Јас вереничкиот прстен си го носам на средниот прст на левата рака, а бурмата на до малиот прст, исто на левата рака. Не ради вера или воопшто како требало, ама во средината во која живеам левата рака е за бурмата, па полесно ми е да откачам мажи само ако им ја покажам левата рака. За кратењето и додавањето на прстените, прстен може да се зголеми или намали 1, до 1 и 1/2 величина без да му се изгуби формата. Бурми со камења по целата должина се речиси невозможни да се зголемат или намалат. Така да и зависи од стилот на прстенот, оти јас што сакав прстен не го купив оти ми рекоа во златара дека ќе се распадне круната што ги држи каменчињата оти требаше да се смали 2 и 1/2 за да ми биде. Тоа дека не се крати или додава ради бабини диветини според мене нема врска.
Јас го скратив вереничкиот прстен и за мое изненадување во кутичето со прстенот после кратење си го најдов отсеченото делче од околу 2мм уредно спакувано во кесичка. Инаку прстенот го носам на десна рака затоа што иако мерен за на лева рака пак ми беше голем а на десната ми е тамам, и на истиот прст ги носам заедно со бурмата.
Јас вереничкиот прстен си го носам на левата рака на четвртиот прст... а и мислам дека нема врска тоа можеш да го ставиш на кој каде му одговара
Вереничкиот прстен сама си го бирав,а маж ми ми го плати.Не го носам малку е гломазен и за да не го изгребам син ми.На веридбата маж ми ми го стави прстенот на левата рака на четвртиот прст,а јатрва ми одма викна дека не се носел на таа туку на десната и ме изнервира.Ако сакам на малиот прст ке го носам А бурмата на десната и си ја носам секогаш многу си ја сакам.
Девојки сакам ваше мислење!Дечко ми сака да ме побара ЗАМИСЛЕТЕ МИ КАЖА И ми вика да дојдам со него да си одберам прстен,а после он ќе ме изненадел????Незнам што да правам,јас му викам ти треба сам да купиш прстен да незнам јас,тој вика несакам...ЈАС СУМ ВО ПРАШАЛНИЦИ!!!Вака е глупо да знам се,незнам...
Зошти ти кажал бе Незнам дали да си одбереш прстен,глупо вака! Зар не сакал бе доволно да се потруди да те изненади,што знам.И нашата врска знаевме каде води,се правеа и муабетчиња ама мило ми е што одвоил време за да ми избере сам прстен а не ова на готово како ради реда. Јас ти велам да му кажеш-добро па не ли заслужувам ти сам да ми одбереш прстен? Стварно,машкиве сакаат се да им е наредено,што да ти купам одбери си за роденден,за ова за она,па сега и прстен да си одбереш?Се да им е на тацна.Може да се потруди,ипак битна работа е,најубав момент! Со самото тоа што знаеш дека прстенот е избран од него,со многу време внимание,уште повеќе ќе ти биде драг
Што ќе те изненадува, касно е веќе. Ни мене не би ми се свиѓало да ми рече дојди да си одбереш прстен. Не би го имало значењето што го има сега. И како ми го одбрал, како е да правен само за мене, јас самата таков не би си одбрала, туку би се двоумела. И видов колку всушност добро ме познава.
И јас бев на твоиве "маки" Маж ми ме побара за жена се тоа фино лепо и кога дојде моментот да ми го даде прстенот ми кажа дека не ми купил туку да одиме следниот ден заедно да избереме некој кој би ми бил "точен" и секако би ми се допаѓал највеќе. Познавајќи го ова воопшто не ме изненади бидејќи е човек кој практичното го става пред се, но не викам дека немаше да ми годи да се потрудел да најде нешто што би ми се допаднало! Вака сама си одбрав и си го носам скоро секогаш
Мене мажот ми ми купи веренечки прстен и ми го даде кога ме запроси и само ми рече ако е голем или мал ќе одиме да го заменеме но за среќа мене ми беше таман.
Јас сум практична жена. Мене не ме ни побара класично, туку при еден разговор се договоривме да почнеме да живееме заедно. Поточно имавме договор дека кога ќе има одредени предуслови кои тогаш се случи да ги имаме, ќе почнеме да живееме заедно. Прстенот го купувавме заедно, т.е. заедно го биравме, и многу ми беше убаво што беше така. Инаку го носам на десната рака, на прстот каде што се носи бурмата. Не носам бурма, ниту пак некогаш сум ја носела.
Е како да не. Јас двата си ги носам на ист прст, на десна рака Католиците носат на лева, ние сме православни.
Мајка ми и вереничкиот и бурмата си ги носи на лева рака. Всушност - на кого како му одговара и му е пријатно. Некому му е шубе пак да носи прстени на лева рака, мене на пример. Јас би го носела на десна рака. А тие бабини деветини како не се намалувал или менувал оставете ги зад себе. Мајка ми оригиналниот си го заменила, а оттогаш, уште два пати си го има заменето вереничкиот прстен, затоа што од многу носење златото ја менува формата и го губи сјајот. Па еве ја, 26 години во успешен брак. Јас не би сакала да бирам прстен заедно со момчето. Дојди да си избереш прстен - што си ми ти - татко со подарок за матура? Ако дотолку не ме познава мене и мојот вкус за еден прстен, тоа е исто како да не ме познава воопшто. Ако му треба помош, тука е мајка ми и другарките, претпоставувам ќе му светне сијаличка. Во секој случај, сакам прстенот да е изненадување.
Муабетов ме потсети само на ова http://www.youtube.com/watch?v=iWD3PJVKebY И јас сум за тоа да ми купи прстен сам, верувам во тоа дека доколку веќе знае јас каков би носела и јас што сакам, тогаш ме знае мене, мојот вкус, мојот карактер П.С. Еве што најдов на нет за тоа на која рака треба да се носи вереничкиот прстен Веренички прстен: Според обичаите, вереничкиот прстен се носи на третиот прст на левата рака. Оваа традиција потекнува од антички Египет, бидејќи египќаните верувале дека од овој прст вената води дирекно кон срцето.