1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Венчаница порачана преку интернет

Дискусија во 'Свадба' започната од blondini, 6 февруари 2011.

  1. blondini

    blondini Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    10
    Венчаница порачана преку интернет!Озбилно размислувам за оваа опција,има многу убави и ефтини фустани,има над 13 000 модели. Цената се движи од 50 долари,па натаму...Дури има и беплатен транспорт од некои компании за Македонија,има и custom made,меѓутоа....што доколку нема да е иста како на сликата?Ве молам доколку има некоја од вас која знаес нешто,пишете....Однапред ви благодарам! :sweat: :worried:


    http://www.aliexpress.com/product-g...g-dress-wedding-gown-on-sale-wholesalers.html

    http://www.alibaba.com/product-gs/404393699/2011_champange_princess_wedding_dress.html
     
  2. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Јас сум XXL и гардеробата ја нарачувам преку интернет. Кај нас да се најде број 48-50 а парчето да не е ко за баба ми е научна фантастика. Моето искуство е позитивно во повекето случаи ама нарачувам од две продавници каде што си ги знам броевите. Меѓутоа, има различни кроеви, пример некои кошули се повеке струкирани, некои се прави. Или матријалот од кој е изработено парчето, како опис стои памук меѓутоа може да е најтенка провидна памучна блуза до блуза која е за -15.
    Во повекето случаи има детален опис па е полесно да одредам кој број ми треба, меѓута ми се случило и да ми пристигне пратка па мајка ми да има среќа бидејки е поситна од мене :) А кога ке пристигне пратката, иде на аеродром па мораш да ангажираш шпедиција која чини минимум 3000 денари, лежарина околу 1500 денари, царина 15% за текстил па ДДВ 18% на целата сума вклучувајки го транспортот и 15те проценти царина. Уште да не заборавам, вредноста која е дозволена да се внесе за да не се наплати царина е 45Е.
    Значи ако фустан со транспорт го платиш 6000 денари, кај нас ке те чини:
    6000 фустан
    900 15% царина
    1242 18% ддв
    3000 шпедиција
    1500 лежарина
    ------------
    12642 денари


    Повекето од продавниците вршат замена без проблем, ама откако ке ги платиш сите овие давачки, па уште транспотр назад до Америка, нема смисол.... Со искуствата што ги имам, јас конкретно венчаница не би нарачала преку интернет.
     
  3. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    За истата , истата ќе е . Што не ја шиеш според сликата ? Не ти е така полесно ? :wasntme:
     
  4. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Само што го отворив сајтот Али експрес. Испраќаат пратки до Сао Томе и Принципе и Гвајана ама не и до Македонија. Во какво слепо црево живееме....
     
  5. SweetCandy

    SweetCandy Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    20
    Моја пријателка,така да ја наречам баш пред некој ден си бараше венчаници преку интернет.Најде една рече ќе ја порача,мислам дека и излегуваше околу 10000 денари цената.Незнам дали ќе биде сигурно таа што рече,можеби ќе и се допадне некоја друга,но знам дека е сигурна дека ќе нарачува преку интернет.
     
  6. blondini

    blondini Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    10
    Девојки ви благодарам,сакав да слушнам и други мислења,се уште незнам,имам време,ќе одам сега скоро и надвор од Мк,на подолг период,па можеби од таму ќе порачам,доколку одлучам!
    ќе те замолам да ми кажеш што ќе направи пријателката,фала ти однапред,кисс :*
     
  7. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Јас незнам дали би те советувала да порачаш венчаница, сепак тоа е венчаница а од број до број има разлика и од градба до градба има разлика така да незнам каква ти е градбата но сепак ризик е. А зошто не си ја сошиеш истата?
     
  8. mkgirl

    mkgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    8
    Јас бев речиси решена да ја порачам венчаницата преку интернет, но кога разгледав подобро многу од ефтините online бутици се кинески и само прават копии на фустаните од сликите (сликите не се нивни). Притоа материјалот којшто го користат не секогаш одговара на тој на сликата и никогаш не се знае каква ќе испадне венчаницата.
    Мислам дека најмногу зависи од тоа од кој сајт се порачува.
     
  9. Lilitka

    Lilitka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    38
    Јас ја порачав својата венчаница на интернет од Кина, и добив совршен фустан, идентичен како на сликата и го платив 100 евра(фустанот го шиеа по мерки кои што им ги пратив и го чекав 33 дена). Искрено тоа го направив заради тоа што се чувствувам маку како кретен заради тоа што бутиците за венчаници во нашава земја играат на таа карта дека кога се прави свадба не се штеди па не прават идијоти и ни земаат по 500 евра за фустан кој реално не вреди повеќе од 100. Само заради тоа што сме коркачка нација, и секогаш мислиме дека некој од Кина или некоја многу посериозна земја ќе не заебе ќе продолжиме да им дозволуваме да не заебаваат нашите, така помалку боли.

    Сите тие произведувачи на интернет не би го ризикувале својот бизнис со тоа што ќе ти пратат лош фустан заради тоа што ако нешто не е како што треба мораат да ти ги вратат парите, и од кога ќе ти ги вратат ти имаш право да им оставиш негативен фидбек, што за нив е најстрашната работа што може да им се случи. Јас кога решив да го порачам својот фустан, сфатив дека хрватиците и србинките се многу похрабри од нас и го имаат тоа провалено уште пред 3 години и порачуваат фустани и до сега (ги прочитав сите искуства по сите форуми) не се случило на некоја девојка да не и стаса фустанот или пак да не и стои совршено кога ќе го добие.

    Па сега вие видете. Можете да продолжите да ги богатите нашите квазидизајнери на венчаници кои што исто така како кинезите прават копии на нечии модели, и купуваат материјали на битпазар а викаат дека ги увезуваат од Италија, или пак можете да бидете малку попаметни и похрабри и да го добиете тоа што го сакате за многу помалку пари и многу поквалитетно од тоа што го добивате тука.

    п.с. Целиот извоз на свила во светот доаѓа од Кина, на кинезите им е поскапо да ти стават некоја синтетика. И плус на сајтот има 350 000 модели на фустани, не постои девојка која што нема да успее да го најде својот фустан.
     
    На sirena4 и ANGEL1 им се допаѓа ова.
  10. MrsH

    MrsH Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    133
    За да се избегнат тие шпедициски трошоци тие истите кинески компании продаваат и преку EBAY, па ти го шијат фустанот според димензиите што ке им ги дадеш и ти го испракаат на домашна адреса.
     
  11. delvi

    delvi Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    1.346
    Пол:
    Женски
    а од која интернет страна ја порача..
     
  12. Lilitka

    Lilitka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    38
    www.dhgate.com ова е сајтот и на истиот треба да надете продавач кој доставува до Македонија на свој трошок
     
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    голем ризик е било што да се нарачува преку нет (за облека), а поготово нешто што е special за одредена дата - ова е мое мислење, јас не би се осудила да нарачамвенчаница преку нет
     
  14. dubravce

    dubravce Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    zdravo na site, prv pat pisuvam na forumov, blagodarnost do Lilitka za adresata kade da najdam vencanica. Jas naracav i sega ja cekam da stigne. Navistina ima ogromen izbor. Cenata do sea e $195, ke vidam kolku vkupno ke ispadne koga ke mi ja donesat (DHL).
    Pozdrav do site i ke go spodelam svoeto iskustvo koga ke ja dobijam vencanicata
     
  15. blubell

    blubell Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    13
    И јас гледав и навистина има убави, си бендисав 2 :$

    Само нека споделни некој искуство сто нарацал и го добил фустанот, да ни каже за квалитетот, дали се исти како што ке нарачаш..или...

    Чекаме искуства , па да навалиме :)
     

    Прикачени фајлови:

    • blu.jpg
      blu.jpg
      Големина на фајлот:
      17,7 KB
      Прегледи:
      627
    • bell.jpg
      bell.jpg
      Големина на фајлот:
      29,2 KB
      Прегледи:
      626
    • blu1.jpg
      blu1.jpg
      Големина на фајлот:
      16,1 KB
      Прегледи:
      626
    • bell1.jpg
      bell1.jpg
      Големина на фајлот:
      30,1 KB
      Прегледи:
      625
  16. Lilitka

    Lilitka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    38
    јас можам да кажам дека мојата е поубава од што беше на сликата, и целата е свилена, материјалите се одлични. можам само да те охрабрам ако си решена да порачуваш, само да знаеш дека нема да ја добиеш и кринолината, ќе мора да си сошиеш или да купиш или изнајмиш тука.
     
  17. Lilitka

    Lilitka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    38

    супер што си порачала, нема да имаш дополнителен трошок освен можеби на царина ама оди таму и малку напни дека ти е венчаница и нема да ти наплатат царина, ако треба било што пиши јас сум тука. ;)
     
  18. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Бидејки имам искуство со нарачување преку интернет, да ви кажам да не се залажувате дека можете да избегнете царина и ддв, посебно ако пратката ви пристигнува со DHL, FedEx, UPS, TNT, т.е. на аеродром. Многу се заострени контролите и секоја пратка што е со вредност над 45 евра вклучувајки го и транспортот, се царини.

    Сметајте на 15% царина од вредноста на пратката и 18% ддв на збирната сума пратка + царина. Се плаќа и лежарина преку 1000 денари (не се сеќавам точно колку беше) доколку пакетот го подигнете во првите 7 дена, после од ден се зголемува сумата. Цреша на шлагот се шпедитерски трошоци кој беа околу 2000 денари.

    Во случај да пакетот е испратен по регуларна пошта, ке платите 15% царина, 18% ддв на збирната сума од вредноста и царината и поштарина околу 200 денари.
     
  19. Lilitka

    Lilitka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    38
    јас платив само 1000 денари лежарина затоа што сама отидов да си ја подигнам пратката од аеродром, ми стаса преку FedEx. Ми се јавија кога беше стигната пратката и ме прашаа дали сакам они да ги извршат шпедитерските работи или сама ќе го направам тоа и јас го направив тоа сама и не платив за истото. А дали ќе ти наплатат царина зависи само од тоа како е расположен цариникот дента, значи се работи за среќа.
     
  20. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Не би се нафатила да нарачам венчаница преку интернет. Точно е дека може да се најдат поефтини во однос на таа што би ја шиеле во земајава, ама од каде сте сигурни дека ќе ви стои како што треба. Сите сме различно градени, а тие конфекциски броеви се универзални. Дури и по мерка да ви ја прават не е тоа тоа како кога ќе отидеш на проба во бутик