1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Веридба

Дискусија во 'Свадба' започната од srcushka, 18 август 2010.

  1. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.940
    Се оди.
     
  2. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Се е индивидуално и зависи што сака девојка ти. Сигурно ќе и биде убаво заедно да појдете и да им ја кажете убавата вест. Исто е и за твоите, може и таму ќе сакате да појдете.
    И родителите сигурно ќе им е задоволство да ве видат заедно.
    Ние одевме и кажавме и на едните и на другите. Со нешто благичко им отидовме.
    Дури и кога останав бремена исто појдовме да ги израдуваме. На крај тие ни со родители и тоа се убави моменти за да ги израдуваме. Може и со години чекале и убаво е кога го доживуваат тоа. Ќе имате многу денови и за сами да прославувате.
    Добро е да појдете :) .
     
    На CareTee му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    2.498
    Пол:
    Женски
    Како сакате така, тука нема правила тој е ваш ден и како чувствувате така ќе си правите. Јас кога се верив ние отидовме кај моите,јас сакав и сметав дека така е во ред, не беше ништо специјално само си честитавме имаше малку солзи радосници, се напивме и секој по дома оти беше доцна. Беше кратко. :)
     
  4. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.429
    Допаѓања:
    47.571
    Пол:
    Женски
    Како сакате така. Мене ме запроси кога бевме на викенд надвор од Скопје така да и да сакавме истиот ден неизводливо беше пошо не бевме дома. Коа се вративме дојде си честитаа со моите и се договорија кога дојдат официјално со неговите да се запознаат старите.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Ние не бевме.
     
  6. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    Веридбата, не е некоја веридба, збор е и веридба и запознавање и се во едно, ни е дома кај моите за две недели. Ние со дечко ми заедно живееме 3 години, ама ете сега така се договоривме да правиме дома кај моите. Само потесното семејство и од кај нас и од кај нив. Баба ми купила за сите по една крпа. Тие ќе дојдат и? После што се случува? Што треба да се прави, да се купи, во ред ли е ова со крпите и само тоа ли да им дадеме, како оди адетот, како сте поминале вие, сакам да знам се, пошто ништо не знам...

    И заборавив да кажам моите му купија златно ланче на дечко ми и него тогаш ќе му го дадат. И со ланчето и крпите ли ќе поминеме?
     
  7. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.030
    Пол:
    Женски
    Мајка ми исто имаше земено крпи ама ја скарав и не ги даде. Инаку таа сакаше зетот со 3 работи да го дарува (3 не е некое правило, она си имаше така намислено) и тогаш свекрвата рече и она мене ќе ме дарувала со 3 работи - и ова воопшто не е правило ама жената си е таква, да не се посрамотела, како она да не даде ништо..

    И така помина се, он си доби една кутија дарови, ја една кутија дарови. Сами си биравме и се договоривме исто да коштаат без нашите да знаат. Крпите на мајка ми и останаа недадени :lol:

    Не ви треба ништо повеќе од тоа што веќе сте спремиле. Само не знам како иде тоа со крпите ама баба ти сигурно знае ;) Гледајте убаво да си поминете вечерта, сепак, еднаш се прави :)
     
    На irrelevant му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Дали сериозно сеуште "ја барате" дрвојката од родителите?
     
  9. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    Не ме бараат, ме побара веќе тој, овие ќе се запознаваат и ќе се забавуваме, ќе вечераме. Мора да се запознаат така? И тоа го нарековме давање збор или веридба. Никој нема да ме бара секако...
     
    На thelittle17 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Едно е запознавање, друго е "дојдовме да ја побараме" и тоа сеуште се случува често ко да сме 18 век, ако кај тебе не било тоа случај зошто се пронаоѓаш?
     
  11. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    Пошто одма под мојот пост беше пишано затоа. И за други да е не верувам да одат да ја бараат дали ќе ја дадат. И така да кажат кога ќе влезат ваљда е заебанција да се посмеат, мислиш на тоа дека стварно озбилно одат да ја побараат и овие озбилно да размислат дали ќе ја дадат? Не верувам дека тоа постои, ова се е онака демек адет, ама онака неозбилно. Тој ако ја побарал и таа се согласила, демек некој ќе рече не ја даваме и ќе ги фермаат нив....

    Што е до мене и така сакав, да одиме на ручек во кафана, нека се запознаат, ама ете сакаат сите така адетот ко што бил дома да дојделе па поклони па глупости.
     
    На Bicka77 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Не беше за тебе иначе ќе те цитирав.
    Да, секако дека не е сериозно ама е адет кој потекнува од време кога стварно жената била земана и давана и е шовинистички. И мислам редно е во 2020 година да напуштиме такви глупости
     
    На SummerGirl, Isabela23 и irrelevant им се допаѓа ова.
  13. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.175
    Допаѓања:
    8.862
    Пол:
    Женски
    Пред да дојдат да ме "бараат" мене се договоривме дека не сакаме церемонии и глупости со дарови, ама на крај родителите напнаа дека не може така. Па они мене ми купија злато ланче, обетки и нараквица, и секако бурма, а ние на мм му дадовме златна нараквица и јас бурмата. Плус мајка ми имаше спремно како мини бовчи за сите, по 3 работи имаше бањарка, пижами и уште нешто не памтам што беше. Плус си разменија и торти.

    И тоа е тоа, ама сепак кој како ќе одлучи така ќе си прави, и искрено ова со златово џабе фрлени пари се, испадна околу 500 и нешто евра тоа мене што ми го дадоа, и ете го така ми стој, освен бурмата ништо друго не носам, подобро пари да ни дадеа повеќе ќе ни се најдеа.
     
    На SummerGirl, buba4e89 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  14. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    Да јас бев со нив ми купија ланче со еден прескап привезок, нараквица, саат од 8 000 и две нараквици за со саатот и тие по 4000 една. Ние му купивме него саат исто скап и ланец со привезок. Ете тие чим купија, купивме и ние. Тоа знам дека ќе се размени сега на денот, ама ние освен ланецот саатот и бурмата негова, немаме друго ништо. Само крпи хахаха.
    Ама барем завиткани се про крпите :D

    Тие ќе доаѓаат мајка му, татко му, сестра му со зетот, детето, баба му и дедо му. За сите ако правиме бовчи ќе не кошта пола свадба.
     
  15. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.030
    Пол:
    Женски
    Мене ме бараа као... Секако прво он ме побара мене у приватна ситуација, само ние двајца, па отидовме и им соопштивме на старите и добивме формален благослов без и да го побараме експлицитно. Кога дојде време за запознавање, давање збор или како сакате наречете го, не очекував дека некој мене пак ќе ме "побара". Сепак, татко ми од село, си ги сака обичаите, татко му исто. После првите половина час поминати у бош муабети свекорот почна да збори како од македонски народни приказни да е излезен :lol: "Слушнавме сте имале девојче за давање, бла бла..." Не ми беше воопшто очекувано ама не се ни навредив, ми стана интересно. Плус приметив дека и на татко ми му се направи меракот - така уште посреќна станав. Секако тоа беше само проформа колку да се истера обичајот, никој не им ја остави таа одлука на нив, одлуката секогаш беше наша. Ама, ете, колку за адет интересно ми се виде.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. babybubu

    babybubu Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2014
    Пораки:
    1.009
    Допаѓања:
    1.097
    Ние не се дарувавме ништо. ниту свекрва ми мене , ниту мајка ми .м.м,
    Нашите се знаеа одамна и повеќе беше онака да се видат и да си честитаме одколку да ме бараат официјално.
    Е сега во врска со дарување планиравме да се даруваме на денот на свадбата, но со оглед на тоа што ја одложивме, а сакаме да направиме регистрација и венчавка во црква годинава, глупаво ли би било да се даруваме тој ден?
    Или пак да си чекаме кога ќе ја правиме свадбата како што си беше планирано?
     
  17. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.030
    Пол:
    Женски
    Ние првично ќе имавме некое мало дарување на денот на свадбата, ама после раговаравме и решивме да биде тоа приватно, после свадба. На денот да може да се веселат, да не се замараат со поклони ни едните ни другите, едноставно да не се губи време на тоа - ова го предложи мајка ми, свекрвата радо прифати.

    Вашата ситуација е малце поразлична ама пак сметам не се битни некои "правила", договорете се меѓу вас како ви е најзгодно.
     
    На babybubu му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Мене ни пред 16-17 години не ме "бараа". Ме побара, отидовме соопштивме и на едните и на другите, сепак убав момент да се соопшти. После договоривме запознавање. Ниту сакав дарување ни глупости. Многу мразам такви бабски работи, ама ептен многу ги мразам. Чисто запознавање и ништо друго. Се залетаа малку ќе дошле да ме бараат, со тетки стрини хаха ама ништо, пропадна планот. Се знае кој оди на запознавање, родители, брат, сестра и доста е. И од тогаш им реков да не практикуваат адети за мене. Среќа моите ме слушаат мене, ако им речам така сакам, така и бидува. Од адети за свадба сами кажавме што сакаме што не, мм е бетер од мене за адети и такви глупости.
    Неверувам дека денес ги "бараат", многу ми е далечно тоа некако.
     
    На SummerGirl, cresa-jagoda и Mantub им се допаѓа ова.
  19. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.106
    Допаѓања:
    21.680
    Пол:
    Женски
    Мене маж ми ме запроси без да го знае татко ми, потоа беше сам дома на ручек за да се запознаат. Јас со моите живеев странство, пред свадба дојдоа и тогаш се запознаа и со свекор ми и свекрва ми. Вечерта беа на гости кај нас, тоа беше нешто како запознавање, без адети. Следниот ден татко ми сакаше да ги почасти на блиските роднини и пријатели, заедно со сватовите,јас бев против ама ајде една ќерка имал, единица сум. Покрај езеро, ручек и тоа беше тоа, пак без никакви адети.
     
  20. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.129
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Моите сакаа да го спомнат "давањето" на денот кога старите се запознаваа, ама од далеку ги пресеков. Таман работа да прашуваат "за што сте дошле" кога јас и дечкото планирано сме напраиле дете :D
    Бевме собрани родителите, ние, и браќата, на една маса дома, јадење пиење. Ништо посебно. Само јасно си направивме муабет дека јас и тој ќе си направиме план за свадба, никој да не ни се меша, и толку беше.
     
    На SummerGirl, cresa-jagoda и ЕденЧлен им се допаѓа ова.