Веридба

Дискусија во 'Свадба' започната од srcushka, 18 август 2010.

  1. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    474
    Пол:
    Женски
    Имено, за месец и половина ме чека ова :) Од мала сонував за традиционална свадба, па сега сакам се‘ да биде со ред :) Иако, не планираме скроз да забегуваме со адети.
    Прво ќе дојдат неговите да се запознаат со моите, а после недела-две ќе правиме веридба, и тоа нема да биде мала. Двајцата сме од големи фамилии. По она што јас го знам, невестата треба на веридбата да ги дарува сите гости со нешто симболично. Бовчи не планирам да правам. Тоа за свадбата, ама и тогаш нема да бидат класични бовчи со ќебиња и сл.
    Кои обичаи за веридба ги знаете? И имате ли идеа со што да ги дарувам? Јас мислев сега за него да земам саат, и за кумот нешто такво, за старосватицата и за сестра му накит, а за татко му, за кумата и за останатоте тетки, стрини и братучеди, неам поим што би им земала. ХЕЛП :)
     
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.253
    Допаѓања:
    14.952
    Пол:
    Женски
    Навистина незнам зошто да си правиш дупли трошоци кога и онака на свадба ќе ги даруваш.
    За вердба знам дека свекрвата купува злато, вереникот веренички прстен, и твоите за зетот исто така злато. Порано занм беше дека и за веридба свекрвата треба даи ја купи облеката на снаата,ама незнам дали сеуште го прават тој обичај.
    Покрајподароците, нели си разменувате торти со сватовите, и тоа е тоа.
     
  3. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    1.582
    Допаѓања:
    21.621
    Пол:
    Женски
    éдна моја братучетка на нејзината веридба за сите гости имаше поклони во вид на шешири , машките беа во зелена, женските во розева боја. Во женските поклони имаше боди и хулахопки , а во машките имаше машка долна маица и Чорапи. <за мене малце претерано е они прво дадоа збор во најтесниот круг на семејството . после во јуни веридба со 100 гости , после во септември свадба со 400 гости . Според мене претерано . Нас како најблиска фамилија не стави во голем трошок . Подарок за веридба (пари плус постелина) и за свадбата исто така поклон пари :!: ако веке давате збор а после имате планирано брзо време свáдба , нема потреба од голема веридба :^) Според мене :)
     
  4. hunny-bunny

    hunny-bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    74
    Јас да си кажам како ние направивме. За веридба дојдоа мм со родителите,братот и девојката. И исто бевме и од моја страна значи моите, брат ми снаа ми. Си се запознаа сите убаво, си јадевме, си пиевме си се дружевме опуштено цела вецер.Немаше дарувања чорапи, марами, јамболии и што ти знам друго.
    Значи трошок = 0. Матично си направивме еден месец порано, сами со кум, старосват и најбликсите. После тоа културно си отидовме во Визијана, и преубаво помина и тоа. Ефтино а прекрасно.
    Трошкови некои посебни немаше освен некои си 100/150 денари во матично, по еден парфем за кумот, старосватицата, и браката бидејки сакавме ете така да ги почестиме и нив со нешто симболично.
    Е сега бидејки ние долго живеевме заедно пред брак , некако ни немаше смисла тоа идење по невести и такви адети, па фино лепо си дојдоа кај нас родителите, си се напивме по една пијачка, и отидовме во црква таму не чекаа поблиските, си завршивме работа, од тука во рестран, и готово.
    Ниту бовчи, ниту дарувања, ниту прасиња од кумот.
    Мислевме дека нема потреба од такви непотребни трошкови, а бидејки се тоа е ствар на договор, нашиот договор беше таков. На 8 беше свадбата на 10 ние двајцата веке бевме во авион за нашиот одмор од соништата. И тоа не од парите собрани од поклони, туку од парите заштедени од непотребни трошкови.И сега со чаша винце дур си седиме гушнати со мм не се подсетуваме од бовците и на вечерите туку на тие 10 дена поминати далеку од тука...
    И правете на вас како ви одговара, а не според тоа што и како правеле пред 100 години.
     
    На mimiiiii, Trnche, tinkerbelll и 2 други им се допаѓа ова.
  5. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    474
    Пол:
    Женски
    Ние ќе имаме 40тина гости на веридбата. А свадбата е дури догодина. Не планирам некои бог знае какви дарови, освен за него, за неговите, кумот и старосватицата. Мене тие ќе ме даруваат со злато, моите него исто. А за останатите планирам за женските марами, за машките по една кошула. Ис ит ту мач? Е сега, слушнав дека кога ќе дошле не треба да им се дава ни да јадат ни да пијат се‘ додека не се договорат со моите. Колку повеќе обичаи слушам, толку повеќе се бунам :(
    За тортиве не знаев. Златото го земаа, облеката сама си ја купив, вереничкиот е спремен... За него е земено исто... проблемот е со останатите гости. Што мислите вие? Би ви се допаднало да добиете марама некоја убава? Или машкиот дел од роднините ако добијат по една кошула?
     
  6. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Не се замарај толку со сите обичаи. Секоја фамилија си има свој обичај и секој кажува различно. Прави како на тебе најмногу ти одговара. Мене на пример, глупаво ми е тоа да нема ништо на маса додека не се договорат (да се договорат бе :^) , како за стока да се работи).
    Јас не сум за веридба во никој случај, ама ете ти си решила. Знам дека треба зетот да се дарува, а неговите тебе. Сите гости да се даруваат ми е без смисла. Само празно фрлање на пари.
     
  7. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.536
    Во секој град си прават различи адети, ама веќе мислам дека ги нема оние класичите веридби со секакви адети. Еве на пример ние за сестра ми правевме мала веридба само за најблиските роди. СИ спремавме дома, си севиравме дојдоа сватовите донесоа бовча за сестра ми и торта и ние дадовме бовча на зетот и мали бовчички на сите гости. Си поседивме како на обична седенка и пред 12 сите отидовме кај зетот и таму си ја продолживме седенката. Ептен убаво си поминавме.
     
  8. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    474
    Пол:
    Женски
    Епа така нешто и кај мене ќе биде :) Само ние кај нив ќе одиме следниот ден. Т.е. моите ќе дојдат кај мене, веќе тогаш :)
     
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.253
    Допаѓања:
    14.952
    Пол:
    Женски
    Веќе ако си решена да ги даруваш сите гости, тогаш за жените убава марама, а за мажите вратоврвка.
    А за кумовите,старосватицата и деверот, ти си знаеш.Сега можеш нешто посимболично некој парфем нешто, убав кожен каиш.
    А тоа саати,злато остави за свадбата(ако правите свадба)
     
  10. roksen

    roksen Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Sega jas da kazam kako napravivme nie za nasata veridba,ama veridba kako svadba,bidejki ziveevme nekoe vreme zaedno i ni bese veke zakazana registracijata vo maticno i zatoa sakavme mala proslava za najbliskite-80 dusi,se mislevme koi da gi vikame koi ne ama site najbliski ni bea 80 luge i posle maticno otidovme vo restoran pa i so muzika i prava svadba....a bidejki togas bevme so namera da pravime svadba se dogovorivme da ne si davame ama bas nikakvi bovci,i so kumovite za toa se dogovorivme i oni ne prasaa dali ke pravime svadba za da znaat za pokloni i takvi raboti, nie ima kazavme deka poklonite ke sledat za svadbata,i taka tie ni donesoa sepak podaroci za mene i mazot mi za veridba,e sega posle celata taa golema zabava i super site sto si pominavme bese bas kako svadba samo sto ne nosev bel fustan jas,nemame nekoja zelba so mazot mi za svadba,vo slucaj da ne pravime ke im podarime podaroci na kumovite kako sto e redot-znaci nema nekoja klasika standardna deka moralo vaka ili taka da bide se e po pat na dogovor,a inace dojdoa mazot mi,dever mi i svekrva mi,kaj nas pred da odime vo maticno posedovme 1h,mazot mi mi go stavi verenickiot prsten i so pripremen govor epten me iznenadi kaza za sto e dojden,svekrva mi mi ja stavi burmata,a majka mi mu ja stavi burmata na mazot mi,a toa deka trebalo prazna masa ili ne znam sto nemase takvi raboti,se si bese namesteno servirano na masata,ni jas ne gi daruvav niv ni pak mazot mi,za se sami se dogovorivme kako sakame da bide,zaedno odbravme sto toj da nosi,jas si siev i mazot mi se plati,bidejki nie sme veke edno a zaedno ziveevme predhodno kako vo brak,i za nas toa e bas nekako bez veza moite da mu kupat bovca ili toa sto toj ke nosi vecerta ili mene majka mu da mi kupi jas sto ke nosam,pak ke povtoram veke nie sme edno i nema tuka zamerki sto koj na kogo kupil,za nas e se po pat na kompromis,pa sega srekno na site sto mislat da pravat veridbi!!
     
  11. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    792
    Јас на последната веридба што бев младата на машките им даваше машка долна мајца, а на женските женска долна мајца.
     
  12. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.536
    На веридба се дарува нешто симболично, а тоа ти како што викаш марама и вртоврска убави и квалитетни богами добро коштаат. Кај сестра ми кумот и старосватот не беа на веридбата зошто уште и не ги беа поканиле официјално за кумови.
     
  13. I.vana

    I.vana Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    36
    Ние за мојата веридба не им дадовме да јадат и да пијам пред официјално да ме побараат. Се разбира дека барањето е првото нешто за кое што се разговара откоако ќе влезат сватовите...така што нема ни гладни ни жедни да останат. Се разбира дека на масата е се поставено, а откако родителите ќе се договорат, се ставаат пијачки и се наздравува и се честита. Ние тогаш си ги разменивме даровите. Јас единствено си го дарував вереникот и тој мене. Останатите ќе ги дарувам на свадба ама не стрини,тетки,братучетки...само главните гости. Тоа се кумовите, старосватите, деворот и неговите родители. Бовчите се веќе купени и чекаат да бидат подарени. За сите земав саати..А ова да даруваш 40 луѓе со марами и кошули..ќе потрошиш цело богатсво не само на поклоните,туку и на виткање, а не си подарила ништо големо..по една марама само. Јас кога би можела би го избегнала тоа, не сум слушнала одамна и некој да дарува за веридба
     
  14. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.346
    мене кога ме бараа (незнам дали може да се нарече веридба) не се дарувавме ништо. се на се бевме 8 луѓе. ние двајца родителите и браќа сестри.

    забранивме на сите да размислуваат за дарување, злато, бовчи и итн. они кога дојдоа донесоа цвеќе за мене и бонбоњера а ние ги испративме со флаша вино и мислам бонбоњера.

    кога седнаа масата веќе беше наместена и никој не забрануваше да се јаде или да се пие (јас ова го слушам првпат дека не се служеле додека не се направи муабет)

    ниту пак нешто официјално ме бараа од моите едноставно муабетот си течеше многу опуштено и без ред и си поминавме прекрасно се изнасмеавме до сабајле скоро неможевме да ги избркаме. :D

    јас си останав дома таа вечер и рековме дека до свадбата нема да се прави никаква друга фешта дека ова е доволно.
     
    На Trnche, enca.69, Hopeful и 3 други им се допаѓа ова.
  15. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    7.764
    Допаѓања:
    60.035
    Обичаи и традиции еден куп,кај секого различни и поинакви.
    Зошто оптеретување?
    Одговорот на сите вакви слични прашања од моја страна е -дека се е договор на дете страни,и како најубаво ќе ви одговара и ќе ви се допадне.
    Еве конкретно кај мене,нити сум прашала обичаи нити ништо,се веривме петок,недела правев веридба,со моите и неговите родители и сестра.Потоа дојдоа вујко ми и чичко ми,околу 10 ипол,11.Немаше дарувања,а искрено сега прочитав првпат дека на веридба се дарувало :o :lol: ,не сум знаела навистина.Срамота за мене :lol: Мајка ми сакаше да му купи нему тренерки лининг,пошто знаеше дека си бара тренерки,а од свеки добив некои глупости како парфем,пижами,долен веш,марама ,глупости! Ја искарав и мајка ми зошто купувала,ама она рече и било ќеф.Ајде тренерките му ги погоди си ги изнаноси,ама мене парфемот ми е промашен,пижамите големи,долниот веш исто,марамата одмара во плакар.И кога ќе видиш-непотребно фрлени пари. : |(
     
  16. sarah.key

    sarah.key Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2010
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    22
    Ме интересира дали треба веридбата да биде на нова месечина, мајка ми се запна дека таков бил адетот... дали знаете нешто за тоа ?
     
  17. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    1.615
    sarah.key ако почнеш по сите според мене бабини деветини да спремаш веридба нема да си ја знаеш главата кај ти е. Јас искрено немам појма на каква месечина била нашата веридба.
     
  18. I.vana

    I.vana Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    36
    Првпат слушам за ова...јас правев во сабота зошто недела е неработен ден. А за месечина никој не ми спомнал, ниту пак некогаш сум слушнала
     
  19. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    168
    И ние така правевме на млада месечина исто и брат ми прашавме поп кога е млада месечина од која до која дата е зошто не е само еден ден повеќе време е и се погоди да си правиме сабота ,прашај си поп или во црква ќе ти кажат
     
  20. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.622
    Допаѓања:
    40.624
    Е да бе, 3 свадби ќе праам, економист сум или што! Се знае веридба е една вечера со родителите, давање збор. Нема 10пати да ги частам луѓето во кафана за една иста ствар, плус да им давам поклони. А на веридба поклон се носи ситница. Кога ќе ми дојде редот, ќе си дадеме збор, ќе почастиме по нешто по најблиските и тоа е тоа, другото за свадба
     
    На soncenceto.matea му/ѝ се допаѓа ова.