можеби нее за оваа тема ама незнаев кај да прашам... ми се ближи веридбата и одбрав форма на торта ама незнам каков фил да одберам бидејќи не сум многу по торти па еве кој ми ги предложија па вие ако не вие мака да ми кажите кој е подобар и од што се состои би ви била многу благодарна па еве.. -чоколадна -смоква -нестле -грчка -интерконтинентал -жарбо -пиринч -киндер -охридска -саварин
Хахаха леле не сфаќај лично ама кога прочитав стварно се изнасмеав, девојче не се замарај толку со небитни ама тотално небитни ситници како ова, ако за ова се размислуваш што ќе правиш тогаш за свадба земи чоколадна, никогаш не се утнува со чоколадо
Филот е карамел( шекер топен и се здрвува па е крцкав)па ред топено чоколадо ( здрвено) и ред фил од жолчка . Пандишпанот е само од белка не цело јајце и мелен орев.
ете помина и нашата веридба прво беа кај мене па од кај мене ме однесоа во новата дома и од тука в кафана се изнаиграв зетот не игра ама се напи некоја чаша па да видите како води оро ако напраеше уште една и на маса ќе се качеше имавме и жива музика и вечерта кај 1 и 30 си заминавме дома и потоа се знае... Спојлер отворав поклони
А колку пати доаѓаат дома кај вас, прво еднаш за да се запознаат и после дента кога треба да се иде у кафана пак реприза или се наеднаш правите???
LejdiD се е работа на договор, како ќе си се договорите така. Некои прават само мала вечера, да се запознаат родителите и после свадба, а некои прво одат се запознаваат, се договараат што како, па после неколку дена прават веридба. Како ви одговара на вас така ќе си правите
Што мислите за веридба заедно со прослава по повод дипломирање.За некој месец ќе дипломирам,а датумот за веридба не ни е одреден,но сакаме исто така да биде за блиска иднина па си мислев како би било заедно да се прослави,за дипломирањето планираме да ги викниме најблиските,а вака некако ми доаѓа дека би имало помалку трошоци.Не знам,можеби дипломирањето би било во сенка на веридбата па не ќе се знае што се прославува.
Јас еднаш имам славено така, матура и светење на нова куќа, во мојот град се вика Пречувување на куќата, цела вечер се седи со домаќините и се јаде сабајлето јагне, небитно, никогаш повеќе не би направила таква работа бидејќи ни мојата матура беше одбележана а ни светењево на куќата беше одбележано, нормално како треба. Да, ќе се заштеди, ама никогаш не би направила пак таков потег, што е нормално мое мислење
Кај блиска особа бевме на веридба и дипломска во ист ден и си поминавме супер. За да не прават дополнителни трошоци, а и да не ги викаш истите луѓе по два пари во размак од недела-две, подобро е во ист ден. И двете прослави се погодени, така да можеш да ги ставиш во ист ден.
Zdravo odnapred se izvinuvam za latinicava od teeleefon pisuvam. Sakam da prasam dali na veridba burmi se kupuvaat ili za posle mozat burmi za vencavkata vo crkva. Bidejki mene decko mi mi ponudi brak bez prsten, a jas sakam i verenicki prsten so kamce i posle burma. Neznam kako odat ovie raboti, ako moze nekoj da mi objasni
Бурми може и после да купите за венчавка во црква , а чим не те запросил со прстен ете сега убав повод да ти купи веренички прстен и да ти го подари на веридбата со среќа!
Јас со мм кога се верив ми даде веренички прстен и тоа на веридбата кога ја правевме ми го даде. Не ми клекна на колена ниту пак на некој друг начин ми рече те земам јас и готово. Си се регистриравме после некој месец од веридбата, а сега во октомври ќе правиме свадба и си се договоривме да си земеме бурми сега за во црква.
Кога доаѓаат прв пат да се запознаат само треба ли да им се даде некој поклон? А после на веридбата што им се поклонува? Знам ќе речете како ќе се договориме ама сепак како сте правеле вие секој совет е добредојден ми дојде ситуацијава ненадејно и сега врска немам И некој да предложи шминка и фризура во центар негде ама со нормални цени