Можеш да однесеш огноотпорен сад за печење, тава за печење со капак, телесна вага, ѕиден часовник, електричен бокал, машинка за сецкање, и сл. За тие пари може да се најдат многу работи.
Девојки дајте ми предлог за поклон за веридба? што се носи? Некои викаат за дома нешто се носело, некои за невестата нешто се носело... Што ви носеа вас за вашите веридби?
Зависи од кој крај се тие што ги прашуваш За мојата веридба од мојата страна е адет да се носи нешто за невестата, а од кај мм е адет да се носи нешто за двајцата. Најмногу добивме постелнини, пижами за мене, колекции за двајцата, рамки за слики, чаршафи и платнени салфетки за на маса, албум за слики со кожени корици...
Јас знам дека се носи нешто за невестата, прв пат слушам за дома нешто, такви работи се носат на свадба. Ама можно е, кој како си практикува. Ако си блиска со невестата можеш и да ја прашаш, барем ќе има од тебе нешто што навистина ѝ треба.
Јас колку што знам, за веридба се носи нешто за двајцата. Ние добивме многу поклони - сервиси за ручање, обични чаши, соковник, тањирчиња за грицки, вазна, тостер, сет за во купатило, ќебе, чаршафи за на маса, јорган, бањарки, пешкири, колекции, и др. Не ми текнува на сите поклони. Логички е да се носи нешто и за двајцата, затоа што и двајцата прават веридба. Кој како си сака.
Jas znam za veridba se nosi blago i cveke, a vakvi 'domakinski' podaroci se nosat na svadba.Barem taka e kaj nas (istocna mk), no sekoj kraj razni obicai...
Бидејќи во Скопје скоро сите носат пари на свадби, затоа на веридби носат скромни подароци. Секаде е различно. Освен поклоните, ние добивме еден куп цвеќиња и бонбониери.
девојки ми треба ваш совет и мислење.Планираме во јуни дума/веридба ,е сега проблемот е во тоа што дечко ми треба да изнесуваат на баба му 1 година па прашањево ми е дали да правиме веридба пред да изнесуваат или од кога ке изнесат веќе после 1 недела
Од тоа што имам слушано за вакви ситуации било подобро после тоа да се прави било каква прослава, дека уште една година не е помината па затоа
јас мислам дека пологично е прво да изнесат 1година па тогаш да правите веридба барем ние така чекавме да изнесат пола година на чичкото на мм па потоа правевме веридба
ви благодарам девојки и ние мислевме исто,но сепак сакав да слушнам и од некој што се нашол во иста ситуација ви благодарам уште еднаш
Од секогаш замислував гооооолема веридба но се повеке тоа не го сакам. Со оглед на тоа дека веридбата ти е половина свадба се одкажувам од веридба , со тие пари свадба ке си направам. Едни соседи направија веридба и после тоа цела недела по 20 души им дојдоа на честито преку 2000 е потрошија за тоа . Сакам само скромно да си дојде дечкоми со неговите да ме побара и утрето веднаш да си заминеме некаде на патување ние двајц и кога ке се вратиме да си закажеме свадба. Зошто да си правиме дупли трошкови
Пред една недела правевме веридба во еден ресторан и бевме собрани само најблиските плус минус околу 15 луѓе и супер поминавме. Не се потрошивме многу, а и според мене веридбата треба да е баш таква само за најблиската фамилија колку да се одбележи. Сум била на веридба каде се вртеа ора и се прославуваше баш како свадба и не ми се допаѓаше тоа па затоа решивме да биде на овој начин поскромно.
Како прво, нека ви е среќен бракот, многу деца, среќа и многу слатка нервоза да ве прати целиот живот. Се согласувам со повеќето тука дека фрлање пари за голема веридба и останати трошоци е сосема непотребно, а и плус живееме во лудо време каде што на сама свадба се разведуваат и после родители не можат да отплатат кредити со години. Чувајте си го семејството и бракот. Нема поголем благодет од тоа. Утре ќе нема кој да ви истиска бубуљица на грб
Ми треба совет. На веридба сум во среда кај не толку блиска пријателка. Не сум баш финансиски во добра состојба па сакам да и однесам букет цвеќе и благо. Што мислите доволно ли е тоа? Што обично носите за веридба? Фала однапред.
Буќет цвеќе и нешто благо е ок, ако евентуално сакаш да и однесеш некој скромен подарок можеш да и земеш на пример комплетче маичка и гаки, се движат околу 150-200 денари
Ми треба совет планираме да си се земеме со дечкоми и да си направиме свадба во скоро време планира да ми даде прстен, но сега проблемот е што сме голема фамилија и не сакам веридба ако направиме веридба ке ни отидат толку пари како свадба да сме направиме а секако дека си сакаме свадба а не веридба па ми треба совет кко може да се избегне тоа и секојдневно доаѓање на честито ?
Kако ли? Tолку е едноставно.Свадба. Познавам доста млади брачни парови, кои долго беа во сериозна врска, и едноставно ни испратија покани за свадба.Веридба ни немаше.Не поканија на свадба.Многу зрело и паметно постапија. Зошто би правеле непотребни трошоци?Испаѓа како две свадби со веридбата. А и некако незгодно им беше да прават веридба кога со години практично живееја заедно и чекаа да го завршат школувањето и да се вработат.
^ Многу едноставно и корисно... Вие закажете си ја свадбата и сите церемониии што следуваат, па некое време пред свадба(месец дена), нека дојде тој со родителите да си дадете збор, и за да се избегне секојдневното идење на гости, ти можеш и да си останеш кај твоите до свадба.Давањето збор не значи и дека мора да одиш кај зетот, а доколку сето тоа го направите во најкратко можно време без означување на датуми и канење на гости, мислам дека супер ќе ви испадне. Се со добра мисла да ви биде.