Веридба

Дискусија во 'Свадба' започната од srcushka, 18 август 2010.

  1. emal21

    emal21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    344
    Пол:
    Женски
    Кај мене моите се изнакупија,неговите само со среќа ниту пари во плико ниту подарок ни на свадба ни на веридба.
     
  2. Inzenerka27

    Inzenerka27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    6
    Без коментар...во мојот случај од бабата негова добив злато многу вредно, од родителите сребро...можеби да не е се злато хаха, од браќата и сестрите исто убави и вредни подароци. Искоментирав само затоа што немам чуено сребро да им купуваат...
     
  3. emal21

    emal21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    344
    Пол:
    Женски
    Ќе бев среќна и на тоа,хахаха,кога рековме дека малку ни е потребна помош за околу свадбата парично се дистанцираа и си дојдоа на свадба без никаков подарок.А ни ден денес,под кирија си бевме,па направивме куќа ниту едни чаши не ни донесоа а кога им треба нешто први се да побараат
     
  4. Inzenerka27

    Inzenerka27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    6
    И во какви односи сте, коректни?
    Инаку мене ми иде тоа среброто дури да го продадам во златара, накитот не ми се допаѓа ич
     
  5. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.274
    Пол:
    Женски
    Јас добив од свекорот златна огрлица стара многу години и многу вредна (уште од неговата мајка му ја дала и рекла оваа да биде за снаата) а од свекрвата златно ланче и колба многу нежни и убави тенки...баш елегантно изгледа. И од мајка ми и татко ми маж ми доби исто ,златно ланче и златна нараквица .Плус бурмите ни ги купија . Иако јас многу многу не сакам купување,фрлање пари како да биде но ете најмногу ми се допадна огрлицата од свекорот стара а вредна :)
     
  6. emal21

    emal21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    344
    Пол:
    Женски
    Вака сме коректни,сепак родители на мм се не сум таква личност да го газам затоа што неговите не ми подариле ништо,но затоа кога нешто им се свиѓа веднаш кажуваат знаеш ова ќе ти го земам од дома многу убаво е,сите цвеќиња ми ги собраа,дури и едното што ми го купи прво прво за дома цвеќе сакаше да ми го земе ама тогаш се закарав малку и реков дека тоа до сушење кје биде кај мене.
     
  7. Inzenerka27

    Inzenerka27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    6
    Разбирам до негде да не купат ако немаат пари, ама земањево ствари од дома не е ок
     
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.803
    Допаѓања:
    274.728
    Не, на мое барање мајка му ми купи Пандора алка и привезоци.
     
  9. emal21

    emal21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    344
    Пол:
    Женски
    Имаат пари,јас ако немам пари и ако ми е дете ќе се дистанцирам,нема да барам секоја недела еј би можеле да идеме на вечера негде(секако ние плаќаме на крај),може да отидеме на некое семејно патување одиме и на крај цел пат се жалат дека се во трошоци и останува ние плаќаме,да не излегуваме од темава,јас не добив ништо од нив освен маженцето што си го сакам најмногу на цел свет.
     
    На sino.o.oka и Inzenerka27 им се допаѓа ова.
  10. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    859
    Допаѓања:
    2.650
    Баталете сребро, злато, ланци-тракатанци... Уште не влезени во брак си мерите материјални добра и врз основа на тоа си стварате немир во фамилија. Мирот, љубовта и разбирањето со ништо не се купуваат, тоа е најважно. Џабе и да ве наредат со злато, ако не ве сакаат и ако живеете со кавги и расправии....
     
    На PinkGirl*, Sielo❤️, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Alm.

    Alm. Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2022
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    2.377
    Јас па изгледа сум единствена која немав никакви очекувања и желби за тоа што да ми купат. Мајка му ме праша дали ми се допаѓа повеќе бело или жолто злато и јас си кажав бело. Ми купи бела преубава огрлица. И плус некои други работи кои генерално сама ги бирав. Бевме излезени заедно и така природно бидна.

    Иначе кога се подароци во прашање ич не сум тип што има големи очекувања и немам простор да се разочарам од подарокот. Едноставно го прифаќам како таков. И тоа е тоа.
     
  12. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.344
    Пол:
    Женски
    Јас си одбрав бело злато ланче сајла (нежно, секојдневно), привезок и обетки исти, си ги носам секојдневно и на плажа не ги вадам, не сакав огрлица да ми фаќа прашина.
    Ова за свадба, сега прочитав дека е за веридба.
    Инаку за веридба ништо не добив и ок сум со тоа, не сакам многу накит.
    Си купувам ама ретко носам, може по свадби, сакам понежен накит.
     
  13. lale@12

    lale@12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2021
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Здраво здраво, имам прашање.Ако дечкото ве запроси на одмор и си доаѓате дома, што потоа каде одите кај неговите прво или секој по дома. тоа воопшто не ми е јасно
     
  14. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.344
    Пол:
    Женски
    Во денешно време кој како сака.
    Сега и пред да ги запросат си живеат заедно, и откако ќе ги запросат се договараат, одат кај нејзините родители и даваат збор.
     
  15. Xxxx2

    Xxxx2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Женски
    Договор е. Јас се вратив кај мајка ми, а двете страни прашаа каде планирам да спијам вечерта. По старски е да останеш кај младоженецот. По регистрацијата отидов таму. Зависи и какви услови имаш и какви планови. Ние немавме план да живееме со неговите ама имаше притисок по регистрацијата да останам таму и така и би - а јас без ништо, па после се влечкав секој ден до кај мајка ми за облека.
     
  16. Tomasa

    Tomasa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2023
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    789
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Што се носи на веридба? За кај другарка..
    Не сум била до сега, па незнам..
    Некој вели букет, благо и вино само.
    Некој ми вели и пари во плик..
    Незнам што е исправно..
     
    На Jan@i му/ѝ се допаѓа ова.
  17. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.724
    Допаѓања:
    13.496
    Пол:
    Женски
    Зависи дали е мала веридба дома меѓу блиските или во кафана/ресторан..
     
  18. Tomasa

    Tomasa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2023
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    789
    Пол:
    Женски
    Домаа ќе е, истиот ден кога ќе дојдат да ја побараат.
     
  19. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.724
    Допаѓања:
    13.496
    Пол:
    Женски
    Тогаш не носи пари, букет и бонбоњера доста е, ете и вино, ама пари не се носи..
     
  20. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.602
    Допаѓања:
    9.346
    Нема правило.
    Ние дека заедно живеевме уште пред да ме запроси, секој си одевме по дома. За мене се чисти глупости дека треба да спијам кај неговите... Мојата дома е со него, кај неговите сум на гости. Така да кога си одиме, јас си спијам кај моите. А и мм во последно време спие со мене кај моите.
    Ние живееме во еден град, а нашите родители ни живеат во друг (од ист град сме и двајцата). Кога си одиме, секогаш без исклучок одиме прво кај мене, т.е кај моите. Тука се растоваруваме, си поседуваме, спиеме. Ако е рано, одиме до кај неговите истиот ден да се видиме. Ако е доцна, си излегуваме со пријатели навечер, и после се враќаме за спиење кај мене. Па одиме другиот ден до неговите да се видиме.

    Се сеќавам дека после запросувањето, имавме организирано како „давање збор“. Тој со неговите дојдоа кај нас. Па кога си одеа, мајка му ми вика - А ти што, тука ли ќе останеш? Па нели дојдовме по невеста, и пак си одиме без невеста. И јас и реков дека си живеам со мм, а кога сум во родниот град мојот дом е со моите родители. :)

    А познавам и некои кои како едвај да чекале да ги запросат. Иако пример живеат заедно и одделно со дечко им, уште веднаш после запросувањето одат да спијат кај родителите на дечко им. Па се влечат со тоа алиштата, пижамите и разни ствари. :D Јас не би. Како ќе си ги видам моите убаво кога не живеам со нив, не ги гледам секој ден. Па и кога ќе одам на викенд, да спијам на друго место. No way...

    Ама секој со своите приказни и очекувања. Кај мене влијае и тоа што кога си одам, ме чека исчистена соба за спиење, чиста и наместена постелнина, пижами, зготвена храна. Кај свекрва ми е скроз спротивно. :D