Феминкии каде да барам веренички прстен и која цена се одприлика. Дали ќе најдам до кај 6000 ден. Ми го спомнуваа голд мак, бива ли таму да одам. Не носам злато и ставарно незнам каде да барам.Нешто многу пари не ми се даваат. Сакам некое обично симпатично прстенче, без камчиња. П.с мојов генијалец ме побара без прстен. Вика знаеш што јас сум решил за жена да те барам, ама немам прстен, па сега. Викам добро. Е ај од утре прошетај низ град одбери си, јас и да купам некој ќе го промашам, као и увек, па дупла работа.
Честитки Ирена До таа сума ке најдеш сигурно таков каков што сакаш. Него муабетот ми беше, мора ли сите да бидат толку романтични
Честитки Ирена а за прстен ти препорачувам да појдеш во златарите во Скопска Чаршија, за тие пари ќе најдеш прстен каков што сакаш
Три дена шетам низ градов, прстен не најдов. а барам најобичен, без камен голем, да се чудиш. Влегуваш во златара и повелете, веренички прстен, повелете и ти дава едно такво со прстени сите исти со камче горе. Велам ама некои по обични, нема. Туку затоа што не сум купувала злато не се разбирам. кажете ми мислење за златара ЦЕЉЕ (во ГТЦ, прва во златарската уличка, карши рубин) Таму видов два три кои ми се допаѓаат (многу се убаво изработени), само многу ми се разлика во цена.Значи ако едно нормално прстенчи на други места е 5000 -6000 ден тука е 10 000-11 000. Што е работава, Вредат ли прстените тука толку, по квалитетни се, по тешки се??? или само се набиени цените. Што мислите?
Златото држи една цена секаде, не може кој сака да го дигне а кој сака да го спушти. Веројатно се или доста тешки прстените, или покомплицирано изработени, ама најверојатно двете. Зашто во изработката има злато, ако е покомплицирана има повеќе злато, со тоа и тежи, логично. И не мора да им кажуваш дека се работи за веренички прстен, така секако дека одма ќе ти ги нудат тие со камчиња и со цени во вис. И со среќа нека е.
А зошто не разгледаш низ чаршија? Златарите си ја определуваат минималната цена на златото според тековната на берза, ама секако си ставаат маржа за нив, а таа знае да биде многу различна од место во место. Златарите во ГТЦ се секогаш поскапи. Пример: мојот вереник кога ми купувал прстен истата златара ја имало и во чаршија и во ГТЦ и истиот прстен имал различна цена, во ГТЦ бил за 2000 ден. поскап што ине е малку.
Бев во чаршија. Во златарата ЦИРКОН најдов еден што ми се допадна, но ми беше голем, а тој неможел да се корегира. (дали може да се намали зависело од самиот модел на прстенот, е овој баш неможеше, ќе изгубел од формата)Инаку и циркон ми ја препорачаа како добра златара. И не одбрав, ќе оставам уште еднаш да прошетам, може ќе имаат нови, не ми е зорт.
Јас кога треба некому поклон да купам од злато (пошто не обожавам за мене) и ако тоа треба да биде проверено, квалитетно и убаво, тогаш купувам само од ЗЛАТАРНА ЦЕЛЈЕ во ГТЦ. Цените може се повисоки но она што се нуди таму и по дизајн и по квалитет, е УНИКАТНО.
Значи fighter велиш има зошто цената си е повисока. И таму еден многу ми се засвиѓа, ама затоа што не се разбирам во злато и квалитет, викам ај уште некој да прашам. Дали си има зошто се цените такви или се само набиени ради тоа што е во ГТЦ.
Златото на златарна цејле е поскапо.Можеш и на нивниот сајт во словенија да провериш.Тоа не е заради ГТЦ локација.Верувај дека тој накит вечно трае и не губи сјај
^ Ирена, ако веќе ти се допаднало толку некое прстенче во Целје и доколку вереникот тоа може да си го дозволи, па купете го. Што само ќе шеташ сто пати по истите места, сепак е најбитно да ти се врзе за срце прстенчето, цел живот ќе го носиш. Поготово што викаш специфична си за накит а ете веќе си нашла нешто што ти се допаѓа.
Мислам дека не, мислам гравирањето е бесплатно секако доколку младите го сакаат тоа (многу од златарите не го кажуваат ова) сепак најубаво е да си прашаш таму од кај што сте ги купиле.
Јас сум далеку од мажачка, веридба и сл ама не сакам стандарден веренички прстен со камче. Некако ми се клише и ми изгледаат како дугмиња. Јас лично обожавам панделки и го сакам симболот за бесконечност. Па сакам вереничкиот врстен да е во форма на панделка и воедно како симболот за бесконечност, бидејќи нели со брачните завети се заветуваме на вечна љубов. Може да е со камчиња, може и да нема камчиња, ама сакам да е бело злато. Еве некои кои ми се допаднаа... Овој ми е некако најнежен
Навистина е преубав мојот веренички прстен. Дечкоми ја знаеше мојата мерка на прстен но сите што биле точни за мене нему не му се допаѓале сите биле оние најчесто што ги има а тој сакал нешто по уникатно и го земал тој ама се договорил во златарата да го скратиме кога ми го даде ми рече дека е голем и дека може да се скрати. и ГО скратив и со кеф и љубов си го носам. Нема врска тоа што е скратен нели ?