Да да и мене ми е глупаво. Не сакам да живеам невенчана општо ми е глупаво, ама да е веќе закажана свадбата е друго. А така со години не.
најѕбаво пари, но доколку сакаш да им купиш нешто, може некој блендер, тостер, зависи и до колку пари ти се дава... оди до некоја продавница за бела техника, ќе си видиш таму најубаво
Јас имам неколку прашања. 1. прстенот за запросување, прстен на веридбата и бурмата тоа се три различни прстења.. така? 2. дали и што се даруваат гостите на момчето кога доаѓаат за веридбата и дали сите гости или само најблиските..?
При запросување се дава вереничкиот прстен, на веридбата се менуваат бурми, и тоа е тоа. А за дарувањата како ќе се договорите. Амбрелче и ти како мене ги напна темите со адети и јас никако да ги научам
Ќе бидеме кумови и сега ме интресира што треба како кума да однесам на вердбата за невестата и младоженецот? Благодарам
Се зависи од тоа колку пари планираш да потрошиш. Ние од кумата добивме сет за во купатило, плус бонбониера и вино.
Знае ли некоја од Вас да ми каже кога се паѓа НОВИНА (за правење веридба) ВО месец МАЈ !!! Мајка ми и баба ми не знаат а и јас сум иста.... пишете ми.... позз
http://www.femina.mk/%D0%B4%D0%B8%D0%B5 ... D0%B0-2014 Еве инаку и јас не знам, ама ми текна дека овде имаше напишано.
Сеа не е баш соодветно за тука ама ај. Колку време е најсоодветно да бидеш верен? (знам дека е индивидуално ама ете според некоја логика, адети- така нешто)
Jaс колку што знам нема адети за таа работа Кога младите сметаат дека се спремни стапуваат во брак, познавам парови кои тоа го направиле веднаш по венчавката, но и онакви кои тоа го направиле после неколку години
По старите адети, мислам најмалку 6 месеци. Но се зависи од вас, колку сте по терање адети, според мене небитни ситници. Ние немавме веридба. Ми купи само прстен за да ме побара, после 2 месеци се земавме
Ние немавме веридба, јас не сакав. Ме запроси на 6-ти јануари и се договоривме да нема веридба. Неговите родители беа кај мене на ручек после еден месец од запросувањето, па после тоа беа моите родители кај него и така. Немавме размена на бовчалоци, ништо такво, тоа се залудно потрешени пари. Свадба закажавме на 6-ти септември, тоа е тоа што мене ми е битно да излезам од дома со музика и бел фустан.
Девојки на веридба сум кај роднина, не мн блиска. Сакам да и купам нешто до 1000-1500ден , па ако може некој предлог. Сакав постелнина, но ете и нејкои др ке носат постелнина, па сакав нешто др поразлично.