Ловен е авторка на раб на финансиска катастрофа кога прифаќа една од оние понуди што доаѓаат еднаш во животот. Џереми Крафорд, сопруг на легендарната авторка Верити Крафорд, ја ангажира Ловен да ги доврши останатите книги во успешен серијал кој неговата сериозно повредена сопруга не може да го заврши. Ловен пристигнува во нивниот дом каде што треба да ги разгледа и истражи сите забелешки и осмислени концепти во канцеларијата на Верити, надевајќи се дека ќе најде доволно материјали за да почне со пишување. Но она што Ловен не го очекува е пронаоѓањето на недовршена автобиографија во хаотичната канцеларија, што Верити немала намера никој да ја прочита. Таа автобиографија е полна со грозоморни признанија, а едно од тие признанија е и приказната што навистина се случило дента кога умрела ќерка ѝ. Ловен одлучува да не му ја покаже автобиографијата на Џереми затоа што знае дека сето она што го пишува внатре ќе го уништи веќе ужалениот татко. Но кога нејзините чувства за Џереми почнуваат да се засилуваат, таа сфаќа дека може да ѝ оди во прилог ако тој ги прочита зборовите на жена му. На крајот на краиштата, без разлика колку е посветен на повредената сопруга, ниеден маж не би можел да продолжи да сака жена по една толку ужасна вистина. Книга која ја прочитав во еден здив, со огромна љубопитност кон тоа што следува, за на крај да останам шокиран. Дефинитивно препорачувам. Како вие ја доживеавте книгава? Со која вистина манипулираше? Што мислите вие?
Ме згрози автобиографијата. И јас ја прочитав со нетрпение, не можев да ја оставам. Ми се допаѓаше многу како е напишана целосно книгата, ја препорачувам на секој љубител на овој жанр. Спојлер Мислам дека вистинската Верити беше таа во автобиографијата, најмногу заради Кру (синот). Ама дури и вистината да е тоа што е напишано во писмото, не го осудувам Џереми. Да беше Верити "чиста", ќе пробаше да каже некому и да побегне. Како сведок ќе ја имаше менаџерката која ја "советувала" да пишува изопачени работи.
Книгава ме потресе на чуден начин, емоциите ми беа хаос. После неа една недела не можев да почнам нова книга. Не бев навикната на овој жанр од Хувер и бев во шок. Многу ме заинтригира крајот, некако оставено ни е на нас читателите да си одбереме на чија страна ќе сме. Мислам дека Верити беше навистина психопатка како што е претставена. Спојлер Само не знам како може Ловен да се ожени со човек кој пред нејзини очи ја удави жена му. Премногу прашалници имам од книгава.. Премногу ми се језиви сите ликови. Спојлер: За оние кои ја прочитале Размислував, што ако Ловен го напишала писмото што го најде на крај? Зошто нели она месечареше ноќе? Или што ако она ја пишувала автобиографијата на лаптопот? Многу, многу чудна книга, дури не знам ни како да ја опишам или оценам. Би сакала да има продолжение, на пример тогаш да раскажува синот на Џереми. Е тоа би било интересно.
Многу размислував откако ја прочитав. Сите можни варијанти ми се завртија во глава и пак не знам кој лик бил во право т.е кој е нај невин во цела ситуација.
Само што ја прочитав книгата и ме остави без зборови. Ваков тип на книги слабо читам, ама книгата е ептен јака што на крајот те остава во недоумица која вистина е точна. Спојлер Јас мислам дека сето тоа е тично во автобиографијата бидејќи Верити воопшто не се потруди да се одбрани туку само едно не кажа пред Џереми, можеше убаво да му објасни или да му каже да ја праша менаџерката којаштои ја даде таа идеја. Не знам многу варијанти има, ама на крај секако остануваме во недоумица.
Ја почнав книгава можда пред месец дена, ни до пола не сум некако не ме влече. Tempted сум да го отворам спојлерот над мене ама па мислењето над тоа ми дава надеж дека нема да ме разочара книгава до крај. Ќе гледам да ја дочитам денес-утре па ќе видиме .
Една од појаките книги што ги имам прочитано. Сметам дека треба да има продолжение, да ни ја разреши дилемава
Се уште ја немам прочитано цела книга, но според нејзината автобиографија Спојлер Верити не го сакаше Џереми. Можеби на почеток да, но каква е таа љубов да го правиш несреќен. Таа само сакаше внимание. Не , никој не може да ме натера да верувам дека женава го сакаше искрено. Тоа беше опсесија и желба за внимание.
Моментално ја читам.. Џереми ми е премногу совршен.. Верити ми е мистерија.. Спојлер Дојдена сум до моментот кога сака да ја угуши Харпер во спиење Ловен со месечарењето.. Книгава е ЛУДИЛО !!
Ја завршив.. Леле психо еј!! Манипулатор до крај. Ауууу мајко. Според мене се е јасно. Спојлер Верити е тежок психо кој до крај сакаше да го измачува Џереми со писмото што го остави. Мислеше дека со смрта на Харпер ќе го врати кон себе ама уште повеќе го оддалечи. И за да го измачува го крај го остави писмото. Психо, социопат, пореметена жена.