Sinot se sprema da ja pobara devojkata i sega sum vo dilema neznam sto se nosi koga ke odime da ja barame kaj nejzinite(bidejki jas pred26 god.bev begalka)
Сите во главно како ќе се договорат така прават,меѓутоа најчесто треба цвеќе, благо, пијалок и поклон за невестата Во мојот крај свекрвата носи и блага погача. Доколку идете со сите ретки еве за пример ќе ти кажам мои блиски што носеа : букет цвеќе, торта, пијалок, комплет бело злато огрлица со обетки и нараквица, златник, бовча за невестата од пешкири, пижами до ташна и парфем во неа Според мене ова е премногу ама кога правеа свадба не се даруваа па може затоа. Како и да е со среќа и убаво да си поминете Заборавив дека исто така и имаа дадено пари да си го купи фустанот и чевлите за таа вечер.
Што се носи на поклон? Кај другарка сум мене за свадба ми дојде со 1000ден. Веридба не правев, не знам што се носи а и не сакам да се расфрлам..
Јас правев веридба, најмногу постелнина ми донесоа, имам прекривки за спална, пешкири, пијалоци, бонбоњери, парим пижами и цвеќе ми имаат донесено. Се надевам сум ти од помош.
Девојки, дајте предлог некој за поклон за веридба кај другарка. Нешто интересно, не она класичното постелнина, пешкири, бањарки....
Идеи за подарок за веридба кај кумови? Сакам нешто интересно поинакво, а не класика пешкири, постелнина... Или тој тип на подарок ама со интересни натписи каде да најдам? Кецели(престилка) пример машка женска исто така со штосен дизајн?
Луѓе ве молам за мала помош Јас и дечко ми не сме тип на луѓе што сакаат големи веселби и слично. Затоа се двоумиме помеѓу мала свадба или веридба. Е сега мене малку не ми е јасна разликата помеѓу овие две. Освен што нема да носам венчаница Во црква секако ќе се венчаме. Или веридба е само тоа прстен кога се дава? Се извинувам, ама до сега не сум била на веридба, само по свадби и не знам како оди тоа. Со оглед на тоа што сакаме само најблиските да се со нас тој ден. Што е подобро?
Јас и вереникот не сакавме голема свадба, интимно најблиските ама најблиски од негова страна се 100 души, ако каниш еден чичко, не можеш другите двајца не.. све на све ни се собраја 250 од двете страни, според мене пак многу ама тоа е. Мислев дека со понуда за брак темата веридба ќе е завршена, само еден ручек нашите родители и сестра му и крај ама моиве запнаја една ќерка имаме, еднаш те мажиме не можи без ништо. Се одлучивме да изнајмиме вила со базен, убаво украсено, келнери, вкусна храна која ќе е и убаво сервирана, пијачка и интересна музичка (забавно), максимално 30 души од двете страни со си кумовите.
Кај мене баш препорачаното од @Emotional123 испадна најдобра опција. 2 недели пред свадба ќе дојдат да ме бараат. Тука ќе бидат само домашните. Потоа решивме ќе правиме свадба со најблиските околу 50 души. Во преубав ресторан во природа на отворено. Ќе си носам венчаница,ќе има по некој адет, музика. Мислам супер ќе биде.
За 2 недели ќе дојде дечко ми со неговите да ме побараат, кога ќе ме побараат вечерта си заминувам јас со нив. Ќе биде ручек само, ништо посебно. Моите најблиски и неговите, чичко му и стрина му.. По 2 недели откако ќе ме побара правиме мала свадба. Се договоривме ние меѓу себе да не се даруваме. Е сега за веридбава или што и да е стрина му решила бовча да ми прави ,мислам и мајка му.. Сега не знам дали јас на нив треба да им подарам нешто ? Некој вика треба, некој вика не.. Да ми помогне некој?
Има некој обичај кога идат да зимаат девојка семејството на мажот ја дарува невестата со бањарка,папучи, пижами итн за да има кога ќе дојде во новата куќа.Е сега ако ти е глупо дарувај ги ама мислам нема потреба
Адет било да се дарува. Јас не сакав дарови. Гаќи, маици, прслуци, пешкири и триста чуда? Ноу, ноу. Не е ова веќе старо време.
Јас не сакам дарување. Ние и така се договоривме без дарување да е свадбата. Сега дечко ми вели желба им е, поклон ти носат. Не треба ништо да даваш. А Овде кај нас нема таков адет, се носи торта само мислам и толку.
Џабе ние не сакавме дарување, ама и на мене и на мим поклони сите ни дадоа Мене и моите роднини ми дадоа поклони... Јас од мене само на свекрвата и' купив поклон. Таа на моите им донесе корпа со благо, вино, чаши за вино и букет. Мим доби од моите саат, од сестра ми алка, јас од свекрва ми алка, од девер ми ранец, од роднини добивме претежно заеднички поклони (постелнини, бањарки, пешкири, некои украси и сл. а јас добив + сребрен накит, мим кошула, ваучери и пари), мим само на сестра ми и' купи поклон, јас на свекрва ми ташна. Немаше шанса да заобиколиме иако максимално се потрудивме, успеавме само да се убедиме да не претеруваат со вредноста на подароците и да бидат пристојни. Мое мислење е ако ти сакаш да и' купиш нешто - купи и', ама не се оптеретувај. Нас ептен не оптеретија со поклони, а на крај како доаѓаа на врата ми даваа, како на роденден па немаше на ти го - дај ми го
Мене ми е глупаво тоа. Бадијала зборувам цело време. Си тераат по нивно. Ај да е ова веридба нешто поголемко, па да сфатам. Ама ние за 2 недели после ова правиме свадба. Јас тогаш ќе им дадам по нешто на свекор,свекрва, сестра му. Непотребен трошок ми е се ова. И од нивна страна и од моја. По 2 пати да им поклонувам нешто? Во разлика од 2 недели. Ете тоа ме мачи и не знам како е паметно.