долго време планирам да го прашам дечко ми дали сака да се вериме,но страв ми е од реакцијата заедно сме две и пол години а јас имам 19 и премногу се сакаме но незнам како кје ме свати ми казува секој ден дека сака да зивееме заедно и дека премногу ме сака но се пласам дека ако го прасам кје се одалечи од мене совет ве молам
како прво па ти си 19 години..животот е пред тебе, узивај остај мажачка има време за тоа. како второ ако некој треба да праша за веридба тогаш тоа треба тој да го сторим, а не ти... немој грешка да ме сватиш но тој иако зборува дека би се венчал со тебе тој не го мисли тоа сега веднаш да биде... мажите така си зборуваат си планираат на доооооолги стази.. узивај дур мозжеш бракот и онака не ти бега.
узивај си док можеш,сеа си у најубавите години мажачката не ти бега у никој случај...размисли убаво коа сите другарки ке ти шетаат ти ке седиш дома и една моја друагрка брзаше за да се вери и на ден матура се вери еве ја сеа седи дома чува деца на 19год и вика ееее кај ми беше паметот место да шетам ја деца чувам... ипак како и да е ти си знаеш...ако стварно се сакате тоа и на двајцата у никој случај не ви бега..
Како прво, за такво нешто треба да бидете подготвени, и двајцата. Јас лично, како и девојкиве погоре, мислам дека ти е сеуште рано за веридба, а да не зборам за мажачка. Дефинитивно почекај. Поуживајте во врската уште некое време, никогаш не знаеш што ти носи животот. Може утре да не сакаш веќе да го видиш, а врска полесно се прекинува отколку брак. Луѓето се менуваат, немаме исти ставови и сфаќања на 19 и на 29 години, поинаку гледаме на работите кога ќе стекнеме малку повеќе животно искуство. Ако си пак цврсто решена, што и да напишеме ние овде, нема да го промени тоа, па со среќа.
fala vi mn za sovetite ja se dvoumev ama on insistira da ziveam so nego sea od dr mesec em sakam em mi e strav da ne mu zdosadam sepak fala vi zenski.pozz
Срцулка јас едно ќе ти кажам ти си знаеш најдобро, без разлика дали ќе се вериш на 19 или 29 тоа за мене не игра улога.Животот и судбината сами ќе си го кажат своето. Само сепак добро треба да ги разгледаш околностите-каде ќе живеете, од што тој работи ли сепак не станува збор за годишен одмор станува збор за заедно живеење а со тоа доага -пари за сметка, пари за облека. Одлуката е твоја -ти пожелувам среќа
пред некој ден се вери блонд. баш сакам да ни раскаже како беше знам дека за овој чин невестите секоја секунда ја постетуваат. Те салветките какви ке бидат, те флизура, облека
Ооооооо ќе живеете заедно ама треба да си свесна дека те чекаат и домаќински обврски меѓу сите останати работи.Значи пеглање,перење,готвење мислам да не се залажуваме дека единствено што ќе правите е дека ќе уживате. Размисли дали навистина го сакаш тоа,имаш само 19 год. не викам дека ако не се верите треба да раскинете и ти да си проживееш живот,биди со него и уживајте си двајцата ама само уживајте оти ко ќе решиш заеднички живот нема да биде само уживање веруј ми.А тенџерињата и манџите не ти бегаат тоа сигурно
И јас го имам истиот проблем.Подолго сме заедно и правиме планови секогаш и муабет дека ќе е вака,онака,за деца,значи работи што се со иднината наша поврзани како сигурни дека заедно ќе сме тука нема сомнеж,но сеуште не ми предложил брак...а сакам некако да го боцнам кога мисли,како да разговараме на таа тема,ама нејќам да испадне дека јас брзам,а јас сакам Совет ве молам!Иначе јас имам 25 год а он има 26. Дај кажете некој предлог,финта жени помагајте,чекам совет Ве молам!
Па јас не би ти советувала да му правиш финти, он секако ќе ја осети финтата, а тоа не сакаш.Остави да биде спонтано, така и ти ќе бидеш изненадена, а и он нема да се осеќа како да е фатен во стапица
Ее Наташа па не е фер советов за дечкото навистина.Зашто така во тесно да го става, може дечкото има и други некои планови професионални или било какви што сака да ги оствари пред да се жени.Може не е се уште спремен да се жени, а не па да биде татко, само 26 години има.Решениево не личи на ништо.Не знам како вака размислува некој
Епа не реков право одма тоа да го направи! Ама повеќето сега вака се решават за брак! Зошто се веривте ? Епа девојката е бремена!! А и дечкото има 26 години редно е мислам да му текне веќе!
Извини Наташа, ама ова е најглупавиот совет што сум го прочитала. И што ако он после не ја земе? Пример, не му се брза него, никако не сака да се обврзе? Што ако и предложи да абортира или сама да си го гледа? А и бременоста не е така плукни-залепи. Ако сте во врска која сакате да премине на повисокото скалило, едноставно кажете му го тоа на партнерот, не туку пробувајте финти, баења. Само со отворен разговор може да се среди се, а вака може само додатно да си направете проблеми. Манипулации, лаги, срам... лош старт за предбрачен живот.
Девојки не ни мислев на баења и ако под финти ме разбравте да го зезнам како примерот со бременост.Нема шанси тоа никако.Можда погрешно се изразив или сте ме разбрале. Мислев како да го потпрашам,на кој начин,дали директно,дали од околу да ми кажевте како да постапам од кој агол,за да не бидам сватена погрешно или па недај Господе да го уплашам,ма да ние сме отворени еден кон друг и за овие работи и мн.пати ми иде да почнам подетален муабет на темава ама некако ми се кочи јазикот мислам дека не можам прва јас да започнам на оваа тема,што би рекла? На тоа мислев да ми помогнете ако можете.дали некој можда има искуство слично на ова,или истиот проблем.Благодарам девојки,бацки........
Епа така пополека прашај го! Абе мили и така и така се сме си заедно а да се вериме што мислиш а или па милиш дека е рано?
Ти има некогаш тој нешто спомнато за веридба или нешто слично? Можеш некако како на шала да му спомнеш нешто,само за да видиш како ќе реагира, да го испиташ. Знаеш што,мажите(без навреда) знаат за многу работи да бидат труп,треба да им се даде до знаење .Колку време одите вие? И мој совет немој да брзаш, некогаш знаат коцките сами да се наредат.
Па да,затоа барав совет хахаха затоа што некогаш се трупови за вакви работи,а сме разговарале за нашата иднина и нашиот живот понатака али не конкретно за свадба и кога...а незнам зошто но мислам дека и тој сака нешто да ми рече во врска со истово само некако како да не се осудува,незнам што е работата,можда он мисли јас да не речам рано е или сл. Затоа сакав јас да му подречам од околу па ќе видам што мисли и дали не се лажам околу ова...за да знам до каде сме и на што сме.Ќе смислам некако низ муабет ко ќе се погодиме па ќе пробам. Ако нешто ви текне пишете ми. Фемина11 фала на советот срцуш...ве поздравувам сите.
Едноставно, прашај го какви му се плановите за иднина, каде се гледа себеси за десет години, на пример. Не прашувај го за вашата врска, туку генерално, какви амбиции има. Така ќе сфатиш кои му се приоритетите и дали сака да се обврзе уште сега или сака да почека, да оствари некои цели. Само не го притискај
па ако сте повеќе време заедно сигурно сте збореле и на таа тема. Не ми е јасно еден пар да се заедно 4-5 години а да немаат направено план од типот на здравје боже ако сме заедно за една година ќе правиме веридба . Тоа е нешто нормално да се прават планови, да се метчтае но сепак на крај да е спонтано