлози ќе може да деаде секој преку интернет), документот ќе биде примен од Архиерејскиот собор и ќе стане задолжителен за сите храмови на РПЦ.
    “Меѓусоборното присуство“ е комисија создадена од помесниот собор на РПЦ во 2009 година, со цел да го следи спроведувањето на одлуките на соборот во епархијата на Московската Патријаршија. Глава на комисијата е Московскиот и на цела Русија патријарх Кирил.
     
  6. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Венчавањето во црква според мене е избор, но крштавањето мора да го има затоа што не си христијанин ако не се крстиш.
     
  7. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    Како што Бог ја благослови првата фамилија, заповедувајќи им на Адам и Ева да бидат плодни и да се множат, така и Црквата денес го дава својот благослов за соединувањето помеѓу мажот и жената. Бракот не е само природна појава туку и благодатна. Животот во бракот, не помалку од монашкиот, има посебно значење, изнудувајќи посебен дар од Светиот Дух; и дар потврден во Светата Тајна Брак или Венчавање.
    Чинот на Светата Тајна Брак е исполнет со симболизам кој потврдува дека мажот и жената се крунисуваат еден со друг, “и двајцата постануваат едно тело“. Надворешните дејства и изгледот се потврда на духовната реалност на венчавањето.
    Самиот чин се состои од два дела: прстенување и крунисување. Во минатото беше пракса овие два дела да се извршуваат одвоено, така што прстенувањето се извршуваше на веридбата, а крунисувањето на денот на свадбата или венчавањето. Денес тие се извршуваат заедно како една целина.
    Чинот. Венчавањето во Православната Црква е Света Тајна во која мажот и жената пред Христа Бога, пред свештеникот, пред нивните блиски и пријатели свечено се заветуваат за верност еден кон друг. Нивната заедница е благословена од Христа Бога преку Црквата и Божјата благодат се дава за нивниот заеднички живот.
    Чинот венчавање е исполнет со ритуали и симболизми. Секој акт и движење, кое свечено го исполнува при венчавањето, има посебно значење.
    Чинот прстенување.
    Од најстаро време прстените се симбол на брачност. Тие се симбол на богатство и великодушност. Невестата и момчето ги сменуваат прстените три пати, во чест на Света Троица, симболизирајќи дека во бракот нивните дарби, таленти и великодушност, ќе ги делат еден со друг.
    Во Православната Црква прстените се ставаат на десната рака, затоа што десната рака традиционално е симбол на сила и почит. Повторно, ова ни покажува дека партнерите во нивниот живот, ќе ја делат нивната сила и таленти. По нивна воља тие постануваат едно тело. Сменувањето на прстените ја симболизира нераскинливата врсла во Христијанскиот брак. Свештеникот ги благословува прстените земајќи ги во својата рака, прави крст над раката на невестата и момчето и вели: “Се прстенува божјото чедо (името) за Божјото чедо (името) во името на Отецот и Синот и Светиот Дух“. Потоа кумот ги менува прстените три пати земјаќи го прстенот на момчето со десната рака над својата лева рака, а со левата рака го зема прстенот на невестата и прави крст. Ова означува тоа дека недостатоците на еден од брачниците ќе бидат доплонувани со силата на другиот. Менувањето на прстените ни дава до знаење дека двајцата сопружници во бракот постојано ќе се дополнуваат еден со друг и ја означува моќта на нивната заедница.
    Чинот венчавање.
    Кумот ги држи свеќите за време на целата служба. Свеќите ја симболизираат светлината на надежта и будноста и духовната подготвеност на брачниците да го примат Христа во нивниот дом и во нивниот брачен живот, Кој, пак, таинствено ќе ги благослови.
    Соединување на десните раце: Свештеникот им ги соединува десните раце на невестата и момчето и потоа чита молитва во која го моли Бога “да ги здружи Божјите чеда, да ги соедини во една мисла и едно тело“. Рацете остануваат здружени за време на целата служба симболизирајќи го “единството“ на брачниците.
    Крунисување. Круните се знак на слава и чест. Тоа е централниот дел во чинот венчавање. Невестата и момчето ќе бидат крунисани како крал и кралица во нивното “царство“, во семејството – на кое Црквата гледа како на “мало царство“ Божјо. Домот што ќе го осниваат ќе го управуваат заедно мудро
    и праведно. Свештеникот ги подига круните и вели: “Божјото чедо (името на момчето) и Божјото чедо (името на невестата) се венчаваат во името на Оца и Сина и Светиот Дух. Амин. Потоа кумот ги менува круните три пати во името на Света Троица.
    Заедничката чаша. Заедничката чаша претставува меѓусебното делење на радоста и жалоста како знак на потполно хармонично живеење. Пиењето на вино од заедничката чаша означува тоа дека од овој момент брачниците ќе делат се заедно во животот.
    Вртењето околу масата. Свештеникот ги води младенците околу масата на која стојат: Светото Евангелие (кое го содржи зборот Божји) и светиот Крст (симбол на страдањето преку Христа).
    Ова се, весушност, првите нивни заеднички чекори како маж и жена и Црквата, преку свештеникот, ги води венчаните брачници во нивниот заеднички животен правец пред очите Божји. Прифаќањето на христијанскиот начин на живеење е најдобриот пат во животот во кој е Христос Господ.
    Благословување. Невестата и момчето застануваат повторно на нивните места и свештеникот ги благословува со посебна молитва. Потоа свештеникот ги симнува венците од главите на нововенчаните и тоа е крајот на чинот венчавање.
    Венчални икони. Во Македонската православна традиција мажот и жената се претставени со две икони, една на Господ Исус Христос и другата на Мајката Божја. Овие икони служат за потсетување на младенците за даденото ветување пред Бога, и постануваат центар во нивната семејна молитва.
     
  8. Stefaniya

    Stefaniya Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    70
    Крстена сум и мило ми е.Не би сакала за ништо да го пропуштам венчавањето во црква,пред Бога и кршетавањето на моето дете без разлика дали мојот маж го прифаќа тоа или не.На детето нема да му навалувам со секакви приказни но ќе се потрудам да го направам прав Христијанин и да верувам во тоа што верувам и јас,ќе му раскажувам се што знам а подоцна тоа само нека одлучи дали јас му ја кажувам вистината и дали е вредно да се верува во тоа.
     
  9. Bo-Bae

    Bo-Bae Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    Мислев дека само јас вака размислувам затоа што ниедна од моите другарки не се согласи со мене.
    Крстена сум, го почитувам Бог, одам во црква кога можам, не само на празници, но сепак сметам дека треба да детето да му се остави можност да избере на која вера ќе се поклонува.
    Не сум против браковите во кои сопружниците се од различни вери. И јас велам дека Бог е еден, само ние луѓето сме му дале различни имиња.
    Не би се венчала во црква затоа што тоа значи да се ЗАКОЛНЕШ на вечна љубов, да ветиш дека засекогаш ќе останеш со некој. А како би можела да ветам нешто за кое не сум единствено јас одговорна за да се исполни?? Мислам дека венчавањето во црква повеќе го гледаат адет, се венчаваат во црква „затоа што така прават сите“, не дека многу размислуваат што тоа всушност значи. Би сакала да се венчам на некоја годишница од брак, кога веќе поминало многу време и веќе сум сигурна дека ќе сум со него до крајот на животот. Ако не друго, затоа што не ни останало уште многу до крајот :lol:
     
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.075
    Познавам луѓе кои не се венчани во црква,нити децата им се крстени.Така да сметам дека е право на избор а не наметнување.Мене на пример чинот на венчавање во црква ми беше посебен :)
     
  11. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно избор,зависи од тоа како си воспитан и што сакаш за себе.
     
  12. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Јас сум крстена уште како бебе, а не сум верник.
    Малку ми е нејасно сето тоа, мислам дека секој треба да си бира сам за себе, вака му доаѓа како наметнување на верата. Би сакала да ми беше оставен избор, затоа дефинитивно сум за тоа човек сам да одлучи за тоа, на малку поголема возраст.
    За венчавањето во црква имам исто мислење, секој да си тера како што мисли дека е правилно, а не како што налагаат некои други.
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  13. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    27
    Не се венчавам во црква, ниту ќе правам крштевки во цркава. Ќе идеме сами со момчето ќе си кажеме по едно да и готово!
     
  14. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Воопшто не сум загреана за венчавки во црква, ниту за крштевање деца (кога би ги имала во иднина). Тоа би го направила само ако партнерот навистина го сака тоа, па нели за негов атер.
    Не сакам затоа што немам воопшто верба во црквата како институција, зашто сите тие религиозни чинови ги искомерцијализираа до бескрај што дури и оние кои се венчаваат абер немаат зошто се венчаваат и го прават тоа зашто било модерно. Плус, зеле наплаќаат за крштевка или венчавка чиниш уплаќаш за курс по шпански или обука за сметководствен работник. :puke:
     
  15. Nice.girl

    Nice.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да се изјаснам на темава :).Крстена сум во црква, ама венчавка нема да правам во црква затоа што јас не сакам, а вереникот некако се согласи со тоа дека несакам во црква да се венчам, моите не се бунат многу многу, а мислам дека венчавката во црква во денешно време е еден вид помодарство и се изгуби вистинската вредност .
    Но сепак ќе кажам секој за себе си знае најубаво и си прави како му одговара.А моето дете здравје, планирам да го крстам во црква за да стане христијанин.
     
  16. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    ако родителите не се венчани во црква мислам де значи дека и децата нема да можат да се крстат. ј проверете си убаво најс гирл...
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  17. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Јас сум крстен а целата фама околу религијата ми е шега ипол и секогаш отворено си го кажувам тоа.
    Се чувствувам и дека ми е наметната религијата, како што всушност е наметната на мнозинството Христијани, во овој случај. Кој бил реално оставен сам да си бира?

    И ми се повраќа кога некој дома ќе се прекрсти или ќе завлечка некој верски календар и ќе го опне на ѕид.

    За мене е неприфатливо и несватливо како може некој да ти наметне нешто кое ни самиот не го разбира! Луѓето не можат да го објаснат тоа, не знаат што е ТОА. прашај нешто и веднаш ќе ти изрецитираат или парафразираат нешто од Библијата. Е ок, ама што е тоа? Не знае, ама ќе те гледа како девијант ако не го делиш неговото мислење.
    И ако набиеш некого во ќоше, може и да ти кажат дека Господ гледа се и дека казнува...
    Ахаамм, еве ги заканите и стравот.

    Религијата, а со тоа и Црквата со своите самоназначени посредници на Земјата, диктираат исклучување на разумот и слепа верба. НЕ ПРАШУВАЈ! НЕ ДИГАЈ ПРАШИНА! За вакви зборови пред 500 години луѓе гореле на клада, а да може црквата да ги врати тие времиња, ќе ги врати уште денес поручек.

    И не очекувам пријатни реакции од мојата сопруга еден ден, или од нејзината фамилија кога ќе им кажам "А наместо да нахраниме 150 човека што не ми значат ништо во животот и да оставиме еден куп пари на тие брадите во црквата...што велиш да одиме во Јужна Франција?"

    Шеги се сите тие традиции, психичко ропство од памтивек и ретко кој сака да се спротивстави баш поради притисоци од околината. Никој не сака да крши мраз. Терај како што тераат сите.

    Е како венчавка без Црква? Ете така фино лепо, шарено. Никој нема да ми наметнува прикаска стара 2,000 години кој никој не ја докажал и никој не ја разбира.

    Ова отиде и оф топик бидејќи е неминовно поврзано со религијата. Хистеријанство.
     
    На the.one, do-re-mi, Oxymoron и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Nice.girl

    Nice.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Се распрашав и ми рекоа дека може, а и знам дека може затоа што мои пријатели кои живеат вонбрачно кога им се роди детето го крстеа во црква, така да нема везе тоа дали си венчан или не, па порано пред 25 год. кога моите правеле венчавка немало тоа венчавање во црква, туку само матично и толку, па еве јас сум крстена во црква.Изгледа црквата сама си измислува свои канонски закони како и одговара.
     
  19. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    768
    Пол:
    Женски
    Моите кога се земале и правеле свадба, за време на комунизмот,венчавки во црква биле забранети.Поготово дедо ми, тежок комунист, не сакал ни да чуе за црква.Така мајка ми и ден денес не е крстена, но си оди во црква.Јас како бебе сум крстена, исто и мм, а правевме и венчавка во црква.
     
  20. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Јас сум крстена и искрено многу ми е мило што го сториле тоа моите родители. Кршетвањето не го сметам за наметување ниту се чувствува дека со кршетавњето ми е наметната религијата, ова е мој избор. За венчавање во црква сум и сакам да го сторам тоа кога ќе дојде моментот.
    Сега ќе бидам офтопик но во оваа тема се опфатени само венчавањето и крштевањето, што е со останатите работи што согласно настаните во животот согласно религијата треба да се извршат, како на пример одење во црква, молитва за здравеј и друго, опело при закоп, и овие работи ги сметате за наметнати.