mene me pobara so srebren prsten......nema vrska toa koj kako ima moznost...covekot e biten ne prstenot pozz
Кај нас немаше запросување, двајцата донесовме одлука дека се земаме. Ја криевме тајната 3-4 месеци и после направивме фамилијарна веселба да прославиме. Затоа што веќе одлучивме да се земиме, ме праша каков прстен сакаш. Спојлер Ептен тапа, како да кажам дека сакам ко на Мараја Кери вереничкиот прстен??? Се зезам само. Му викам: „срцка и со лагерче од кола да ме запросиш, пак те сакам“. Па си добив ваков прстен. (сам го одбираше)
Прекрасен е. Читав за прстените со оваа форма дека првиот камен го симболизирал минатото, средиот сегашноста а третиот иднината. Нека ви биде светла и со љубов исполнета. Ви честитам
Женски ај помош Ме побара пред месец , ама веридба не сме правеле , мислам има цела година до свадба и не ми се брза некако. Има некое правило за време , ден , бла-бла? Што се купува и некои адети не знам , слушам пар луѓе иделе пред зајди сонце , па непар се враќале пред полноќ , триста адети... Па злато се купувало за невестата, момчето.... Мора се ова? Ја сакам интима, само домашни , не ќе праиме 5 свадби : А да, невестата спиела 3ноќи нешо кај момчето... И такви работи...
Ние ништо од адети не правевме. Дојдоа неговите кај моите на вечера. Злато, чудби ништо од тоа. Обична вечера. Сега ќе правиме свадба и тоа е тоа.
Ima tema otvorena Veridba... no eve za edna nedela ke pravime veridba a me pobara pred 2 nedeli pa iskreno po adetite i starinskite veruvanja nema da odime i bovcite bla bla bla.... onaka samo najbliskite vecera zapoznavanje i tolku skromno bez guzvi i bezpotrebno frlanje na pari koi mozat za podobro da bidat potroseni. ..... a za svadba imame vreme da razmislime koga ne sme ograniceni
Фалаа на одговор , ми текна тука да пишам , не побарав дека од моб сум. Нашиве се знаат , така даа слично би било и нашево ☺.
ништо не мора, се е вие како ке одлучите, нема правила, секој си прави како сака и му одговара Кај нас свеки инсистираше да ми купи злато оти и купила и на јатрва ми па да не не дели. Ми даде пари, јас го купив, и го покажав ми рече океј стави си го Иначе надруги веридби кај шо сум била свекрвата и свекорот и ставаа на снаата, бабата и дедото на зетот злато... мене ми е сељачко, ко у турско, коа ги кителе младоженците. На мм моите му купија еден апарат кој доста му користи во работата, наместо злато, и онака тој не носи злато. Тоа пар-непар, зајдисонце, полноќ, изгрејсонце, ич не не занимаше.
Ништо од овие адети (за мене глупости) не правевме. Бевме на одмор и таму ме побара за жена со прстен, од кога се вративме после две недели дојдоа неговите кај нас на ручек со цвеќе и вино и толку. После си се спремавме за свадба, која исто немаше многу адети.
Ниту ние неправевме глупости, дојдоа неговите (мајка, татко) и мм си зборнаа на кратко со моите и тоа беше се, ниту да правите глупости ниту адети безвезни помалку ќе ве боли главата. Веридба неправевме само кога се потпишавме во матично една веселба мала во домашна атмосфера со музика и тоа беше се, а сега пред неколку месеци ја правевме свадбата без адети, пребирања и глупости
Хаха исто. Но веќе не го носам. Откако се разведов. Еден период го заносив пак ама после ми немаше смисла о така. Иначе смешно е сега кога ќе ми текне дека го зедов да ми биде точен на средниот за кога ќе се здебелам, нели во брак жените се здебелуваат да не морам да правам многу рокади, нели просто да си го преместам кај што му е местото. Смешки
@karak јас си ја наместив од старт десна рака , по некоја логика со десна за православни (така се крстиме) , на десна се носи и бурма а вереничкиот е еден вид замена за бурма. Е сеа ме зачуди една другарка на лева го носи и рекле да го премести од десна, поп и го кажал тоа...
Мојот веренички прстен.Имав јавно запросување и појма немав дека дечко ми ќе ме запроси,предходните денови пред да го земе прстенот ме мерел спрема неговиот мал прст и за среќа прстенот ми е точен,го носам на десна рака до малиот прст.Сама кога бирам прстен никако да погодам големина али вереникот од прва го погодил