Со здравје да си го носиш Ангел, преубав е Еве го и мојот го најдов на интернет. Мене ми е преубав и исто така веќе неколку години со тешка мака се делам од него за спиење како Ангел
AngelOfArh, со здравје да си го носиш....љубов и бериќет да ти донесе. Девојки нема веренички прстен што не е убав или што не би ви стоел.
Ангел преубав е прстенот,да ви е вековито уште еднаш. Пеед две недели во една златара со дечкото видовме сличен ваков додека шетавме и ми остана тој во глава.Ваков е нешто сличен,но јас не треба да знам каков ќе биде А и овие не се лоши
Ахх женски да знаете шо ве чекааа... Уживаjте joш мало па нестало Шала на страна ,со срека да ви е на сите Не се битни диjaмантите, битно да имате слога, лубов, хармониja, разбиранюе и да сте сигурни во изборот зашто ова ке биде вашиот животен сопатник.
Нека ви е со среќа на ситее Moже да ми кажите по колку се движат ваквите прстени како што имате објавено ..... Итно
Од 5000 денари нагоре, убав прстен кој не е мал и тенок, со најмалку едно камче, јас не видов поефтин дефинитивно, во златарската уличка во Скопје, инаку ни кажаа дека во Скопје било далеку поефтино златото него ли во другите градови, конкретно споредба со Тетово и Струмица, цените биле плус 2000 најмалку. Мојот беше еден од поефтините, но можам да кажам дека ми се свиѓаше најмногу, го купивме 5200, а имаше и од 12000 денари, зависи каде и што бараш
Ке видам кога ке бидам побарана .... но мислам дека е поправилно веренички на лева а на десна бурмата. ке видиме
Девојки,според нашата религија,како Христијани на која рака треба да го носиме вереничкиот прстен,мене ми е на лева и некој ми рекоа требало на десна.За бурмата знам на десна рака но за вереничкиот различни коментари има...?
Јас вереничкиот до свадбата го носев на десна рака, а откако ја ставив бурмата го префрлив на левата рака. Незнам како е правилно, ама вака мене ми е поубаво, поубаво се приметува убавината на двата(отколку кога би биле на еден прст на пр.).