1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Веридба

Дискусија во 'Свадба' започната од srcushka, 18 август 2010.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    искрено прв пат слушам, но секој си има адети од својот крај. А и доколку тоа и го прави меракот на мајка ти, а не ви се брза, земи во црковен календар мислам има знакчиња кога е каква месечината, ако не тркни до црква и прашај.
     
  2. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.157
    Допаѓања:
    46.953
    Пол:
    Женски
    Не знаев кај да го сместам прашањево па ај тука :) Значи годинава дечко ми и јас планираме да се вериме а догодина да си идам кај него да живеам :) Е сега смешно или не јас си најдов веренички прстен :D преубав е, и кога го пробав беше како створен за мене :inlove: дури и златарот ми вели да го правевме специјално за тебе немаше да ти прилега толку убаво :$
    Дали е во ред јас да си го изберам прстенот, би можел ли да се налути дечко ми? :?:
    Не сакам да ми земе тој па после да не ми се допаѓа или да ми е голем/мал па да го менувам :doh: Еднаш така ми купи прстенче и не ми го погоди па ете сега седи во фиока :|
    Совет феминки? :wasntme:
     
  3. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    Е хехее, ако ти се налути за таква работа-тогаш мењај го дечкото. Искуствата говорат дека не е баш голем бројот на девојки на кои не им се допагаат вереничките прстени, а чуствуваат обврска да ги носат :lol:
    Мислам дека и на него ќе му олесни ако му `помогнеш` во изборот.

    Секако, прво треба да знаеш-Дали навистина планира да те побара за жена!?! ;)
     
    На Naki-.-K му/ѝ се допаѓа ова.
  4. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.157
    Допаѓања:
    46.953
    Пол:
    Женски
    Да да сме збореле за тоа :) си идеме сериозно а и он доста е постар од мене веќе му е време за женење :D
     
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    разговарајте, и ако е за ВЕРИДБА, кажи му ок,тогаш јас ќе си изберам прстен сама и ќе му кажеш зошто. тука нема љутиш
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    јас си го избрав мојот веренички прстен, отидовме заедно со маж ми секако, но тој ниту пак имавме никакво влијание врз изборот. Само јас го платив неговиот, тој мојот.
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Јас како што отсекогаш сакав да ги шокирам моите за све и свашта, така сакам и за ова. :D
    Значи НЕМА ШАНСА да правам типична веридба, со идење дома триста луѓе.
    Зошто?
    Свадба е? -НЕ.
    Само ќе испотрошиме купој пари за буквално ништо, ниту се регистрираш тогаш ниту ништо.
    Само ќе се изнатрошиш пари за триста дарови и јадење по масата, пијачки, фустанче бла бла.

    Порано биле такви веридбите зошто не смееле да имаат дечковци јавно (бабите и прабабите), па со веридбата на некој начин се прославувале, и после тоа се запознавале колку толку паровите. :D
    Ама сега, кај што трошиме пари за големи свадби , па и за веридба? НЕ!

    Значи јас сакам онака да си ме побара за жена, сами некаде и папа. Па да си дојдам дома со прстен :"сапрааајс, се верив!" И после тоа да си прославиме дома најблиските, моите и неговите и под тоа мислам само јас, мајка ми, татко ми , сестра ми , брат ми и баба ми. Исто и членовите на неговото семејство. Да се напиеме, да наздравиме може некое поклонче да си размениме и толку. Ама буквално.

    Па после тоа ако сакаат нека си дојдат роднините онака на честито, на шолја шербет (во нашиот крај тоа се дава кога некој ќе се вери, демек на благо да им тргне), саламче кашкавалче, парче торта и создравје.
    Е после за свадбата, да, ја сакам голема. Баш македонска со сите обичаи, адети кога ме земаат бла бла. Е тогаш сакам да има многу народ, па и вреди да се потроши зошто е свадба, сите викаат дека чувството да си невеста е незаменливо. Па ора, малку забавно и така.
    А за веридба? Ова горе што го имам напишано, сум го кажала и дома и така и ќе биде.
     
    На melisita, Bibko, MacenceEna и 4 други им се допаѓа ова.
  8. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Па кажи му де, од окулу, не мораш директно, кажи си шетала и многу ти се допаднал и баш тој прстен сакаш да ти биде веренички.
    Нема зошто да се налути, јас сама си го бирав верничкиот прстен. Ми дадоа пари, ми рекоа иди, види, прошетај ако ти се малку ќе ти додадеме пари. Ме знаат каква сум терсене и ако не ми се свиѓа дека нема да го носам, па вака одбери си сама најдобро.
    Да те бара изненадно и неочекувано ајде сам да купи, ама кога веќе сте се договориле кажи си и чао, пријатно.
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  9. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Ние сме заедно скоро 9 години, и пред неполна недела ме побара за жена. Сто пати сме разговарале за веридби, свадби, бракови, врагови, и се што е пропратно со тоа, ама пак, шокирана бев и најпријатно изненадена, и го добив најубавиот прстен што постоел на планетата земја, ама и пластичен да беше мислам дека исто ќе ми се допаѓаше :D . Е сега, веридбааааа.... Моите и неговите се релативно постари луѓе, арно ама немаат поим од никакви адети, фала му на Господ, па затоа се е по наша фолја. Јас му купив саат, односно мајка ми, они мене сакаат да ми купат нешто, јас за злато се изјаснив не бидејќи реновираме стан и многу е глупаво да фрлат пари за нешто што не носам, а адети и глупости, не благодарам. Само тоа што ние двајца го посакуваме. Без никакво мешање од страна. Бовчи, поклони, чуда, ништо. Пред свадбата ќе им купиме поклон на кумот и старосватицата, и толку. Адетите, глупаво ми е да правам нешто што не го разбирам, или што ми е глупаво! :)
     
    На MissDior му/ѝ се допаѓа ова.
  10. simonice

    simonice Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    99
    Ич да не си се замарате со такви глупости,прославетеси вие со една вечера и :rock:
    кој сака да најди маана,и онака ке најди....
    позззз и ЧЕСТИТО..... :clap:
     
  11. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Фала на честитките! :* Иначе, не да не се замарам, него уво не ми чуе. А за овој месец дена што адети се изнаслушав, луѓе, ми се заврти во глава. Масите требало празни да бидат, кога ке дојдат гостите да се местеле, па мајка ми да ги прашувала зошто биле дојдени, па брашна ли шеќери ли, сол ли не памтам ребало во послужавник да држам, ахахахаха!!! :rofl: Каде побогу ќе го наставам јас целото јадење за 20 души кој воедно ми се најужи круг што може, и знам дека топ ќе си поминеме, или пак што со тие брашна и што и да е, мислам волку не сум се смеела цел живот. Другарките будала ме изнаправија како без адети, а мене не ми чуе! :rofl:
     
  12. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    Девојќи аманте помагајте :)

    Со момчето планираме свршувачка наскоро...
    Тој денес дојде кај мене, да ме побара прво од мама, потоа од тато. :clap:
    Најважно ни беше да добиеме благослов од домашните :angel:
    И неговите и моите се пресреќни за нас... :rofl:
    [​IMG]
    ...Но сега ни се наметнува дилема...бидејќи и двајцата сме релативно млади и немаме појма како идат тие адети и формалности околу веридбата.
    Плус тој е од друг град, незнам дал треба да ги собереме домашните и најблиските на едно место, или (како што некој сношти ми напомена) да одбележиме веридба прво кај едниот па потоа кај другиот,,, :?:
    И ова со дарувањево, бовчи, злата, чуда, врагови...ама баш ништо не ми е јасно :tmi:
    Морално е да се помине тој протокол или ќе може да си го модифицираме, и ако веќе е ред да се дарува, дали може да даруваме нешто по современо (наместо бовчи и стомни :D ) + што на пример? :?: ...И кому треба да даруваме?!?! :wasntme:

    Се надевам дека поискусните или поинформираните ќе знаат да ми одговорат и да Ни помогнат да си ја организираме свршувачката!

    [​IMG]

    И ДА...уште ова...

    [​IMG]

    На самата веридба треба да го `изведе` чинот со клекнување и да ме побара за жена, или пред тоа???

    [​IMG]
     
    На Sun.shine и DeMelo им се допаѓа ова.
  13. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    ^

    Си ме изнасмеала , :rofl: честитки да ви биде со срека, да си доечакате и златна свадба, долги години исполнети со љубов мир и спокојство :party:
    Со последново ке почнам :D самиот чин на келнување на момчето пред девојката требало да се случи првиот пат кога те побарал за негова сопруга, тој чин требало да биде изненадување за тебе, дали на само или пред другите :)
    Според мене нема потреба да правите две веридби, тоа се само дупли трошоци, сега можеби си возбудена и сакаш се но заедничките гости ке ви се собрат заедно на свадбата, доволно е да си направите една веридба, обично таа веридба се прави кога момчето ја бара раката на девојката :D
    Моја препорака околу се целиот чин од веридби, до свадби, до дарување на бовчи е да си го направите како што вас ви одговвара, нормално може да си вметнете и дел од традицијата тоа што ви одговара, и сето тоа да го спакувате во една форма која најповеке ве истакнува вас двајца.
    Бовчи се даруваат на најблиските, односно најбитни се сведоците кумот и старостватот, па останатите во билската фамилија.
    Се рзбира дека не мора традиционални бовчи да спремаш, како што имаш желба (пр. ние правевме мала свадба со 40 најблсики без музики и адети, јас и мм предходно живеевме 4 години заедно и немаше потреба од традиционали одење по невеста,а мајка ми вака ги спреми бовчите кај кумот однесовме микробранова печака, кај старосватот блендер, крај братот на мм исто блендер, исто спреми за мајката и бабата на мм нешто од облека по нивна желба, а и на мене и на мм ни спреми многу убава заеднича бовча не облече од глава до пети и двата)А по традиција бовчите за кумовите и старосватот ги спремаат заедно двете фамилии, а ти и твојата фамилија треба да спремите за идниот зет, а фамилијата на на зетот за тебе.
    Сега целата прекупација и оптоварување ке ти биде околу ова,убави се овие денови уживај мсакисмално, без нервози, не слушај многу од страна прави тебе како што ти одговара во целата церемонија - ова е твоја свадба ;)
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Девојки ми треба ваше мислење .Деновиве моето момче ќе дојди кај мене дома за да зборува со моите,односно да побара нивни благослов за да ја планираме заедничката иднина.Значи веридба сакаме да правиме подоцна,сега ќе биди само свечен ручек на кој што ќе се зборува што планираме околу свадба и кога.Е сега дали има некој адет околу тоа?Мене стрина ми ми кажа дека тоа е како давање збор на возрасните дека ќе ми биди верен,а и јас него,а не некои адети што ни јас ни тој не ги знајм, а мислам дека не ни има некој адет околу ова.А за веридба кога ќе ме побара со прстен тогаш ќе ја официјализираме. Не сакам да правам свадба од веридбата,туку само неговите и моите ќе бидиме.
    Патем HeidiDiWalt со среќа нека ви е и се најдобро во заедничкиот понатамошен живот.ЧЕститки :clap: И моето момче е од друг град,па ние кога ќе правиме веридба сакаме а се собериме само неговите и моите заедно,а не одделно,да направиме една мала заедничка прослава. За дарувањето мислам дека за веридба не се дарува бовчи и такви работи,туку ти него да му купиш нешто,тој тебе и толку.А кога ќе дојди свадбата мислам дека се дава нешто на кумот и деверот.И тоа не мора нешто бовчи да им прајте или кој знај што.Ние сега брзо бевме девери,па ни донесоа радио за колата.Значи може како дар да им дајте нешто што ќе им користи. А за чинот на просење јас мислам дека тоа треба да е изненадување за тебе и насамо или пред други да те запроси,но кога вие решивте се тоа да се официјализира,тогаш мое мислење е дека кога ќе дојди кај тебе дома за да се верите,тогаш нека клекне и нека те запроси :D Уживајте во слатките маки :D :*
     
    На HeidiDiWalt и DeMelo им се допаѓа ова.
  15. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    се ближи мојата веридба ,и двајцата не сакаме да биде оноа традиционалноно куп гости бовчи злато дрн дрн јариња ... и да сакаме неможеме да го изреализираме тоа од повеќе причини, најголемата е што имав смртен случај на многу блиска личност и ни на мене ни на никој од мојата фамилија не му е дојдено до веселби и такви ми ти работи .
    но ние сме решени да се вериме и да си го поминеме остатокот од животот заедно ,избрав прстен како што е редот ( да ни претставува симбол за верност и вечна љубов ) и у план ни е првин мене да ме побара нормално ,а послем да седнеме во некое кафанче ли ресторанче ли не е ни битно јас он и татко ми да му соопштиме за одлуката да ме побара од него и тоа би било тоа ...
     
  16. pipi-corapa

    pipi-corapa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    34
    Помагајте другарчиња. Најдобра другарка прави веридба :)))) што да купам за поклон?? А ме покани да и бидам старосватица на свадбата :)) јупииии
     
  17. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Мене за веридбата стеросватицата ми купи постелнина за брачен кревет, а кумовите перници и јорган дормео. Секако верувај дека е мнооооогу паметен поклон, а на крајот на краиштата разговарај со невестата. Ние така направивме, кумовите не прашаа дали нешто ни треба, и ни наброија (кебиња, пешкири, бањарки, и сл), исто и старосватицата. Најдобро е така, затоа што на пр. ние уште не живееме заедно, односно не ни е среден станот, па незнаев што ми треба а што не, вака ова секако ми е многу добредодено! Се надевам дека ти помогнав! ;)
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    pipi-corapa, или некоја убава ноќница со наметка-квалитетна, или постелнина. А можеш и нешто сребро.
     
  19. pipi-corapa

    pipi-corapa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    34
    тенкју драги мои :* купив убава ноќница со наметка и не само што беше среќна невестата и на момчето му се бендиса хахах :)))))))
     
  20. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Браво, одличен подарок! :)