Од кај вас тебе ќе те дадат и доста е Ако си разменувате злато тогаш тоа, ако не мислам дека ништо друго не треба.
Треба да донесат цвеќе и бомбони, нели благо. За вино не мора. А, вие треба да им вратите со нешто благо. Бомбоњера или торта. По старите адети не носат бомбоњери, туку си заменуваат торти.
мене на вреидба ми донесоа цвеќе вино и торта, а ние после неколку месеци на повратно им вративме со исто. И пак ќе речам таков ни беше договорот
Епа се е значи со договор помеѓу двете страни а посебно меѓу нас двајца.Злато нема да размекуваме освен тој мене прстенот и јас него часовник како што и се договоривме. Нема да правиме веридба со тетки,стрини,вујни туку само моите и неговите најблиските ќе си сме и ќе биде една обична опуштена вечера .
Нема да правиме веридба - тарапана. Да фрлам пари и да правам мала свадба YOK! Сега во сабота 17.05.2013. ќе дојдат неговите и брат му со жената и децата кај нас, еден муабет како што си е редот и тоа ќе си е веридбата. Тогаш моите ќе го даруваат со саат - тоа си сакаше. Неговите мене со бело злато и тоа.
Без збунување млада невесто бидејќи прочитав дека нема да правиш некои церемонии околу веридбата, и јас исто направив, ќе ти кажам само да се опуштиш, ништо страшно нема да биде си го знаеш идниот ти маж така што немаш гајле. Мене искрено ми беше многу смешно кога татко му рече дека се дојдени за едно девојче и го праша татко ми дали ќе ме даде и овој мојов се распекмези и се зацрвени ко булка Им ги дадов подароците и други некои дешаванки немаше. Јадевме, си пивнавме, се посмеавме и тоа беше тоа
со дечкото планиравме веридбата да ни биде во недела на 19ти но после ни кажаа дека требало да чекаме да дојде новини (млада месечина) а тоа ке биде на 7ми јуни за 3 недели а на нас не ни се чека знае ли некоја дали има тоа врска нешто или да не гледаме такви работи.
^јас не верувам во такви работи...ете се вели и среда требало да биде.Е уште да не треба месечината во среда да ја чекаме
Општи прашања нема врска тоа..бар јас не сум чула само велат да биде во среда или сабота демек СРЕЌНО!
Епа девојки помина и мојата веридба...официјално моето војниче сега ми е вереник. За повеќе детали ќе ви пишам задутре, зошто утре сум цел ден на свадба....кумови сме.
Вака ми беше запаковано златото кога го донесоа...стаклена ваза голема во опблик на чаша, внатре школка со ружа и пеперутка. Тортата Накитот А дечко ми си избра саат...ама изумив да го сликам одблиску.
во сабота ни е веридбата за него имаме спремено бовча а за другите по 1 поклон. Сега незнам дали кога тие ке ме земат нели пред 12 треба да си тргнеме треба истата вечер после 12 да дојдат мојте од дома иначе од исти град сме или може другиот ден да дојдат.
Ние не се придржувавме за тоа „правило“. Јас несакав одма да се враќа посетата и поради тоа што 3 града се во игра (јас сум од еден, тој од друг, а живееме во трет ) едвај успеавме да се договориме за 3 недели по веридбата да дојдат кај него. Несакав на целото тоа малтретирање дома и по пат да треба да му ја мислам и за тоа дека моите треба да дојдат, дека јас треба да се правам домаќинка таму кај што не сум и сл. По 3 недели дојдоа моите на раат си поседовме видоа кај им се мажела ќерката , а таа не ни живее таму . Така да мислам дека се е договор и секој со својата желба.