1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вербална закана

Дискусија во 'Правни совети' започната од genkisi, 20 октомври 2014.

  1. genkisi

    genkisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Со татко ми и брат ми живееме во исти двор и иста куќа но со посебни влезови(судски делени).
    Мајка ми е почината пред 11 год а тој се прежени пред 6 год.
    Неколку години наназад ни упатува вербални закани(ќе ве отепам,крв ќе блика),не колне а некогаш и се заканува со предмети во рацете.Ние до сега некако го толериравме но повеќе не можеме.Дали вербалната закана може да се третира како кривично дело и каде да побараме заштита.
    Инаку е тој во години и затоа не преземавме ништо но не се издржува повеќе.Ве молам за совет.
     
  2. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Тоа ти е закана.

    Можеш да го пријавиш во полиција бидејки ти се заканува.
    Веројатно ке ти вараат докази тогаш прашај во полиција дали можеш да поставиш камера или со телефон да го снимиш како ви се заканува бидејки тој после може да покрене постапка дека му ја нарушувате приватноста !
     
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Да закана е. Но, мислам дека може да се третира и како семејно насилство. Се зависи од тоа колку години имате. Пријавете го со докази со рацете, без тоа не можете ништо да сторите. Они можат да го опоменат само без докази, а тоа уште повеќе ќе ви ја зголеми маката со него.
     
  4. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Колку што разбрав од таткото се заканите?
    Еве што може да послужи како доказ ако се поведе кривична постапка, покрај ова може и со сведоци.
    5. Снимка и електронски доказ
    Член 250
    Докажување со снимка
    (1) Фотографии, филмови или други аудио или визуелни снимки добиени со
    технички средства може да служат како доказ во кривичната постапка.

    (2) Во однос на снимката се постапува како и со другите предмети кои можат да
    се употребат како доказ, водејќи сметка да не се оштети или уништи и да се
    сочува нејзината содржина во неизменет облик. По потреба ќе се преземат
    потребни мерки за да се зачува снимката во неизменет облик или да се изработи
    нејзина копија.
    (3) Доколку поинаку не е пропишано со овој закон, содржината на снимката се
    утврдува со нејзино репродуцирање. Снимката ја репродуцираат стручни лица.
    Не можам да го најдам спојлерот.
    Треба да го пријавите во полиција, а полицијата да поднесе пријава за кривична постапка. Или пак ке се води како нарушување на јавен ред и мир и ќе добие соодветна парична казна.
    Е сега колку со сигурност тоа ќе биде прашање е. Единствено ако во моментот на вербалните закани се наоѓа овластено лице тогаш не со сигурност ама ќе биде.Сепак мислам ека ќе се поведе само постапка за нарушување на јавен ред и мир. И уште ова а напоменам приватно после неколку пријави во полиција самите можете да си поведете кривична постапка.
    Ова се третира како семејно насилство „Семејно насилство (семејно малтретирање, малтретирање на брачниот другар или насилство врз интимниот партнер)“ Во истово спаѓаат и децата.
     
    Последна измена: 31 октомври 2014
  5. bad girl

    bad girl Нов член

    Се зачлени на:
    2 септември 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ве молам за краток одговор-што судот признава како доказ на суд? Смс, е-маил, аудио/видео снимка?