Луѓе каков треба да е вереничкиот прстен? Има некое правило? Мене не ми менуваше златен сребрен, ама треба да помогнам на блиска личност па да не направам утка. Може да е сребрен или мора златен?
Зависи девојката што ќе го носи каков стил и вкус има.Ваљда дечкото колку толку знае што сака девојката.Правило нема.Најчесто прстените за запросување се со камен.
Може бело злато. Сепак злато и сребро не се споредува. Доколку има доволно финансии за злато, подобро е злато.
Jas iskreno do Sega so srebren Prsten ne sum videla da Ima veridba,samo so zholto ili Belo zlato...ama pa Ako se nema pari mozhe I so srebren ,a za prstenite kje vidite vo zlatara tie kje ti kazhat koi se verenichki imash Prsten DVa vo Eden...
Секогаш е подобро злато. Но, се зависи од финансиската состојба на тој што ќе купува. Драстична е разликата во однос на цената. Инаку злато или сребро со каменче е обично најбарано и според мене најсоодветно. Подобро е начинот на кој ќе ја побара да биде интересен, иноватовен, отколку самиот прстен. Сепак секој со своите барања.
Не мора ништо, нема да ги вратат од матично или од црква ако е сребрен. Мене лично белото злато ми е ептен грдо зошто всушност бело злато не постои туку е жолто злато премачкано со сребрен метал и по некое време се трга горниот слој и пожолтува па треба на корекции да го носиш на секое. Или жолто злато ако е љубител на жолто, или сребро ако повеќе сака бел накит. Меѓу бело злато и сребро апсолутно никој не може да направи разлика.
Немам ни јас слушнато за сребрен веренички прстен, доколку е во можност и не се проблем финансиите најдобро златен, сепак не се споредува вредноста на сребро и злато, евентуално бело злато ствар на вкус
Различен е жигот од внатрешната страна на прстен од злато и сребро. Мислам дека за сребро стои 925 како ознака. На око од далеку не може да се примети, но ако сакаш да дознаеш дали е бело злато или сребро, постои лесен начин да провериш. Иначе да, жолтото злато е подобро од аспект на трајност, за разлика од белото. Барем не менува бои.
Јас имам сребрен веренички прстен со бисер,бурмите ни се сребро со филигран,правила нема,се е ствар на вкус,и замислете не беа проблем финансии како што прочитав погоре
А каква врска има жигот? Начин да провериш дали е сребро или злато е само во златара со хемиска реакција, ни од далеку ни од блиску не се познава од око.
Ако има жиг или е злато или сребро. Прстен кој е бижутерија нема жиг. Понатаму за да се направи разлика од злато и сребро, се гравираат различни цифри.
Јас пак немам (многу ретко имам) видено златен веренички прстен, кога зборите за злато ваљда мислите онака жуто? Во темава по сликите сите се сребрени или бело злато е тоа?
Цифрата нема да им ја покажуваш на луѓе наоколу, стои од внатре со премали бројки, така што нема потреба да се форсира скап прстен кога и сребрен е сосема одличен.
Бело злато е најверојатно, ама тоа е уствари жолто со слој на некоја легура или метал одозгора. Многу одржување бара.
Дека рече нема разлика и само златар може да потврди што е. Инаку не навлегувам во туѓите барања и желби, кога јас не финансирам.
Епа со оглед на тоа што јас не носам златен накит, стриктно сребрен, пожелно би било и прстенот да ми е таков и да остане таков. Така да why not.
Жолт е мојот as if anyone asked ама глеам сте активирале тема. Не носев ништо претходно, посебно не жолто злато, а сега раката без него... како празна ми е. Ми се свиѓа многу, посебно помислата што сам излегол и бирал, се мавал по златари сиромашкиот.
Не постои правило и се зависи од финансиската состојба. Разликата во цената е голема. Иако најчесто се практикува прстените да бидат златни. Среброто после кратко време може да го изгуби сјајот и да поцрни што секако се решава со чистење. Од друга страна и белото злато постепено пожолтува но се избелува повторно на златар. Жолтото вообичаено злато скоро исто останува и после долги години, може и во домашни услови да се исчисти и исполира. Зависи и до вкусот, ако девојката планира постојано да го носи би требало и да се вклопува во нејзиниот стил.