Ve molam za mislenje...imam pravo sama da biram prstenot e ubav ama malku e kompliciran, nesekojdneven
Не барај туѓо мислење, штом имаш можност одбери си го тој што тебе ти се допаѓа. Не мора да биде класичен веренички прстен.
И? Ако ти се свиѓа земи го. Штом можеш да бираш, избери таков каков што на ТЕБЕ ти се допаѓа без да гледаш дали е комплициран или не знам што
ММ скроз ми го има погодено прстенот, нежен, не сакам јас големи камења, циркони, дијаманти. Најбитното е што е одбран, така што, кога ќе го свртам ја има првата буква од моето име. Негов избор, каков и да бил не би го менувала.
Јас пак не сакам приметливи прстени. Ниту пак камења и тоа си го имам кажано во случај да не дојде до таква ситуација. Сакам нешто не секојдневно и оригинално,може и во боја да е. Повеќе преферирам облици од животни отколку камења,дијаманти итн.
Јас на време си кажав, златна боја никако и каменот во боја да биде. Дури и прифатиливи бои си набројав Си замислував некој скромен, тенок, мал. Добив малце поголем кој сама мислам никад не би го одбрала ама кога го видов преубав ми беше. Откако дознав колку време се потрошило на изборот уште подраг ми стана
Еве го и мојот. Знаеше дека сакам rose gold и имало потрага. Со мерак си го носам, баш како што сакав
Ако евентуално имаш фискална или само сертификат( гаранција е тоа за било која крекција потребна во иднина) кој редовно следи во пакувањето на Swarovski обрати се во нивниот дуќан на ул.Македонија имаат контакт од нивни соработници ќе те насочат, а со фискална и во најдобар случај ќе ти извршат замена.
Женски, си мислев јас нешто па ми треба совет. Се надевам идејава не е преглупава. Бурми немаме сеуште купено. Мене вереничкиот прстен ми е ептен погоден, ми буди преубави спомени, и дефинитивно би сакала него да си го носам секогаш (немам слика моментално зошто треба да го скратиме малку, но основата е подебелка, малку и наликува на бурма веројатно). Нешто сличен на ова: Спојлер: слика Но кога ќе земеме бурми, сигурна сум дека нема да носам 2 прстени. Едноставно не сакам толку многу накит да носам секој ден. Па, за да не трошиме без потреба, си мислев да земеме прстен само за него, а вереничкиов да си го носам јас и како бурма. Дали е возможна ваква опција и колку е чудна идејава?
Зошто да не е возможно, нема никој да ти забрани. И ти еден прстен и тој еден прстен. Јас лично сакав бурма за да имаме двајцата ист прстен да е препознатливо. И мојот веренички во основата е широк како бурма и не би можела да го носам заедно со бурмата на еден прст и затоа вереничкиот го носам на третиот прст, бурмата до него на четвртиот. Можеш ако сакаш еден на една рака, друг на друга. Ама ако не сакаш, ништо страшно
Се што сакаш е можно, никој не бара посебни бурми специјални попот во црква вика дајте бурми можеш и пластични од пазар да земеш за адетот да помине што се вика