Дечки другарка правеше регистрација само со најблиски, со родители, брат, сестра, кумови. Но, сега сум во дилема дали треба да почекам да ме викне на веридба или да се најавам и да одам? Блиска ми е, ама не спомна ништо, можеби сепак од финансиски аспект размислува дека е трошок, не знам. Што би советувале, за честито треба да те поканат или не?
Зависи од близината. На честито не се кани официјално, ама преќутно се знае дека ред е да се отиде. Мој совет: причекај некој ден да отидат прво тетки/стрини, па најави и се на ,,едно кафе,,
И јас така мислев. Ако не отидам, ќе мисли замерена сум нешто. Лута сум, ќе се одалечиме, а баш ми е блиска и е многу ок. Ќе почекнам, ќе купам нешто и одам.
Па ќе и се јавиш, ќе честиташ, ќе истераш еден муабет како било шо било на регистрацијата, па дали планира свадба. Ако планира нема потреба да и одиш сега па послето пак на свадба...
Можеш да однесеш некои убави чаши за вино, постелнина, можеби бањарки - имаше некои интересни со везови позади, нешто такво отприлика имам носено јас.
Јас сум во мисла... Другарка ќе прави веридба па ни рече поклон во плик... Колку мислите дека е во ред да се носи...? Нејќам ни многу( бидејќи не е свадба сепак ) ни ептен малку..
Блиски сте? Ние имавме од другари 1500 денари, ама ептен блиски, од други поблиски роднини имавме по 15-20 евра, 1000-2000 денари. Ама имавме и вино, чоколадни бонбони, пижами, крпи, бањарки и сл. Мислам дека 1000 денари се доволни, сепак зависи од можностите.
Се носи Цвеќе и благо обавезно ,плус нешто за младите Сум носела злато,убави баде мантили,пари....зависи колку ти се блиски
Кога ке те запроси на која рака треба да се ставе прстенот? Сега во Сабота дечко ми ке дојде со поблиските за да ме побара, па кога ке ми клекне на колена да знам која рака да ја подадам хаха
Ќе може ли помош .. Што се става на маса кога доаѓаат да бараат невеста незнаеме што да спремиме со мајка ми прв пат ни се случува во куќа и многу сме збунети помош ќе ве молам :/
Што имаш тоа ќе ставиш. Зависи од буџетот. Кај нас кога доаѓаа по мене и сестра ми имаше се и сешто што на крај се се фрли никој не касна ношто нели дек упознавање па срам ги беше и двете страни.
Јас имам замисла здравје за мене да не правиме веридба, бидејќи долго време сме заедно, а и ми е глупо со адети и триста чуда, туку регистрација и после регистрацијата ручек или вечера во ресторан зависи кога ќе биде закажана рег. Што мислите?