Утре сум на веридба кај еден другар, другите од друштво ке носат постелнина и апарати за домаќинство. Што да купам јас? Се мислев за бањарки ама не знам, сакам да е нешто што ќе го искористат.
Здраво, треба да одам на почеститок кај внука ми и младоженецот, некој совет што би можела да однесам, ми рекоа сега се носело и за двајцата исто?
Ако е честито за вердиба и не си била,можеш по еден пар пижами...или на пример убава постелнина постелнина .
Јас би гласала за постелнина, со тоа што гледај да е покласична, таа сигурно ќе ја искористат. Јас добив постелнини и речиси сите ги искористив, само неколку што апла беа дизајни некои без везе ги подарив кому требаат, да беа покласични сигурно ќе си ги користев и тие. Зависи и многу дали кај што живеат веќе се' имаат или не, на пример во мојот случај немавме ништо и едни пешкири како се најдоа, ден денес ми се ќеифни за користење
I agree. На нас се што ни донесоа ни беше добредојдено. Постелнините особено, но повеќето ми донесоа погрешни димензии ама ок е, се најдоа за се.
Како што кажуваат членките погоре постелнина и јас велам. Мене едрн куп ми донесоа една само си купив јас и баш требаат си ги менувам сите. Од веридбата тоа ми е највеќе искористено.
Ви благодарам членки за одговорите А што мислите би било подобро пари да однесам пошто тие се сега тука но ќе си заминат за странство, таму живеат?
Малку поинакво прашање. Не се разбирам многу од традиции и адети, но знам дека не сакам ништо такво. Па би ве прашала за идеја, како најминимално да се обележи веридба, без никакви доаѓања на гости, барање на рака, земање на невеста итн. Чисто официјална вечера за запознавање моите и неговите, надвор од дома ? Во ред ли би било?
Јас правев веридба пред две недели, во ресторан. Не сакавме да правиме со адети, земање на невеста или било што такво. Во ресторан ги викнав најнајблиските роднини и пријатели, договорив за храна и пиење, музика викнав и тоа беше тоа. Помирна глава отколку спремање дома и со сите адети.
За веридбата имав подарок од свекрвата ланче, обетки и нараквица од бело злато. Мојата мајка го дари мм со бовча, а баба ми со пари во плик Сметам дека секој како сака си дарува и кој како е во можност
И мене ме снајде ова. Ќе ја препрочитам цела тема, и ќе бидам поактивна на овој подфорум оти ништо не знам за свадби и адети и се што е поврзано со тоа . Сакам да испочитувам некои традиции, ама истовремено сакам и да биде се скромно и поедноставно.