Веридбата барем јас како што знам се прави кај невестата.Односно младоженецот доаѓа со најблиските кај невестата па таму се раземнуваат бовчите и златото.Што се става во бовчите е ствар на договор, исто како што е кој на кого ќе даде и колку.Треба да има торта и мезе.Кого ќе поканите е ваша работа ама ако се прави традиционално, дома веројатно ќе бидат најблиските.Кога ќе се заврши со официлалниот дел, сите одат кај младоженецот.Таму прославата продолжува.Веридбата дефинитивно е договорен чин.Неизводливо е веридбата да биде изненадување. Мене мажот ми ќе ми клекни на веридба.Оти така го замолив.Му реков дека неможам да умрам во мир ако не ме запороси со говор.И сега седнал пишува Ќе умрам од изглумено изненадување ама ќе си терам кеиф.Ептен.
XstrongerX да не пукнеш човек. Од стол се превртев... Ова ти е добра фора, ќе ја памтам п.с. знам дека прославата продолжува кај младоженецот,но и невестата ли оди кај него?
Ние правевме веридба сегашниов сопруг дојде со најблиските и законитеите кај мене дома да ме побара и пред 12 заминавме од кај нас , па после дојдоја моите блиски кај сопругот де се допијана и така веридбата ти е појди ми дојди ми . Веридбата еден трошок затоа што сите што идат на честење идат со цвеќе и бонбонњера (барем кај нас е така), а ти мораш да ги ставиш масите да тежа да лежа што вели баба ми. Мој предлог давање на збор пред најблиските и свадбата по 2 недели да не ви се точка луќе на секое оти од гости глава не можевме да крениме, а и голем трошок се.
^^^ По традиција со тој чин си ја "зема" невестата дома.Таа останува да преспие кај него.Денес често не ја почитуваат оваа традиција па новите невести се двоумат дали да останат или не.
so decko mi sme vo plan da se zememe imame po 24 godini ama rabotata e sto jas neznam kako da im kazam doma na moite a ne sum bremena premnogu se sakame. Ve molam za pomos
Зошто се плашиш да им кажеш Ниту имате по 16 години, ниту бременоста мора да е причина за да се одлучи на брак некој пар.
ПРед се имате 24 години и веќе сте во план да се земите,па зошто ти е страв да им кажеш на т воите,јас мислам дека баш ќе се израдуваат и тоа на дупло добрата вест . А сега на темата,нашата веридба ќе биде некаде здравје Февруари и бидејќи тој е од друг град кај нас ќе дојдат тој со неговите,а јас ќе одам кај него по три,четири помеѓу себе ние така се договоривме.Сепак за нас веридбата е трошок и нема да правам како што прават некои денес со по 50 гости,тоа ти е исто ко свадба.Кај нас ќе се само најблиските,па потоа кој што сака нека дојде на честитање ,а по некое време свадбата кога ќе дојди е тогаш ќе се слави на големо .
Може да ми кажеш колку долго се познавате со тоа момче дало го знаеш одпоодамна? и од каде е дали е од твојот град оти обично ако е странец не ме ни чуди оти толку прзо ја прифати понудата обично така прават овде кај нас
[СДК] Сакам да кажам... se znaat moite so nego i muabet pravat koga ke se vidat ima doagano i doma od mojot grad e
Така фино лепо ќе им кажеш дека сакаш веридба да направиш, после некој ден викни го дома на ручек или вечера, и после ќе разговарате што и како, детали.
Незнам што да речам јас лично неможам да ги разберам тие што донесуваат толку брза одлука врска од 4 години туку така да ја заборавам јас лично неможам и туку наеднаш да се мажам со некој што сум била 4 месеци ова за мене нема смисла
Ќе ме примите во кланов? Веридба, аха Ние си имаме идеа и желба тоа да биде на денот на нашата годишнина, 6 години, правиме и сакаме да биде баш тогаш, се погоди Недела. Мислам дека не е лош ден. Е сеа, сестра ми правеше веридба и се тоа, ама јас ич не се сеќавам што како беше. Според мојата логика на веридбата машкото ја вери девојката со прстен, се праи што се праи, е сеа, дали девојката му дава прстен на машкото? Најверојатно нашата веридба ќе биде онака со поблиските, роднини и пријатели, ама ептен најблиските, кои што не можам да замислам да бидат на друго место освен покрај мене тој ден. Се, се, ама ме буни ова со прстенот, дали му купувам и јас на него прстен или не?
првин честитки драга колешке! на веридбата кој како сака и каков е адетот во крајот во твојот крај ...некои тогаш си ги сменуваат венчалните прстени и си ги носат до свадба а некои пак не си разменуваат прстени туку само момчето официјално ја бара твојата рака и ти дава тебе прстен а ти нему што симболично (кошула, убава бањарка, парфем, саат )...јас на пример кога правев веридба му купив многу убава бањарка (тој си ја бендиса, несакаше друго) а од него јас си добив прстен и многу убава кошула...инаку обично веридбите се прават во среда или сабота демек среќно... Спојлер ако вашата годишнина се паѓа во недела може да ја правите сабота спрема недела
ПРед се честитки Ангел,стварно ми е премногу мило за тебе .Бидејќи и мене ми следува веридба па пред некое време се распрашував низ форумот околу истото прашање ,а и дома со моите си зборнав.ЗА тоа со прстенот е договор меѓу вас двајца,значи не е морално ти него да му дадеш прстен.Секаде е различно,некои си разменуваат,а неко не.Ние ќе си дадеме прстени меѓу себе,онака тоа ми е посебен симбол,а и тој така сака.Вие ако се договорите дали ќе му дадеш прстен,а ако не е тоа можеш и нешто друго,пример часовник или нешто што знаеш дека ќе му значи и ќе го носи понатаму.За денот пак е прашање на договор меѓу вас,да по обичај се прават во среда или во сабота,но сепак не е ништо спорно и да е друг ден.
Честито Ако добро се сеќавам, сестра ми на зет ми за веридбата не му купи прстен, туку ланче. (од накит) Мислам дека не се водеа по некои обичаи, па затоа он и' купи на неа прстен, а она на него ланче. Имаше и нешто плус што му купи, исто и он на неа, ама да ме убиеш не ми текнува. Битно знам дека не беше прстен. Инаку, бевме буквално само најблиските-ние домашните само бевме, дојде зет ми со мајка му и татко му, нешто подоцна дојде и старосватицата со вереникот (тоа беше желба на сестра ми, зашто се најдобри другарки од нивни 3 години, не беше заради некој обичај)......и доцна ноќта дојдоа моите роднини од Битола, откако си отидоа „сватовите“ Ние фамилијарно сме ептен приврзани и не можеа да не дојдат за ваква убава работа. За денот, мислам дека беше сабота Знам само дека сестра ми сакаше да ја одложат веридбата затоа што 3 дена претходно почина дедо ми, таткото на мајка ми , но мајка ми и вујко ми не сакаа ни да слушнат за таква опција, и си ја одржаа на закажаниот датум.
Јас знам дека верида се прави во среда и сабота,не во други денови. Тоа со прстените е ствар на договор,некои си даваат меѓу себе и двајцата ,а сега последно другарка ми кога правеше веридба само вереникот и даде на неа прстен,не таа нему,.
Пошто 24ти е Недела веројатно ќе ја преместиме на 23ти, а на него на 22ри му е роденден, на 24ти ни е годишнина, значи ќе биде Ивкова Слава, три дена Ајде ќе видиме како ќе биде ама сигурно ќе биде многу забавно, веројатно славењето на роденденот ќе го одложиме малку за да прославиме и за веридбата на еден трошок со пријателите, нели дечко ми економист познат е
AngelOfArh....златна рипна в тавче??? Лелеее срцка таја... епа ај честито нека ти е. Да сте живи здрави весели бериќетни...се нај нај. Оххх боже уште не си верувам на очиве Ееее значи многу се израдував. п.с. и јас го знам истото дека само во среда или сабота се прават веридби. и се разменуваат торти. свекрвата носи цвеќе и злато за невестата, а невестата си го има дома подарокот за младоженецот.
Со среќа нека е. Од искуство што сум гледала, мислам дека не треба да купуваш ти прстен, него треба да му купиш нешто меѓутоаа тоа е ствар наа договор, најдобро да му купиш нешто што тој сака. А тој ти дава прстен веренички, додека кога ќе се венчавате во црква кога ќе правите свадба тогаш ќе си размените бурми. Good luck!