1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Веридба

Дискусија во 'Свадба' започната од srcushka, 18 август 2010.

  1. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Епа на добар пат си. Цвеќе и бомбоњера обавезно и третата работа нека ти биде некој подарок за нејзина лична употреба, марама, некоја маичка, папучи, бањарка, некој новчаник или ташничка, колекција со парфем или средства за хигиена и слично. Тоа си е твој избор, а најдобро би било и да го прашаш дечко ти ако знае што највеќе таа обожава или би ѝ користело. :)
     
  2. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Дали е глупо да се даде збор (да се направи веридба) во ресторан?
    Пошто, нели-обичај е зетот со најблиските (родители, брат, сестра) да дојдат дома кај невестата за да се запознаат и да ја побараат невестата...
     
  3. ssweety

    ssweety Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2014
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    1.494
    Пол:
    Женски


    Тоа е ваша желба тука нема никакво правило вие како што си сакате...
    сестра ми сакаја така и правеа веридба во ресторан, а јас несакав така и за мене вееридбата беше дома....значи сепак како што ви одговара вас така :)
    прво зборот си го дадовме со најблиските во среда а во саботата се правеше веридба...
     
    На MIA-SK му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Ние нема да правиме сега веридба затоа што се невидени трошкови а секако си планираме свадба...
    Па една недела пред свадбата ке си ннаправиме веридба само нај блиските и тоа е тоа
     
  5. sanja.sani

    sanja.sani Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    2
    луѓе планираме со вереникот прво да се регистрираме,а после неколку месеци ке правиме прослава! ме интересира дали за во матично ке ни требаат бурми? некој викаат да, некој викаат не , а јас не сум била во матично никогаш кај никој, така да ве молам за одговор
     
  6. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    2.518
    Пол:
    Женски
    вака може да си размените некои обични прстенчиња,а после во црква бурми зошто ако ги ставите во матично кога ке одите во црква да си венчате ке треба бурмите да ги валкате во брашно па во вино триста глупости зошто не се ставале носени прстени а вака некои пообични и така ова ти го кажувам со 100% сигурен извор позз и со срека
     
  7. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    не ти требаат во матично бурмите, за во црква ти требаат, ние правевме прво регистрација, па откако се породив свадба, и со бурмите си бевме, ние после веридбата си ги ставивме и не ни се извадени :)
     
  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Burmite se za vo crkva.
     
  9. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.072
    Допаѓања:
    17.213
    Пол:
    Женски
    Девојки дали може црн фустан да се носи на веридба? Јас кога ќе правам сакам црн да носам, да се разбереме значи убав елегантен црн фустан. и викам на мама дека црн би носела и ме искара :o
     
  10. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека не е забрането и нема што може да се носи а што не може на веридба. :) Но мајка ти те искарала бидејќи тоа е како непишано правило, на веридба да се носат посветли и повесели бои, а голем дел од девојките ја бираат токму белата боја. Јас не би ја избрала белата боја бидејќи не сакам предвреме да глумам невеста, се знае кога ќе си облечам бело, на денот на свадбата. :D Но покрај толку бои и јас сметам дека можеш било која освен црна. Колку и да е елегантна има други прилики за да ја носиш, а да не е твојата веридба. :) Да си ја слушаш мама. :!: :lol:
     
  11. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    јас имам две прашања:
    1. Што поклон може да се однесе за веридба кај пријателка
    2. Дали е срамота да носам валкано бела боја фустанче :?:
     
  12. mariolet

    mariolet Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    18
    1. Покрајс цвеќе и благо, можеш да и однесеш некој sexy долен веш, пижами,колекција,пари во плик, ако ти е блиска можеш и да ја прашаш што и треба.
    2.А јас мислам дека воопшто не е срамота да носиш бело фустанче дека не е свадба туку е веридба.
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Vikiliks

    Vikiliks Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    32
    Е ајде конечно да ви кажам и јас маката:) јас имам 23 дечко ми има 24 :) а октомбарот направивме 10 години од врска :) правиме секакви муабети..знак дека има време ама велам ако нешто чекаш да се среди никогаш нема...а не е никаква разлика да си верен и да ди она што сме сега..единствена разлика е тоа што не плакаме сметки и што за спиење се делиме :)
     
  14. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.253
    Допаѓања:
    124.714
    Нашата нема да биде голема веридба,кај мене ќе дојде дечко ми со неговте или сестраму и зетму,а кај мене ќе бидат само семејството и другарките кои ми се како сестри.Е после одкако ќе заминам кај него ќе ги поканеме само колегите и другарите.Што треба да носи дечко ми освен прстен и цвеќе??Разговаравме и одлучивме дека нема бовчалаци и такви цермонии.Па и другарките прашуваат дали освен цвеќе и бомбониера треба да ми донесат друг поклон???
     
  15. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Штом сте се договориле однапред дека нема да имате дарување, тогаш сосема е доволно прстен и цвеќе/бонбониера. Зошто пример ако тој донесе нешто повеќе, на твоите може незгодно да им падне зошто не очекувале ништо, и обратно. Така да, стојте си на договореното, тоа е чиста формалност, заштедете си за церемониите за свадба. :) Со среќа и честитам. :))
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Штом знаеш дека Тој е Вистинскиот, и Ти - вистинската, земете си се. Плус имате долга врска, ако ништо не ве кочи, стајте си се на едно место и оформете си семејство :D И самата кажа, во животот се` нешто ќе ни фали, такви сме си ние луѓето, понекогаш испуштаме убави прилики зошто си се убедуваме дека "сега не е време".
     
    На Vikiliks му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.407
    Пол:
    Женски
    Dragi feminki, sto oblekovte na vasata veridba ? Mojata se nablizuva pa si sijam edno fustance ama bidejki ke bide vo domasna atmosfera pa da ne bide too much ? :?:
     
  18. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.253
    Допаѓања:
    124.714
    Јас носев кралско зелена боја фустанче со златен патент напред,над колена со 3/4ракави,едноставно,бидеќи и нашата беше дома несакав да изгледам преелегантно,едноставно и убаво се чувствував.
     
  19. bussines-woman

    bussines-woman Активен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Јас си носев сина (тегет) сукња, од оние што се цели ластик и бело кошулче. Тоа беше надополнето со богато бело-кремаво ланче и алка. Шминката и фризурата сама си ги средив :)
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ani.taa

    Ani.taa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Здраво девојки
    Најпрво да се пофалам за тоа дека дечко ми ме запроси на начин кој што воопшто не го очекував и ме направи најсреќна на свет.
    Планирам да направам веридба во август така со повеќе гости дека не планирам во скоро време да правам свадба, можеби после 5 6 години па би сакала да ве прашам за некој бенд така што свират забавно и народно ама да не бидат многу скапи дека веридба е не свадба. Би ви била многу благодарна ако ми препорачате некој за во струмица бидејќи таму ке биде веридбата. Однапред ви благодарам и ве поздравувам
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.