би сакала да ни се изграфирани имињата-најчесто тоа го прават бесплатно онаму од каде што ќе се земат прстените/бурмите
Почитав една интересна сторија за значењето на носење на бурмата, па да ја споделам со вас Дали знаете зошто бурмите се носат на до малиот прст? Гордите младенци речиси во сите култури на венчалната церемонија си разменуваат прстени такашто и едниот и другиот ги ставаат на прстот до малиот прст.Меѓутоа, малкумина знаат зошто е тоа така. Старите Египќани веруваат дека една вена од овој прст води до срцето, додека пак сруги сметаат дека на прстот до малиот прст бурмата најмалку пречи. Сепак една кинеска легенда нуди едно симпатично објаснување. - Палците ги претставуваат родителите. - Показалците ги претставуваат вашите браќа и сестри. - Прстите во средина ве претставуваат вас. - Малите прсти ги претставуваат децата. Спојте ги рацете дланка на дланка, на начинот кој е прикажан на фотографијата. Обидете се да ги раздвоите палците (родителите). Се раздвојуваат, бидејќи тие не би требало да живеат со вас вечно. Потоа повторно спојте ги. Обидете се да ги раздвоите показалците (браќа и сестри). Се раздвојуваат бидејќи тие одат по својот животен пат. Потоа повторно спојте ги. Обидете се да ги раздвоите малите прсти (децата). Се раздвојуваат бидејќи и децата растат и си одат. Потоа повторно спојте ги. Конечно за крај, обидете се да ги раздвоите прстите до малите прсти (љубовните партнери) и ќе се изненадите. Ова е невозможно да се изведе. Двата прста се судбински врзани до последниот ден од животот и затоа венчалниот прстен се носи баш на тој прст.
Преубав е мојот веренички прстен. Дијамантски е и е од бело злато. го обожавам . Дечко ми не сака да ми каже колку го платил ама сигурно е мн скап . Сега треба да го исчистам малку замачкан е ама следното одење во Скопје ќе средам тоа .
Еве го мојот веренички прстен, тука ќе ги ставам и бурмите па модераторите нека ја префрлат сликата во темата за бурми. Јас се обидов да ја ставам таму, ама кога ја отварам темата антивирусот ми регистрира дека има вирус. Веројатно некоја сликичка поставена во темата е со вирус, нека се провери тоа. Ова е вереничкиот прстен Еве ни ги и бурмите со бело и жолто злато
Мојот веренички прстен е бело 18 каратно злато со еден дијамант. Онаков каков што јас би си го одбрала дефинитивно
Која според Вас златара е најприступачна по цени во Скопје? Викаат дека во турска чаршија имало многу ефтини како пример Циркон?
Минатиот месец бев во германија кај дечко ми (тој работи таму) и ме запроси (уште никој не знае),но без прстен,сега треба да дојде за една недела и ми рече кога ке дојде да одиме да избереме некој,иначе он знаеше уште претходно дека сакам сваровски па ме интересира дали менува боја после некое време? еве ја сликата од прстенот п.с. он не ги сака тие адети да ме бара од татко ми само да им кажеме дека сме се вериле и да се преселам кај него што мислите вие?
Сваровски немаат никаков квалитет , исто како бижутерија да си земеш ,само ќе ти светка цирконот повеќе. Имам неколку парчиња накит од нив, боја не ми смениле, но не ги носам постојано , а за тие неколку пати што ги имам носено, цирконите испопаѓаа, а на алката едната сајла ми се скина, а исто така и бисерите се излупија, како да сум се тепала со неа... п.с. да се надополнам, на прстенот му се познаваат гребаници, баш како на бижутерија. Ако не планираш постојано да го носиш, тогаш земи, а за секој ден и секоја пригода дефинитивно не е