Еве ги и моите Вереничкиот(односно оној кој ми го подари маж ми) е сребрен со сваровски кристали на Penelope Бурмата е бело злато матирана со резба(точките не се циркони). Искрено не ми беше ич убава, а не знаев каква ќе биде зошто ни се поклон од моите, и сакав да ја заменам, но сега се навикнав на неа и ми е преубава. Си ја сакам и ми се допаќа како се вклопи. Ги разделив за убаво да се видат
колку пари се отприлика вереничките прстени за да знаеме колку пари да си земеме со вереникот во сабота ке одиме да купиме
^од 5000/6000 ден. па нагоре. Мојот чинеше, 209е. вчера си го избрав, па утре кога ќе ми го донесат ќе го сликнам и ќе ви го покажам.
Старосватот и купи веренички прстен на старосватицата со вредност од 100 евра. Го купи од Тетово. Во Скопје многу се скапи вереничките прстени. Ефтини се во Велес.
Да, да, многу убави нокти и прекрасни негувани раце со убава форма и должина на прсти. Биди свесна дека многу жени ти завидуваат во моментов. А прстенот е бомбона. Дај Боже и среќата да ви биде убава како прстенот. Мојот моментално го носам на ланчето. Така правам летно време затоа што многу ми пречат прстени кога е потопло времето, а бурмата не ја носам летно време. Инаку од бело злато е со мали каменчиња на предниот дел. Мене ми е убав многу, ама не е гламурозен како вашите, тогаш толку имавме и можевме , ама подраг ми е од сите парчиња накит што ги имам заради намерата и поводот.
Девојки преубави прстенчиња имате. Ви посакувам убави мигови во брачниот живот. П.С. И каков маникир сте си удриле. Е овакви нокти ми се допаѓаат.