Дали ги дарувавте гостите на веридбата? И некоја идеја што за машките, а што за женските? Нашето ќе биде веридба/збор значи 10 луѓе се на се со се моите. Као рековме нема дарувања освен меѓу нас што ќе си дадеме. Ама сепак нешто симболично не ми е проблем да земам за другите па ако имате некоја идеа?
Мимице и мене следниот месец ме чека истото.Јас си стоев на тоа дека нема дарување воопшто, и кај нас ќе биде исто само најблиските. Јас си го имам прстенот како спомен, а моите ќе му купат нешто на вереникот, колку за спомен нели. Инаку колку што знам јас се даруваат симболични работи, како чорапи, крпа, па може и некој интересни гаќи или маички за некој помлад, па макар и некое карминче нешто. Eдит : Па и некоја марама, доаѓа есен, па ќе биде искористено парче.
Ооо честитки. Јас сум малку збунетка искрено, а и моите. Еј чорапи и гашти не ми се дарува. Мислев паричници да им земам на женските може и марама за женски е лесно, за машките се чудам што да биде/ ми велат кошули ама кај ќе погодам број. Може и ќе баталам тоа ама ете слушнав дека се давало по нешто па мислев да спакувам нешто интересно онака.
Фала ти, честитки и тебе. И кај нас е истата ситуација, сосема те разбирам. Мајка ми е толку збунета што стално несвесно менува по некој план и стално ме прашува нешто сосема трета од тоа што сме се договориле, па ме буни уште толку. Со душа чекам да помине оваа формалност, најискрено. И мене ми се безвеза подароците , останато од едно време, па затоа и одлучив да нема ништо. За женски е лесно, има разни тракатанции, за машки е секогаш потешко. Можеш машки ремен..?
И мојата е иста. Напната сум и викам ај да помине тоа па ќе си прославиме со друштво без никакви процедури. Мајка ми спомна, вика а нешто као за спомен на неговите нема ли да купиме, оти она купувала по некоја ситница за веридбата. Секако не се многу луѓе. Ремен е добра идеја, утре имам за шетање од гардероба за мене па до подарок за вереник и ако најдам по нешто за другите.
Ние само си разменивме прстени вереникот мене а татко ми сакаше да му подари и на зетота првата замисла беше само тој да ме побара мене со прстен и толку. И се разбира букет со цвет на љубовта Ги имавме собрано само другарите и колегите па и тие ми подарија по некој поклон и свежо цвеќе. Кој како да си одлучи нема да згреши нема веќе правила за ништо,кој како си сака.
И на мојата бевме само домашните и ни беше на сите безвезе да давам дарови, цело време заедно истите луѓе па ајде сеа по некој поклон да поделиме за успомен ... нема потреба
Братучедка ми коа правеше веридба беа само двете семејства, без роднини, пријатели. Она на него му купи убав рачен саат а на неговите сестри по една ташна плик. Незнам дали имаше за свекорот и свекрвата ич не се сеќавам..
Девојки ве молам за помош... Со дечко ми планиравме да се вериме во Декември, меѓутоа тогаш бил божиќниот пост.. Ме интересира дали некоја правела веридба за време на пост и дали сте слушнале дека може/ не може да се прави тогаш?
Не сум правела веридба, ама мислам дека има врска само венчавката во црква, во пост не би требало да ве венчаат. А веридба мислам дека кога сакаш можеш да правиш (самата како таква нема нешто многу врска со црквата, туку со двете семејства), е гледај да имаш и посна храна спремено, за тие што постат Па ако толку им е шубе, нека прашаат во црква. Според веридбите на кои јас сум била, немало некое правило.
И мене ме очекува наскоро веридба во која ќе ја имам улогата на золва Од мојата идна снаа добив напомена (можеби погрешно се известив) за тоа што планира да не' дарува мене,сопругот и синчето, а ние самите да си избереме, па да и' кажеме таа само да ги земе. За мојата веридба јас ги дарував само свекорот и свекрвата со паричници, а за золвата искрено не се сеќавам на поклонот, со тоа што за свадбата подготвивме дарови за сите од кум, кума, свекор, свекрва до баби и дедовци. Дилемата ми е... Дали треба да подготвам дар за снаа ми (брат ми) и ШТО? Иако "дали" не ми е предмет на размислување, во никој случај не би отишла како што се вели со "празни раце", иако првичната замисла и асоцијација за поклон по повод веридба ми е цвеќе, бонбониера и некој пијалок (вино), впрочем скоро сите на мојата веридба дошле со истото. Единствено од старосватицата имавме убави бањарки за мене и сопругот, па оттука размислувањето ми е дали да земам и јас за снаа ми и брат ми. Дали некоја убава постелнина да им земам? Или само за неа некој поклон? Што да биде?
Имам едно прашање девојки... Сакаме да правиме веридба на трет ден Божик, но кажувааат дека не требало да се прави од божик до водици такви работи... Дали знаете нешто во врска со тоа?
Александра ке пробам да ти разјаснам иако е сум скроз сигурна.Деновите после божик,односно 10ти јануари до 18ти,се викаат "некрстени"или народски црни денови,бидејки тогаш не се случувало ништо,се до Богојавление(кога Бог се јавил)на 19ти...Тоа го поврзувам некако логично,а за Вие планирате веридба на 9ти коа сеуште е божиќ и не сум слушнала дека не смее,или не е убаво,напротив на таков убав празник да си озваничиш врска според мене е уште поубаво.Можеби не венчаваат во црква на Божиќ,сепак ти препорачувам да се консултираш со свештено лице и да си добиеш благослов Tи посакувам среќа и убава веридба!
Дојдов да се приклучам во темата гледам некои од вас го поминале тој ден, па ме интересира мислење околу една работа: дечко ми ми даде прстен и сега ќе правиме мала веридба само семејствата од двете страни ќе се, бурми сега не купуваме туку за свадбата. Е сега сакам да слушнам мислење дали треба сега јас да му купам прстен за тој ден?
TE="bella12, post: 2637130, member: 106566"]Дојдов да се приклучам во гледам некои од вас го поминале тој ден, па ме интересира мислење околу една работа: дечко ми ми даде прстен и сега ќе правиме мала веридба само семејствата од двете страни ќе се, бурми сега не купуваме туку за свадбата. Е сега сакам да слушнам мислење дали треба сега јас да му купам прстен за тој ден?[/QUOTE] Zosto ti prsten da mu kupis ti na raka nosis zaprosuvacki prsten. Darovi za svekrta i svekorot , no ne i prsten da mu kupis nemu. Bidejki ako ti nemu mu kupis treba i toj tebe uste edne vereni4ki prsten. Zosto ti sega toj so go nosis e zaprosuvacki ne vereni4ki prsten. Ama ako sakate plus prsteni plus burmi kupete si no i dvajcata. ZAPROSUVACKI e tvojot ..