веридбата денес е ствар на договор, кој како си милува така сметам дека не треба да бидеме водени од некои правила. моето ако може да се нарече веридба помина во кругот на најтесното семејство свекрва ми донесе благо и цвеќе а маж ми донесе прегратки и бакнежи инаку за прстенот (вереничкиот) ме мене ми го даде денот кога ме побара како на филм со букет цвеќе и прстен во рака, кога кажав да почнавме на сите да кажуваме дека сме верени... а бурмата си ја купив сама и да ви кажам (срам не срам ) на денот на свадбата си ја заборавив така да кога си се вративме во скопје ја најдовме дома и пред другарките ми ја стави на прст уште еднаш ветувајќи дека ќе ме сака и чува цел живот
Ангел ајде и од мене една гоооолема честитка и се најубавко.... И јас знам дека веридби се прават во среда и сабота, но тоа според мене е уште само едно од многуте суеверија кај нас, кој ние ги почитуваме. И нашата збор - веридба беше во среда, а ние си разменивме прстени еден со друг и вереникот мене ми даде букет...
Е мојата веридба од Март се пресели во Декември, 22 или 29ти, се зависи од мајка ми, главна е она, ќе кречела во сред Декември заради веридбава, не ми се верува Ние сакавме да биде март заради симболиката на датумот, ама нема смисла да се преселам кај дечко ми дома онака па си се одличивме вака, и многу ми е мило што излезе така, некако ќе се ослободам од притисокот порано и нема да ја мислам многу
Ангел со среќа нека ви е. Кај нас кога правиш веридба, тоа мора да биде кога е новина (млада месечина), така велат старите. Не знам дали кај вас се практикува тоа.
Со среќа и од мене Ангел, само среќа да ве прати во заедничкиот живот. Уживајте и правете како вам ви одговара. Кога сакате и како сакате
Девојки, сакаме веридба да правеме во понеделник. Има ли нешто врска што не е сабота или среда? Демек викаат ако е среда или сабота ќе не следело повеќе среќа?
Нема врска Глупости се тоа, правете си кога сакате и кога вам ви одговара. Ние веридба правевме во недела. Нема правило
Од кај ги извадија бре тие правила за денови и месечини и број на гости, и мал милион глупости луѓево??? Мислам дека тоа сето потекнува од времето кога ниедна жена не работела, и немале што попаметно да прават па измислувале адети и глупоштини. Правете си кога ви е ќеиф, и како ви е ќеиф. Нас ни се погоди во сабота од причина што во петок - сите на работа, недела - утредента сите на работа, па ај нека е сабота. Ама не заради некои редови. Не се замарајте, само уживајде си го денот!
Нема врска не верувај во бабини деветини било кој ден можеш да си правиш само треба да си договорите со либето
не ми се јасни тие сфаќања требало среда, не смеело вторник...ама добро кој како си сака јас мојата веридба ја имав измината сабота, дома ги пречекавме јас и моите родители и мм ми дојде со неговите родители. Ми подарија златник, а донесоа и торта, букет цвеќе и пијалок. На масата имавме ставено послужавник со благо и масата беше поставено во смисла чинии, чаши и такви ствари ама без јадење Татко ми ги праша: Зашто сте дојдени, они муабетот како што иде да не го раскажувам се знае и ајде моите ме дадоа и наздравивме со ракија. После ми го подарија златникот, јас им ги дадов подароците - бовчи, меѓутоа пристојни не со некои гаќи или кошули или панталони. После оваа примопредаја се дрмна уште по една ракија па го сервиравме мезето и тука се дрмна уште по една ракија се послужи подоцна и вечерата, после тортата и така се по ред. Си се напија маживе здраво се изнасмеавме, изнамуабетивме, од 18.30 како што дојдоа до 23.30 кога си отидов дома со нив, а сабајлето си се вратив во моето дома па тука се настави во недела прослава со моите браќа, снаи, внуци. Се на се, убаво и весело
Епа Сонценце баш убаво сте си поминале. А тие да не речам глупости, не се правело во вторник или во петок или не знам што немаат врска. Јас имам пишано дека ние правевме веридба во недела. Понеделник беше неработен и затоа така се договоривме. Нашата веридба помина супер, дојдоа сопругот со родителите и сестра му, се вртеа тие муабети кој за што е дојден. Сопругот ми го даде прстенот, јас нему му дадов часовник. Мајка ми му даде златник, татко ми колекција. Јас на свекорот и свекрвата им дадов по една бовча (не класична, со по 3 работи внатре, ама вредни ) ,исто и на золва ми. Бидејќи злато не носам многу, си бев одбрала од Божиновски некои работи, ми ги дадоа. Секако донесоа и пијалок, торта и цвеќе. Подоцна неговите другари не изненадија со жива музика дојдоа и не собраа, отидовме кај него и џумбуш до сабајле. Забавно беше ептен
Јас ке ти кажам од лично искуство мене што ми донесоа за мојата веридба. Повекето луге носеа само бомбони, но најблиските како вујко на маж ми ми даде златен прстен, а еден другар ми имаше купено puma колекција и нормално бомбони и цвеќе. позз
Ние кога бевме на веридба кај другар на дечко ми купивме цвеќе, бомбони и многу убава вазна, плус скапичка беше околу 900-1000 денари ја земавме. Според мене, најдобро ќе биде да им купите нешто за дома, некој украс и нели цвеќе и бомбони