Здраво на сите. Ме интересира мислење од тие што имаат веренички прстени од бело злато (не платина). Дали има промени во бојата на прстенот после извесно време, дали прстенот го губи сјајот што го имал кога сте го купиле? На инт. прочитав дека белото злато со тек на времето ја губи својата “бела“ боја и станува сиво и е потребно полирање и дека жолтото било поквалитетно (барем не ја губи својата боја). Што мислите вие што имате прстени од бело злато?
и бело и жолто нормално после подолг период носење нема да е како на поЧетокот...а инаЧе мислам бело е поубаво и поубаво одговара...
Да и јас така си мислам....кажано на кој како му се допаѓа,кој како е среќен.....аххх колку пати си седам и само си го гледам,многу ми е убав... ...сигурно секоја девојка си е вљубена во својот прстен Нормално е со тек на време да се намали сјајот на прстенот,баш мене кога ми го купија вереничкиот прстен од продавницата ми дадоа сертификат за 10 години гаранција и во меѓувреме можам да одам да ми го полораат прстенот и дијамантите оти е нормално со тек на време да ја губат од сјајноста.Исто ми рекоа подобро да го однесам таму,и да не пробувам во домашни услови да го чистам....и јас дефинитивно сум ЗА бело злато
Ветено - сторено.Еве како ми стои По подолго време има веројатност белото злато да пожолти за нијанса од внатрешната страна ( да не речам на дланката ). Таму е поизложено па веројатно затоа.Ми се има случувано со неколку прстени од бело злато.Разликата е речиси незабележлива, немајси гајле.Исто така зависи и од квалитетот на златото и изработката.
Мене некако не ми фаќаат око класичните веренички прстени, било да се со едно камче или онакви обични, кружни со камчиња енд стаф. Кога ќе дојде време за тоа, би сакала некоа нежно, ете ми се допаѓа тоа што го постирала heart,stealer, а и имав едно такво слично, само многу потенко и со едно камче вгнездено во срценцето. Многу се деформираше и се извитка по некое време и ... го баталив. Муабетот ми беше, ми се допаѓа некој ваков прстен, ама не знам колку е уствари веренички. Се спомне ли веренички прстен, веднаш на ум ми паѓа „богат“ прстен со многу блескави камчиња, а јас сум обично и скромно девојче и сакам нешто вакво посмирено.
Сеуште не сум стигнала до тоа да добијам веренички прстен, но баш би сакала еден ден и ќе прифатам без размислување Ова се некои што ми се допаѓаат, а се надевам и вас ќе ви се допаднат http://sphotos-h.ak.fbcdn.net/hphotos-a ... 2918_n.jpg http://sphotos-h.ak.fbcdn.net/hphotos-a ... 1647_n.jpg http://sphotos-e.ak.fbcdn.net/hphotos-a ... 0658_n.jpg - омилени http://sphotos-f.ak.fbcdn.net/hphotos-a ... 1276_n.jpg http://sphotos-a.ak.fbcdn.net/hphotos-a ... 3306_n.jpg
Спојлер Ајде сега да се вратам во реалноста... Бидејќи вакво нешто нема кај нас, јас би го одбрала следниов: Кој знае партнерот за каков прстен ќе се одлучи... Една моја другарка вика: ако нема пари за прстен макар со жичка да го направи ќе си го сакам како да е од најскап дијамант, важно да се имаме во срцето и мислите до крајот на живтот и во добро и во лошо.