Као демек ако се скрател вереничкиот прстен, ќе се скратела и љубовта како да не, јас мислам дека тоа се чисти глупости, ако прстенот е голем нормално дека ќе се скрати
И мојот дечко е премногу романтичен ме побара без прстенпа пред некој ден шетавме низ чаршија и ајде вика срцка да ти купам прстенче.Тешко беше да најдам нешто што ми одговара,имам тенки прсти.Од секогаш сакав бело злато и камче па ми се допадна нешто сосема спротивно,ми се сменав вкусот.Ќе ставам слика кога официјално ќе го добијам.И јас го стеснав многу ми беше голем.И да,сакав да прашам,продавачката ме праша дали ќе купуваме бурми.Пошто планираме за свадбата да си купиме рече дека овој треба да го носам на средниот прст.На кој прст го носите вереничкиот????
@mal.ecka вереничкиот се носи на до-малиот прст на десната рака. Откако ќе се омажиш на тој прст доаѓа бурмата, а вереничкиот го префрлаш на истиот прст но на левата рака.
i burmata i verenickiot gi nosam na desnata raka, i sledno sto sakam e na istiot prst da go istetoviram imeto na moeto since edince
Site na opaku nie na tersene. Nemase klasicno prosenje so kleknuvanje i prsten.Mozebi i zatoa prifativ.Dva prethodno odbiv,znaci djabe bil prstenot. Taka se bevme skarale eden de i toa po telefon kako deca mali.Toj bese na pat.Se vrati i demek da odime da vecereme i razgovarame kako luge za taka covecki razumno se da zavrsi. Ama mesto zavrsetok nov pocetok. Odma burmi si kupivme a drugiot prsten go dobiv nahnadno. Prva prilika go slikam da go vidite.Sama da si izberev nemase taka da si go pogodam. Сега не ми го собира на прстот..
Кај нас немаше класично запросување, едноставно се договоривме да направиме веридба, а за свадба некогаш потаму (па по игра на случајности и свадба закажавме ). Прстенот го одбра по долги прошетки од златара во златара, самиот тогаш ми кажа дека сака нешто едноставно, ама вредно. Не сакаше да купува 12к злато и обично камче, па преку некој златар (се уште се чува во тајност кој е тој златар) го порача од Италија.
Девојки искрено се чудам зашто момциве кај нас 90% ја запросуваат девојката без прстен, па потоа одат двајцата и бираат. Зар до толку не си ја познаваат партнерката со која се заедно, па се плашат да не погодат? Според мене, не е битен каков е прстенот, битен е самиот чин.
Истото го помислив. И јас сакам прстенот да биде изненадување, не сама да си го бирам. Каков и да биде мене ќе ми биде најубав. Битна е симболиката, не прстенот сам по себе. Иако дечко ми знае некогаш да ме застане пред златара и да праша кој ми се свиѓа. За да си знае вероватно.
Точно, симболиката е важна . Мислам дека дечкото те застанува пред златара не само да види кој ти се свиѓа, туку и да ти ја види рeакцијата. Мојот вереник сам го одбра прстенот. Мене ми е најубав и најпосебен на свет. Запросувањето беше интимно, романтично, на 1-ви јануари оваа година додека си го гледавме виенскиот Новогодишен концерт, јас бев ептен изненадена, дури не ми се веруваше, бидејќи навистина не очекував.
Ако требаше да си го бирам прстенот, можеби и ќе сменев мислење. Јас можам мижеечки гаќи и чорапи да му купам, он да не ме знае доволно за да ми купи прстен? Малку морген. Сам го одбра, јас поим си немав, и вкусот ми е погоден 100%.