Јас несакајќи сама си го избрав вереничкиот прстен Зошто дечко ми гога ме побара немаше прстен земено. Се случи многу спонтано. Едноставно вечерта беше преубава, се шетавме, си муабетевме, звездено небо, јас и тој како да бевме сами на светов. одеднаш се сврте и ми одржа говор колку му значам и ме праша дали сакам да се омажам за него После тоа кажавме по дома, па кога отидовме да гледаме злато двајцата се зјапнавме во прстенот и очи не можевме да тргнеме од него
Јас со маж ми бев во врска пред веридбата 9 год а ние меѓусебно си дадовме збор(ме побара за жена) по втората год од врската(само јас и тој знаевме). Тогаш ми даде веренички прстен кој сам го избрал.На денот на официјалната веридба(кога дојде со неговите да ме побара од моите) ми донесе веренички прстен кој сама си го избрав и тоа на прво гледање. Инаку јас сум многу компликувана за купување се нешто мислам , се премислувам, бирам, разгледувам... Е, ама со вереничкиот прстен беше љубов на прв поглед исто како и со маж ми. Прстенот го носам на лева рака а бурмата на десна.Така ни кажаа во црква и во Македонија и во Грција и во Србија(сите се православни) Ви кажав дека сум комплицирана зато прашував во 3 земји.
јас вереничкиот го носев до пред некое време на лева рака.. сега го ставив на десна со бурмата и многу фино ми изгледа вака.. мада од време на време ми отекуваат прсите па морам да ги вадам ама добро е
Се почесто гледам дека млади девојки по бракот бурмата и вереничкиот го ставаат на десната рака, па ако убаво е. Според мене бурмата веќе ако се носи треба да ена десната рака,кај што треба.А за веренишкиот, и не е толку важно дали е десна дали лева...според мене.
Мене искрено речено,ич не ми менува да си го одберам и сама,од причина што не носам прстени, па не знам како тоа ќе откријам дека тој мене ете толку многу ме познава и сака, кога ни јас не знам какви прстени сакам,а тој не би имал пример што тоа сакам... Според мене се непотребни, женски демагогии, уште една несигурност и потрага по доказ дека ме сака. Што се однесува до мене,најмногу би ме погодил со некоја тешка бижутерија или прстен од салфетка... тоа е она кое би ме стопило,ама да оди вака,јас мислам дека е ок да се земеме и дрн дрн муабет,ама јас не сакам свадба, не сакам нишо на хартија,дрн,дрн,дрн,чисто да има на увид,ама знаеш моите сакаат да се пофалат дека син им се оженил,дрн,дрн,дрн,епа добро ај,и салфетчето од гирото го витка у облик на прстен,тааааа рааа,готово,верени сме!!! А овај нали,знам дека никад нема да носам прстени (ај направете ми психоанализа за жените што не сакаат да носат прстени!Ха!Ама не е дека не сакам,оно не ми се пасија,ама имам многу,многу,многу тенки прсти и мали,нема толку мал прстен,верувајте ми,испробано.Еднаш еден бендисав и ќе го носам и нешто објаснував и ми летна во непознат правец,може и некому истера око ... трагично!) па и за овие ќе се помислам. Од јасни причини,сакам прстенче по порачка од камчето кое го обожавам,а при тоа ниту е дијамант,ниту е брилијант,ниту е сафир,полудрагоцено е,така особено би ми значело,плус ете од разбирливи причини да биде погодено. Еден дечко порано привезок ми подари,ден денес го носам на алка како амајлија и се губам во него кога ќе си го погледнам,а нема врска со емотивна поврзаност ради дечкото,туку ради камчето,го сакам многу,а не е ни третина цена од било кој дијамант. Па така што...договор,нејќум спектакли и очекувања дека ќе ме познава од еден прстен. Доволно ми е да знае на што сум алергична,да не ме убие,што музика слушам,како спијам,кога се лутам, зошто се лутам, што сакам да читам,кога сакам да сум сама,такви ми ти работи.
Нз кај мене во маало една и со бижутерија ја запроси дека златарите не раб толку доцна па го прифати прстенот си нема врска златна ти ако си решена да си со него ке си бидеш со него а др се е само глупости позз
Пишано правило не постои, а и прстенот не е доказ за љубовта. И од пластика да е штом е подарен со љубов е најубав.
Повеќе и да сакав неможев да се согласам со тебе, хахахахаха! Од 9 години колку што сме заедно, полата време збориме како да си го средиме станот, кај да шетнеме, и такви работи, за свадби нешто последната година почнаа тешки муабети да паѓаат, ама се на муабет, додека не му прднало еден ден да отиде да ми купи прстен, ја проакал цела чаршија, а не да не сум маанџика, ама ете, сакал мене да ме најде во прстенот. И прстенооооот... Можеше да биде и онаа рачката од лименка, пак исто ќе ми беше (а воедно преубав е), како што сум спороходна во сваќање меѓу редови он 100 пати ме испрашувам отприлика каков сакам ама од кај па да знам каков сакам, прстен е прстен, и главното-моментот. Погоден беше моментот, и зборовите, и се. Е тоа е "прстенот" за мене. И секако да ми ја познава душата, што е прво, па после се останато. Верувајте, дека поим немате каков прстен сакате. Ако е од правата личност, и прстенот е правиот.