Па сеедно ми е за венчавање во црква. Тоа е само фрлање на пари. А и што со тоа поголеми верници стануваат луѓето или па бракот подобар ќе биде. Па нели во црква не се влегува со голи раце, грб. Па невестите со голи гради, грб и раце, а некои и со полуголи нозе влегуваат. Не ми е нешто посебно. Јас лично би поминала само со едно матично, ама си сакам од утре убаво да живеам, да имам стабилен брак, а тоа со поп или без поп, исто ми е. Мислам дека христијанството не дозволува бремена жена да се венча, демек на тој начин се венчаат тројца, па ете колку невести трудни се венчаат. Значи за пари се се прави.
макиде јас ја отворив темата за овие две работи бидејќи сметам дека се двете работи што сите луѓе ги прават бидејќи така им се налага од општеството, крштевањето бидејќи бебињата немаат право на избор и венчавањето како еден од најважниот момент во животот и е еден вид на нормална работа. одењето во црква молитвата итн се право на избор. ти можеш да бидеш верник но да не правиш ништо од ова. се надевам дека сум јасна.
Не ја сфати понетата на тоа што го напишав , препрочитај го уште еднаш има работи кои се прават кога луѓето како и бебињата немаат избор, наведов еден таков пример не сакам многу да дискутирам за тоа затоа и не напишав многу опширно.
Не сметам дека е наметнување бидејки не е морално тоа е избор на секој поединец и желба кој сака да си ги крсти своите бебиња ке ги крсти кој несака не,и кога ке пораснат ке си се крстат сами.Јас сум крстена и моите деца ке бидат кратени едното веке е а помалото сеуште не е,а во скоро време планирам и тоа да го крстам.За венчавките го имам истото мислење иако многу сакав да се венчам во црква ете кога се земавме не бевме во можност.Едино што ми смета во оваа работа е цената значи венчавките се усвет во таван со цените.
Секој има свое мислење на оваа тема, и според мене секој лично одлучува за ова, дали од религиски аспект, дали од тоа што е желба на некој во семејството и сл. Венчавањето во црква не е ништо друго, туку како што велат стари, тоа е да се даде еден благослов од Бога, она што е најважно е регистрацијата во матично, само со неа се потврдува дека личноста стапила во брак. Е сега премногу ми е увеличувањето кога некој ќе слушнам како бараат место да се венчале во овој или во оној манастир, па со овој или оној поп и сл. Не ги осудувам оние кои не ја сакаат оваа церемонија и не мислам дека не се верници, сметам дека секој има право на свој избор и да одлучува за себе.
Во врска со темава го кажав моето мислење на стр.9 следново е оф топик: Внимавајте на употреба на овој збор, многумина грешат - морално нема врска со задолжително. Треба да се прави разлика меѓу тие два збора. на пр. еден спортски тим може да има висок или низок морал, или коцкањето и пијанчењето се сметаат за неморално однесување, божјите пророци повикувале на следење на повисока етика и морал а го критикувале неморалот на свештениците и тн. Основното училиште може да биде морално или неморално(на пр. децата шмркаат кокаин со наставниците) но по закон посетувањето основно училиште е задолжително.
За крштевање би крстила дете секако, некако ми е чудно нели да не е крстено. Ама со венчавките, тотално некако е за пари. Колку се дава 100 евра изгледа. А нели убавите работи во црква се прават како крштевака, венчавање до 12 часот, па зошто венчаваат поповите во 4 попладне, нели човек мртов се чати попладне. Има разлика во обредите, се што е за убаво се прави пред 12, а другото е попладне. Па и верник кога оди да пали свеќа оди наутро, не во 5 попладне. Тоа е се за пари и поповите можам да кажам најмалку ја почитуваат верата. Сум, видела поп се шета по шорцеви и бела долна маица на манастир каде е ктитор.
Јас лично сум крстена уште како бебе, секогаш дома ме учеле да верувам во Господ ... ама јас не сум некој верник, порано одев во црква за некој празник со моите, ама има две три години не сум била и не чувствувам потреба да одам. А венчавката во црква или во матично не ми значи, мислам дека е поважно двајцата да се сакаат а дали се венчани од страна на матичар, поп или оџа воопшто не е битно. И јас сум видела исто или пак и поп седнал во кафана, пие а пејачката се качила на маса да му игра. Ма ич не верувам во нив
Јас не сум венчана во црква али не значи дека не си ја сакам и почитувам верата,тоа е моја одлука и сметам секој има право на избор според свои согледувања на работите,секој одговара са сопствените постапки,секој треба да има свое јас а не да постапува како некој ке наметне
Венчавка во црква чини 1500 денари а тие истите се делат на 3 дела, кумот, родителите на момчето и на невестата, значи сите од џеб треба да дадат по 500 денари и со оглед на сите други трошкови тоа многу е???? Е сега ако сакаат 3,5,7 попови да ги венчаат тој аздис екстра ќе си го платат, никој не прашал за цена а сите се запнале џабе фрлени пари, прочитав и дека со тие пари на меден месец можело да се оди Во ред е кој не сака да се венча во црква или да си го крсти детето ама аман веќе со парите, и за крштевка толку чини 1500 денари, не е 150.000
Реков дека со севкупните пари за класична свадба може да се оди на солиден меден месец, а јужна Франција беше спомната само како предлог дестинација. Дури и да е поскапо да се оди таму, сепак вреди. Не сум експерт за организирање свадби, ама не сум ни вчера испилен па да мислам дека со црковните трошоци ќе излезеш воопшто од државата.
^My apologies Погрешно сум прочитала, ми падна смешно дека со парите од венчавка можело да се оди на меден месец, за сите трошкови околу свадбата да, можеш и на Малдивите да одиш, во право си. Јас во црква не сум венчана, мажена сум за католик а за венчавка во црква треба и двајцата да бидеме православни ама син ми го крстев во православна црква. Притисок никаков немав од околината, впрочем нема ниеден во мојата околина што е православен, така сакав јас а бидејќи јас сум одговорна за него до 18 години, мое право е и да го крстам, кога ќе порасне ако не сака не мора ни да оди во црква ни да верува негово право. А дека некое злодело сум направила затоа што е крстен на 40 дена без негово одобрение тоа не може никој да ме убеди, и јас сум крстена и мое било дали ќе бидам верник или не, јас си ја продолжувам само семејната традиција.
Јас верата си ја почитувам ама поповите не заслужиле некоја голема доверба затоа што први ги кршат правилата. За крстење секако , некако не ми оди дете некрстено да седи. Мои комшии кумот плату 2000, дедото 2000 и свекорот 2000 ден. Е сега колку попови биле не знам.
И да се работи за 50 денари, вистинскиот проблем е: ЗОШТО ВООПШТО ДА СЕ ПЛАЌА? Нели тоа треба да биде еден свет чин извршен од страна на свештено лице кое треба да ја понуди својата добра волја за да го изврши тој чин, а не да вади ценовник од џеб?! Велите - па тоа се само 1500 денари! За некого тоа е премногу, верувајте. Ќе речете - а за да ги соберат сите роднини спремни се и кредит да земат! Поарно да ги дадам парите на јадење и музика, бар ќе знам дека сум ги изела, испила и ми се направил мерак на душа.
Јас сум крстен а и момЧето ми е крстено не се венцавме во црква бидејки попот не изигра прво бесе ок после испадна биле пости и останавме невенцани а и двете децинња си ги крстев е сега не ми е јасно еве слусам од народот како мозело децата да ги крстат а родителите да не се венцани и малку ме замислува фактот бидејки ние не сме венЧани а децињата истиот поп ги крсти
Добро бре луѓе одма почнавте за то дека е многу скапо. Па и поповите треба да јадат нешто, и тие треба да гледат фамилија. Да, можеби некој не можи да си дозволи да плати толку за венчавка во црква ама разберете дека не плаќате само вие, туку сите шо се венчавале во црква платиле. Ако толку не ви се дават пари тогаш не се венчавајте во црква, а не да кудите по поповите дека се алчни, себични и незнам какви. Јас сум крстена и сум верник. А во врска со венчавањето, тие шо не се венчани и имаат деца мене ми се како нивните деца да се вонбрачни (ве молам без навреди). Ако не е одобрен бракот од Господ тогаш зошто воопшто склопувате брак?? Мене бракот на лист хартија ништо не ми значи. Тој лист можи кога сака да се скини. Ќе се потпишат двајцата шо се земат и шо?? Сеа во брак се?? Не. Кога јас ќе правам свадба би сакала да одам и да се венчам во црква, пред Господ. И после то ќе потпишам лист хартија дека сум во брак. И кога ќе имам деца прво ќе ги крстам. И ќе ги учам како мене шо ме учеле и ме вовеле во христијанската вера. Па после во шо сакат нека верват тие. Но во никој случај нема да дозволам да станат будисти, муслимани или протестанти. Во никој случај. Ако сакат можат да се земат со католик или припадник на друга вера. Но тие да ја сменат својата вера тоа никако. Поздрав
Црквата е поврзана со бизниси и политиката, поповите и други ранкови земаат тешки ТЕШКИ пари во донации секоја година и колку што ми е познато, тие не слушнале за даноци. Од пари во главно не се скратени. Дури и ако зборуваме за тие поскромните локални попови, не ми е јасно зошто патот до Господ треба да поминува низ пари. А значи ако поповите имате фамилија за гледање, и влегле во таа бранша, значи тоа е нивната професија? Професија? Профи Поп? Тоа што ти ќе бидеш крстена ПРЕД БОГА, попот ќе ти отпее некои едвај разбирливи стихови и ќе те испрска со вода, во ниеден случај не ти гарантира било каква среќа или стабилност во бракот. Тоа што твоите деца ќе имаат венчани, од Господ допрени родители во Неговиот вечен дом, во ниту еден случај не гарантира дека тие ќе израснат во добро воспитани, добро образовани млади луѓе со силни морални вредности. А зарем Хистеријанството не проповеда дека Господ е во сите луѓе, во природата, во воздухот, во водата...и сега наеднаш потребни се посредници? It's getting too confusing... Едноставно види ги статистиките, види ја денешната младина. А ти од бебиња практично ќе ги воспиташ (читај: ќе им наметнеш) со Христијанската вера, а после тие нека веруваат во што сакаат, само не смеат да станат Муслимани, Будисти или протестанти. ^ Еве ти ја сепаратистичката религија која прави непријатели и создава нетолеранција меѓу луѓето. Ова не го сватив јас лично како навреда, ама вакви аргументи кои сами се рушат врз себе ќе добијат реплика. И масивен оффтопик... Он топик: Секој има законско право да верува во што сака, еве јас од денес ќе верувам во мојот мачор Лавович, но наметнувањето на систем на вредности испреплетен со закани и страв кој и самите родители не го разбираат, е неопростиво. Покосувањето на изборот уште во старт, на новородено човечко битие е неопростиво.
Јас мислам дека претерано е ова. На свадба значи сите даваат по 1500, свекорот, дедото, кумот и старосватот за само 10 минути зборење. Тоа вкупно е 6000 . Како и да е ај добро за ова, но што да се каже за кршетавање... Како можат и за тоа за зимаат пари. Во католичка црква не бараат пари, ни 50 денари. Што е многу, многу е.
Ние не сме венчани во црква . Маж ми е еванглеист и требаше во таа црква и да се венчаме . детево планирам во православна црква да си го крстам , здравје на првиот роденден и крштевка ке истераме
Малку офтопик ама да прашам, оние кои се венчале во црква - може ли прво во црква да се венчаш па после во матично или мора ПРВО матично да се биде регистриран, па потоа во црква?