Мислев да однесам пари во плик, па нека си купат што им треба, но не сум сигурна колкава сума би била во ред, со оглед на тоа дека ќе одам со дечко ми?
Повикана сум со дечко ми на веридба кај другарка, во ресторан. Што мислите дека би можела да им однесам? Дали е во ред благо, цвеќе и пример чашки за кафе за него и неа? Или е малку?
Здраво девојки, Имам едно прашање за вас, за давање збор дали се дарува и вереникот ? и неговите блиски...
Да, кај мене дојдоја најтесната фамилија 4ца значи, дома бевме само ние и тогаш го дадовме зборот, они ме даруваа, и ние нив. Утредента правевме како мино забава со поширок круг.
Феминки помош! Со партнерот планираме веридба меѓутоа слушаме од разни страни како треба/како не треба и што се прави… Е сега прашањето ми е : Дали треба прво дечкото да дојде и да ја побара раката од нејзиниот татко па после да се направи тоа (мало изненадување кога клекнува да ја проси на некое убаво место) или како? Како бил вашиот чин??
Тоа како ќе си се договорите така. Може и пред тоа да те побара па да дојдат кај тебе да дадете збор. Од мои познаници и од мое лично искуство обично прво ги побарале, па потоа оделе кај родителите на девојката родителите на дечкото да дадат збор.
Чисто сумњам дека во поново време некој прво ќе ја бара раката од таткото, па после да те запросува. Се знае прво те запросува дечкото- па кажувате на родителите. Следи давање збор или веридбата и т.н. Јас мислев ова барање на раката од таткото остана во минатото( кога се мажеле-женеле нашите родители)
Каков подарок се носи за веридба? Пари или поклон? Ќе прават и свадба летово. Прв пат сум поканета, во нашиот крај ретко кој слави веридба и не знам што е прикладно да се носи. Блиски ни се
Можеш квалитетни баде мантили, добра постелнина, работи за дома, пафеми оригинални. Мене најголем впечаток ми остави уметничка слика. Многу оригиналнен подарок беше.
Кај нас немаше ништо такво. Само запознавање и толку. Однапред се договоривме. Зависи со колкав буџет располагаш. Што добивме ние: ќебе, јорган, сет тенџериња, сет тањирчиња за грицки/салата, сервис за кафе, сет за во купатило, бањарки, пешкири, колекции, сетови обични чаши, сервиси за ручање, собни папучи, чаршафи за на маса, постелнина.... Мислам дека тоа беше. Добивме и мноооогу бонбониери
Дали некој знае какви се обичаите за веридба (одење дома кај невестата) во Битола? Дали нешто се купува и се дава подарок од страната на машкото и женското?
Знам дека не мора, ама сепак сакам да знам и да бидам спремна доколку има нешто што е баш специфично за тој крај.