Бурма и пратен се носи на десна рака на домалиот прст. Кога ве пее поп вереничкиот оди на среден прст домалиот треба да ви биде слободен. После тоа се враќа вереничкиот на домалиот прст па бурмата.
Јас мојот веренички си го изгубив,сега си добив нов и овој го носам наместо тој; Гледам повеќето имате дијамантски прстени, па колку чини еден прстен со дијамант? Знам во Алтинбаш има. ?
Во Рубин видов на излог од 42 000 денари нагоре со цени, ама минијатурни и плус карати како им одат не знам ама минимална цена беше таа. Во алтинбаш се сигурно 5 пати барем поскапи. Инаку јас сум во потрага по веренички ај да го кажам така. Од една страна сакам правоаголен камен, од друга не сакам камења зошто штрчат многу. Како се движи цената на грам злато сега знае ли некој? Многу поскапено ми е вака по нет што гледам... Нема да ме бара официјално ама сакал да го одбележи моментот па сега да сум одбрала нешто,а не сме многу за фрлање пари.
Зависи што бараш Во чаршија има огромен избор и преубави и за 100 евра . Во целје околу 10.000 се најтенките
Мојот е купен во Египет за 70 евра и тоа со бакшиш ама најубав ми е, ни за најскапиот дијамант не би го сменила
и јас го делам мислењето најважна е љѕбовта а прстенот е само симболика ако е дијамант не значи дека е среќата во тоа
@mssuniquee не знам за дијаманти, ама мене тие што ми се свиѓаа беа со сафир и ситни дијаманти, преку 120 000 беа сите.
@CameliaMiller Не дека сакам, туку ми беше само дека овде повеќе девојки се имаа изјаснето дека имаат дијамантски прстени, затоа прашав
Се зависи и за каков дијамант се работи. Каква изработка, како е сечен, па не знам таму кои други параметри ги гледаат ама од многу работи зависи цената.
Можи да ми објасните која е потребата од прстен од 1000+ евра? Единствено може да го гледам како инвестиција... ако снемаш пари некогаш во иднина, па да го продајш. Друга причина има?