I mojot prsten libeto sam go odbral. Mislam ne mozese podobar da mi kupi SO dve sari e. Ednata e samo so mali dijamanticnja a drugata e so golem na sredina. Izgleda ko so burma na nego. Prekrasen e i da, zlaten e. Mislam deka i ne e vazno dali e zlato, srebro, svarovski.....Najvazno e od koj go nosite, pa makar I bakaren da e.
Луѓе, некој да ми каже од колку отвараат сабајле златарите низ Чаршија? И каде има најмногу избор на веренички прстени? И како отприлика се движат цените? Дечкото на најдобрата другарка решил да ја запроси и од мене побара помош за избор на прстен, ама јас пустата појма си немам од овие работи.
@Estranged не сте збореле некогаш со другарка ти каков прстен би сакала? Сака поедноставни работи или сака нешто што лесно се забележува? Мене ми се допаѓаат оние класични модели на веренички прстени, пример Спојлер Мислам дека во сите дуќани цените се слични, ама сепак треба да се праша. За околу 100 евра може да најдете прилично добар прстен. Но, не зборам за Скопје, може се и поскапи таму. Е сега зависи типот колку пари планира да даде за прстенот.
Конкретно за веренички прстен немаме разговарано, ама претежно носи нежни и едноставни прстенчиња... така да, што поедноставно, тоа подобро. Дури мислам дека повеќе би и се допаднал прстен без камче.. (веренички прстен без камче постои? ). Не знам кај ме најде баш мене, ем накит воопшто не носам и не се разбирам, ем срцето ќе ми излета од возбуда што морам да го чувам ова во тајност од другарка ми Битно, може да се најде некој пристоен за 100-150 евра... да знам отприлика што и како
Извини ама морав да напишам нешто после описот за твојот прстен, кој доколку е навистина таков како што си го опишала е навистина глупаво од твоја страна да збориш дека не е важно каков е прстенот. Да не се разбереме погрешно, но доколку цела една страна ти е со дијаманти без разлика колку се мали или големи, а другата со еден голем, твојот прстен би вредел не помалку од 10000евра. Just saying
@Estranged според мене веренички прстен е таков каков што е. Запросување може и без прстен, така да може да купи било каков. Но, штом решил да ја запроси, јас би предложила нешто баш "вереничко". Има голем избор за тие пари, сигурно ќе најдете нешто што би и се допаднало. Во контекстот, сум видела сееекакви бурми, шарени, гравирани, де вакви де такви, ама оние класичните и едноставни мене ми се најубави. Ама, секој со својот вкус.
@kolovoz а за да човек вложи толку пари во прстен, треба да има месечни примања од барем 50,000 евра. Нема после да гладуваат, нели? Слободно кажете кристали, не е срамота.
Опрчил од 800 до 1500 евра. И јас сакав со 3 дијамантчиња, ама цената беше скоро 1400 евра, па си реков со тие пари, гарнитура ке си купам и така прстенот не го носам. Со срека мила
Мојот веренички прстен беше купен од Сваровски. Скоро 9000 денари. Среќна пресреќна, нормално како секоја верена девојка секој ден си го носев. После само две недели цирконите од страните почнаа да паѓаат. Идеме во Сваровски да ми го сменат, ми викаат аа па ти ако го носиш секој ден нормално дека ке паднат. Не треба да го топиш со вода, сапун или сјај никако, да го чуваш на темно, секој ден да се полира со специјална памучна крпа.... После еден месец молење да ми го сменат, конечно ми дадоа нов. Новиот го носев по дадените упатства, односно не го носев, само кога излегував некаде. Но и на тој прстен почнаа да паѓаат цирконите. Идам пак да се карам истиот муабет ми го направија и ми викаат моментално го нема одмери си нешто друго. Пари не враќаат. Се каравме се расправавме дојдовме до закани за тужби, па наредниот ден случајно стигнал еден прстен и ми го сменија. На крајот, како што ги чуваат таму во кутија на темно место без допир со воздух, вода светлина си го спакував и си отидовме во златара купивме друг веренички прстен.
Прстенот не го носам ,послем породување ми се здебелија прститекаков и да е прстенот не е важно ,најважно срека да не прати во бракот инаку и без прстен се можи.
Што мислите за веренички прстен со полудраго каменче во боја? Не сакам прстен сличен на 99% од девојките... Не ме сфакајте погрешно, мозеби вас ви се допаѓа тоа но јас сакам нешто поразлично, но сепак традиционално... Конкретно мислев на прстен со аквамарин.
А зошто да не? Јас како машко кога би бирал за девојката, меѓу обичен и аквамарин, би го одбрал вториот.
Maz mi i.jas sakavme so rubin dve srcenca da bide prstenot no vo mk ne najdovme takov i nikoj ne prodava.Tesko se naogaat takvi kaj nas a i kojznae dali ke se vistinski kameni ,treba sekoj vakov prsten da ima sertifikat na poteklo sto garantira za nego i da moze ete nedajboze da go prodades posle kako takov.Ovde se i.mnogu skapi jas licno dijamanti nesakam.poveke sakam rubin,akvamarin..,vo boja nesto a ima mnogu ubavi
Мојот втор веренички прстен првиот го бирал сам мн голем ми беше го изгубив овај од охрид го земавме заедно, јас си го бирав.. сребро е и не беше многу скап. 3100 денари ама ми е таман многу ми е убав. Иначе го носам на лева рака најпрво зошто сум левичар и нели поблиску до срцето. На сите ви се преубави прстените ❤