Па за веридба по обичај се дава цвеќе и бомбоњера,не се дава некој кој знае каков подарок.Ете идеата од Аноук за чаши за вино или шампањ е убава. А јас имам уште еден месец здравје до големиот ден .Полека,полека почнавме да се спремаме.Тој мене се разбира дека прстен ќе ми даде,а јас него се одлучивме да биде часовник.Прво сакав и јас да му дадам прстен,но се сменаа работите.А имам едно прашање -погоре прочитав дека се дават на неговите блиски по 3 работи и обратно.Тоа мора да е така или можеи по една.Јас се мислев пример на женските по една убава шарпа или парфем,а на машките парфемче некое машко бидејќи се договоривме да биде нешто минимално,но сепак значајно.Што мислите за идеата,дали е убава или .Совети ми се потребни и тоа како околу тоа бидејќи ни јас самата не знам и немам некоја идеа што друго би можело да е.
Убава е идејата Илипили, не мора да се по три работи, може и по една. Јас за свадбата на кумови, старосвати давав по една работа. Работава е само демек да било непарен број. Баш ми се допаѓа идејата со марама за женските и парфем за машките. Можеш и парфем и за женските, има убави парфеми и за пристапни цени. Еден месец се ближи значи ептен големиот ден. Возбудена си нели ? Си одбра ли гардероба?
Да,да и јас знам дека се дава непарен број,а може и парфем и за женските да,интересна е идеата.Леле ме фаќа тремичка онаа позитивната ,се број ситно ситно од 23 јануари ќе броиме 30,29,28.... .А,за гардероба разгледував некои моделчиња на фустанчиња.Не сакам да сум ептен накинџурена бидејќи ќе бидиме само моите и неговите,но сепак сакам да си одберам соодветна гардероба која што ќе одговара на пригодата .
Девојки во сабота правиме веридба и незнам што да му купам јас на вереникот?? Дајте ми предлог попрзо ве молам
^ Најдобро со договор. Зависи од буџетот со кој располагаш и до таа сума ќе се договорите што му треба, и обратно, тебе што ти треба. Мислам дека денес така сите прават, со договор. Барем јас така имам слушнато. Дали ќе биде тренерки или панталони и кошула, часовник, во комбинација со парфем, козметика нешто и сл.
Плавуша пред се честитки за веридбата,ви посакувам се најубаво . Како што кажа и Ема,се е работа на договор.Бидејќи јас сум во истата ситуација,се договоривме јас него да му купам часовник,парфем и паричник или пак златник.Сеуште се мислам меѓу тие две работи ,но здравје имам време уште малку.Мој предлог е да си излезите заедно и да одберите.Така полесно ем за двајцата и нема после да има негодувања дали му се допаднало нештото или не.
девојки, ми треба совет. не сум доволно информирана, околу веридбата,запросувањето. Наредниот месец, планираме со дечкото да дојде да ме побара од татко ми. Тој со мајка му и татко му сами е редот да дојде, тоа знам. После веридбата планираме да си живеам кај него, ние од различни градови сме, тогаш кога ке си отидеме кај него(пред полноќ) незнам дали јас да си ги понесам стварите(облека) тогаш, дали тогаш треба да купам по нешто за него мајка му татко му... после ако доаѓаат луѓе за честито,веридба, ние не планираме да славиме ама блиските секако ке дојдат нема никој ни да вратиме, тоа би било кај него дома..или? ме фаќа паника вистина незнам ни што,како... аааааа ..
Како ќе си се договорите така правете си. Нема некој строги правила вака или така било. Па и за работите што треба да си ги понесеш неможеш се наеднаш нели Како ќе идеш така ќе си се пакуваш. Во поглед на дарување и се останато навистина е се договор еден со друг. Денешно време како што се нема средства луѓето се повеќе кратат од дарувањето и се останато. А за честито кој ќе ти доаѓа си ги служиш како нормални гости кога ти доаѓаат
Здраво, прво да ви посакам многу среќа. Веридбата ќе е така, како вие двете семејства ќе одлучите. По ова што го кажуваш, ти ќе си одиш дома му, можеш да имаш по себе некоја помала торба со најосновните работи за таму (или ако имаш услови претходно однеси си таму дел од алиштата). За поклони, искрено прв пат слушам дека треба да им купуваш нешто на татко му и мајка му, не знам околу тоа.. Ама ако им купуваш, најдобро однеси ги вечерта на веридбата, кога ќе втасате таму. Гости за честито, ќе доаѓаат неговите роднини и пријатели кај него, вашите кај вас. И може и цел месец да ви идат, кој како втасал и разбрал. Дома ви ќе си ги пречекуваат твоите, а ти ако викаш лично твои пријатели можеш една вечер да си дома и сите да си ги собериш наедно.
Ви благодарам. значи нема некои посебни обичаи, така и си мислев се е работата како ке се договориме. И сега ке чекам да видам како ке испадне хехе
Ќе испадне се супер, не се секирај Ако можеш однеси нешто од твоите работи пред веридбата, вечерта само една торба со основните работи, не ќе се селиш во 12 ноќе со комбе и за ден-два ќе си ги однесеш и другите работи. Кај тебе дома ќе си дојдат твоите роднини и пријатели, твоите родители ќе ги послужат со кафе, сокче, торта, мезенце, не сега ручеци и вечери да прават за секој што ќе дојде на честито, а кај вереникот ќе си дојдат неговите роднини и пријатели и тука истото частење. За дарови или бовчи ќе си се договориш со твоите родители во поглед на финансии и доколку се решиш да ги даруваш ќе им кажеш на идните свекор и свекрва дали ќе им ги дадеш даровите на веридбата или на денот на свадбата. Опушти се и уживај, па после да ни пишеш тука импресии како поминало, да се порадуваме
И мене ми следува за недела и пол веридба ,така да ги имаме истите слатки маки .Како што кажаа и останатите се е договор меѓу вас двајца,твоите и неговите.Значи во поглед на финансиите и ако сакаш на неговите да им подариш нешто можеш најминимално,пример по една крпа или не знам нешто може да си замисчиш ти . Јас се одлучив на мајка му и сестра му да им подарам по еден женски плик -чанта,крпа и шарпа, а на татко му и зет му крпа,парфем и машки новчаник.На мажулето мој совет ако веќе му подаруваш нешто сам да си одбери. И ние сме од различни градови,па и тука сме исти . Значи кога ќе одиш кај него понеси си само неопходното па по некое време ќе си ги земиш и другите работи.За гостите,вашите односно од твоја страна ќе доаѓаат кај твоите дом на честитка а од негова кај него.Нека не те фаќаат паники,само смирено и за се договорете се па ќе видиш дека кога ќе дојде ка јтебе да те побара се ќе помине .Ви посакувам многу среќа и се најубаво.
благодарам за мислењето за советите.. секако ке споделам тука со вас како ке помине.. само нека бидее ilipili честитки и до тебе и се најубаво
Ајде да го споделам и јас моето искуство . Спојлер Нормална е таа гужва и нервоза пред веридбата, колку и да ви кажуваат дека се ќе биде како што треба нема да се смирите до моментот кога ќе заврши тоа, од искуство ви кажувам . Мојата веридба беше пред еден месец. Од моментот кога им кажавме на семејствата до официјалниот чин поминаа 3 недели, така да и од двете страни се изнаслушавме што се требало или не требало да правиме. Со вереникот се договоривме дека тоа ќе биде само едно официјално запознавање на двете фамилии, претходно не се познаваа и дека нема тоа да биде никаква официјална веридба. Од негова страна најпрво се изјаснија дека не знаат ништо како треба да се одвива самиот чин и дека ќе го испочитуваат она што ќе им го кажеме, а од моја уште на почетокот беа за тоа дека МОРА да дојдат најблискиот круг роднини. За да не им го расипеме меракот се согласивме и на тоа . Е сега и неговата страна почна да си изразува желби, поточно да си прават како што мислат дека треба да биде, за на крај, после многу нервози и објаснувања дека веќе живееме заедно и дека не сакаме од тоа да правиме панаѓур, НИЕ (јас и вереникот) кренавме раце од се и да ги оставиме да го режираат моментот како што сакаат. Олеснителна околност ни беше тоа што живееме сами на 120 км оддалечени и од едните и од другите. На крај помина се совршено, да сакавме така да биде немаше да го организираме. И сега со радост се сеќавам на тоа, така да целата таа трема и нервоза и сите тие подготовки на крајот се исплатат. Барем мене така ми изгледа Инаку од дарување мајка ми имаше спремено за сите кои беа од негова страна убави крпи, а јас и он си купивме тренерки кои си ги разменивме. Прстенот ми го даде кога ме запроси. Имаше еден момент само кој досега не го сретнав во темава, они кога дојдоа донесоа цвеќе, вино и торта, а кога си тргнаа моите им пратија шише со ракија.
Мојата веридба беше на 7-ми Мај 2011г. Кај мене дома беа тетка ми (на татко ми сестра), братучетките, зетовците и внуците. Од страна на маж ми дојдоа, освен него, дојдоа мајка му, татко му и едниот брат. Не правевме никакви адети. Само се запознаа семејствата и толку беше.
Ај јас да си прашам тука,кога ќе дојдат тие кај мене за да ме бараат од моите треба да донесат вино,бомбоњеар и цвеќе така? А ние што треба нив да им вратиме,како одат тие работи?