1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Верност во хороскопот: Како изневеруваат знаците?

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од leighton23, 31 мај 2013.

  1. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Мислам дека нема таква тема
    ако има нека биде заклучена

    Овен
    Претставниците на овој знак дури и кога се во друштво на партнерот, погледот секогаш им бега на атрактивните припадници на спротивниот пол. Едноставно, тоа е посилно од нив. Штом забележат дека некој им е привлечен, тие добиваат желба да ја заведат и освојат личноста, но доколку се во сериозна врска, знаат да бидат и верни. Сепак, бидејќи заведувањето им е во гените, секогаш би се впуштиле во игра на флерт и кокетирање.
    Кога би изневериле?
    Кај овој знак, многу се важни можностите, така што ќе го направат тоа, кога ќе им се укаже ситуација за тоа. Сепак, кога станува збор за физичка страст, тоа не значи дека не го сакаат својот партнер.
    Бик
    Биковите се многу сензуални и страствени, но во врската бараат стабилност, поради што се еден од најверните знаци. Обично се многу воздржани и предадени партнери кои секогаш размислуваат за иднината, поради што се многу воздржани и промислени кога станува збор за изневерувањето. Тие не само што го сакаат и ценат својот дом, семејството и брачната заедница, туку се и најсреќни кога се опкружени со најблиските. Штом започнат врска, ќе се потрудат таа да трае засекогаш, па дури и да почувствуваат дека некој ги привлекува, нема да дозволат страстите да им го расипат односот кој го граделе со години.
    Кога би изневериле?
    Неверните претставници на овој знак се вистинска реткост. Во најголем број случаи, тие изневеруваат само доколку ги наведе партнерот на тоа. Кога ќе се почувствуваат изневерено или понижено, можат да се впуштат во неверство само доколку се лути и повредени.
    Близнаци
    Љубопитните Близнаци не се олицетворение на верност. Тие можат да се споредат со пеперутките кои летаат од цвет на цвет. Тие се во постојана потрага со возбудувања и нови искуства, а се им здосадува многу брзо. Ова се луѓе за кои флертот е основна потреба, а често истовремено се привлечени од повеќе луѓе. Важно е партнерот да се обиде да не им ја украде слободата, а на таквото однесување нивните партнери не треба да гледаат како на нешто сериозно, бидејќи за Близнаците тоа е само игра.
    Кога ќе изневерат?
    Тие се интелектуален знак кој постојано бара нови ментални поттикнувања, па така тие често стануваат „палави“ во долгите врски. Доколку партнерот престане да им биде интересен, или ако врската западне во монотонија, тие ќе побараат возбудување на друга страна, посебно повеќе доколку во близина имаат нов колега или познаник, кој е забавна и интересна личност.
    Рак
    Ракот е знак кој повеќе од се сака мир, сигурност и семејство, така што е многу малку веројатно дека би направил нешто што може да го загрози сетоа тоа. Претставниците на овој знак се чувствителни и нежни, а помислата дека би можеле да повредат некого за нив е застрашувачка. Кога ќе ја пронајдат вистинската личност, за нив таа е сè и затоа може да се каже дека покрај Биковите тие се најверни знаци во хороскопот. Дури и ако развијат чувства кон одредена личност, Раковите ќе се обидат да заборават на тоа.
    Кога би изневериле?
    Тие се многу чувствителни и често го менуваат своето расположение, така што многу лесно е да ги повредите. За да се впуштат во неверство, би морале да се многу разочарани и повредени од однесувањето на саканата личност. Во сите други случаи, неверството е речиси невозможно.
    Лав
    Лавот секогаш е во потрага по идеален партнер, но за жал малку од врските се совршени. Ако сфати дека партнерот не ги исполнува неговите желби и потреби, Лавот е склон кон неверство. Овие луѓе се малку егоцентрични и насочени кон сопствените потреби, па кога се во таква врска, често бараат внимание и на друго место. Сепак, доколку го пронајдат животниот партнер кој постојано ќе им ласка и ќе им ја покажува љубовта, нема да им падне на памет да го загрозат таквиот однос.
    Кога би изневериле?
    Тие се големи заводници кои ја сакаат играта на лов и заведување. Со оглед на тоа дека постојано сакаат внимание, нема да стојат мирни доколку забележат дека партнерот ги занемарува. Склони се кон изневерување и одмазда.
    Девица
    За нив, верноста е од големо значење. Тие се многу внимателни и не сакаат никого да повредат, а на своите сакани секогаш им нудат поддршка и рамо за плачење. Девиците сакаат совршеноство и затоа им е многу тешко да го пронајдат својот идеален партнер, но штом ја пронајдат сродната душа, ќе се погрижат таквата врска да трае долго, и покрај проблемите кои можат да се јават.
    Кога би изневериле?
    Девиците не се родени заводници, и со оглед на тоа дека се навистина промислени нема многу лесно да стапат во акција. Сепак, доколку наидат на личност која ќе ги интересира интелектуално, неверството е можно, но бидете сигурни дека тие нема лесно да се одлучат на тоа.
    Вага
    Претставниците на овој знак бараат мир и хармонија, особено во врските. Секогаш се во потрага по својата втора половина, па еднаш штом ја најдат, сигурно не би ја загрозиле таквата врска. Вагите не можат да живеат без љубов, а најсреќни се кога покрај себе ја имаат својата сакана личност, некој со кого можат сè да поделат. Разиграни се и сакаат да истражуваат, но нема лесно да одлучат да ја загрозат својата врска.
    Кога би изневериле?
    Тие се полни со љубов, но и склони кон флертување и заведување. Мора да се чувствуваат привлечни и сакани, па доколку ги занемарува партнерот, би помислиле на неверство. Понекогаш се наивни и лесно е да ги заведете со комплименти за нивниот изглед. Не сакаат конфликти, па така штом во врската дојде до караници, наместо да се расправаат, утеха би нашле на друго место.
    Скорпија
    Несомнено, ова е најстраствениот знак. Сексот за нив е клучен фактор во врската. Во животот имаат многу врски, но штом ја пронајдат личноста која им одговара сексуално и интелектуално, не е лесно да ги пуштите од рака. Овие луѓе не се отвораат лесно пред другите, па им треба многу време да ги покажат своите емоции.
    Кога ќе изневерат?
    Нивните одлуки често се управувани од страста, а не разумот. Затоа, многу веројатно е дека тие понесени од моментите често би се впуштиле во различни авантури. Сепак, за нив тоа е само поради секс, па затоа нема да ги гризе совеста, а воедно ќе се потрудат нивната сакана личност никогаш да не дознае за тоа.Овој интензивен знак е склон кон неверство поради одмазда, па така со оглед на тоа дека се автодеструктивни, ќе се уништат себеси само за да го повредат партнерот.
    Стрелец
    Тие се луѓе со слободен дух кои мразат правила, вклучувајќи ги и моногамните врски. Сакаат да истражуваат и постојано се во потрага кон возбудувања и нови искуства, особено во делот на љубовта и сексот. Сакаат да се заљубени и постојано ја бараат вистинската личност, поради што тешко се врзуваат. Сепак, штом започнат сериозна врска, можат да бидат верни со високи морални начела кои многу ретко би дошле во ситуација да ја повредат саканата личност.
    Кога би изневериле?
    Стрелецот може да биде заљубен во повеќе луѓе истовремено. Кога се во врска, важно им е партнерот да е интересен, и нивниот однос да не западне во рутина. Ќе се впуштат во неверство доколку нивната врска навлезе во монотонија. Кај нив важи правилото „далеку од очи, далеку од срце“, така што би можеле да повредат кога се на патување без партнерот или кога подолго време се раздвоени.
    Јарец
    Јарците се воздржани и одговорни личности кои тежнеат кон стабилност во врската. Тие бараат личност со која ќе можат да изградат дом, да основаат семејство и да го поминат животот. Свесни се дека за успехот треба да се борат и да вложуваат многу труд, што говори дека не се од оние кои при првата појава на проблеми, би се обиделе да најдат возбудување и утеха на друга страна. Тие се прилично посветени и имаат силно чувство за одговорност и навикнати се на одрекувања. Дури и кога би запознале некој кој ги привлекува, способни се да се ослободат од таквите емоции, останувајќи верни во врската.
    Кога би изневериле?
    Иако во основа се верни и посветени, тие некогаш знаат да водат двоен живот. Претставниците на овој знак често знаат да бидат идеални партнери и родители, кои имаат љубовници надвор од бракот. Сепак, од почит кон саканата личност, би се погрижиле таа никогаш да не дознае за неверството, што нема да биде тешко. За нив е многу лесно да сокријат дека го прават тоа.
    Водолија
    Овие луѓе се независни и често непредвидливи. Не сакаат правила и не сакаат да бидат дел од рамки, така што сами ја креираат слободата. Тие се во постојана потрага по возбудувања и обожаваат да запознаат нови и интересни личности, и ако некој ги импресионира многу лесно ќе се впуштат во авантура. Сепак, тоа не значи дека сите изневеруваат. Доколку најдат партнер кој ќе им даде доволно слобода и нема да ги малтретира со љубомора и посесивност, ниту еден припадник на овој знак нема да добие потреба да ја загрози таквата ситуација, која им одговара на сите водолии.
    Кога би изневериле?
    Со оглед на тоа дека се луѓе со слободен дух, за нив физичкото изневерување не претставува голем проблем. Би се впуштиле во неверство од љубопитност и желба за возбуда, но способни се тоа добро да го прикријат. Во нивна одбрана, и самите се подготвени да простат неверство. Освен тоа, тие изневеруваат кога партнерот станува досаден или сексуално непривлечен, но не би сакале да ја прекинат врската поради тоа.
    Риби
    Рибите се најчувствителниот знак во хороскопот, а љубовта за нив е центар на светот. Со оглед на тоа дека се вистински романтичари и идеалисти, редовно се разочаруваат кога партнерот нема да ги исполни нивните очекувања и фантазии. За нив е важно да пронајдат партнер кој постојано ќе им пружа внимание и секој ден одново ќе им покажува колку се сакани. Штом ја најдат сродната душа, подготвени се на бројни жртви и борба за да опстане врската.
    Кога би изневериле?
    Рибите живеат во свој свет и имаат свои сопствени правила на игра. За нив изневерувањето е многу флексибилен поим, а често се склони да мислат дека неверството не е ништо лошо. Би изневериле ако не добијат тоа што им треба, а тоа е љубов, сигурност и чувство на заштитеност.
     
    На Bitter-Sweet и queen-12 им се допаѓа ова.
  2. queen-12

    queen-12 Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Близнаци
    Љубопитните Близнаци не се олицетворение на верност. Тие можат да се споредат со пеперутките кои летаат од цвет на цвет. Тие се во постојана потрага со возбудувања и нови искуства, а се им здосадува многу брзо. Ова се луѓе за кои флертот е основна потреба, а често истовремено се привлечени од повеќе луѓе. Важно е партнерот да се обиде да не им ја украде слободата, а на таквото однесување нивните партнери не треба да гледаат како на нешто сериозно, бидејќи за Близнаците тоа е само игра.
    Кога ќе изневерат?
    Тие се интелектуален знак кој постојано бара нови ментални поттикнувања, па така тие често стануваат „палави“ во долгите врски. Доколку партнерот престане да им биде интересен, или ако врската западне во монотонија, тие ќе побараат возбудување на друга страна, посебно повеќе доколку во близина имаат нов колега или познаник, кој е забавна и интересна личност.

    прилично точно ;)
     
    На the-other-kind-girl и leighton23 им се допаѓа ова.
  3. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Рак
    Ракот е знак кој повеќе од се сака мир, сигурност и семејство, така што е многу малку веројатно дека би направил нешто што може да го загрози сетоа тоа. Претставниците на овој знак се чувствителни и нежни, а помислата дека би можеле да повредат некого за нив е застрашувачка. Кога ќе ја пронајдат вистинската личност, за нив таа е сè и затоа може да се каже дека покрај Биковите тие се најверни знаци во хороскопот. Дури и ако развијат чувства кон одредена личност, Раковите ќе се обидат да заборават на тоа.
    Кога би изневериле?
    Тие се многу чувствителни и често го менуваат своето расположение, така што многу лесно е да ги повредите. За да се впуштат во неверство, би морале да се многу разочарани и повредени од однесувањето на саканата личност. Во сите други случаи, неверството е речиси невозможно.
    да да :D
     
    На leighton23 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Вага
    Претставниците на овој знак бараат мир и хармонија, особено во врските. Секогаш се во потрага по својата втора половина, па еднаш штом ја најдат, сигурно не би ја загрозиле таквата врска. Вагите не можат да живеат без љубов, а најсреќни се кога покрај себе ја имаат својата сакана личност, некој со кого можат сè да поделат. Разиграни се и сакаат да истражуваат, но нема лесно да одлучат да ја загрозат својата врска.
    Кога би изневериле?
    Тие се полни со љубов, но и склони кон флертување и заведување. Мора да се чувствуваат привлечни и сакани, па доколку ги занемарува партнерот, би помислиле на неверство. Понекогаш се наивни и лесно е да ги заведете со комплименти за нивниот изглед. Не сакаат конфликти, па така штом во врската дојде до караници, наместо да се расправаат, утеха би нашле на друго место.

    Наместо расправии утеха се бара на друго место :)
     
    На leighton23 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Девица
    За нив, верноста е од големо значење. Тие се многу внимателни и не сакаат никого да повредат, а на своите сакани секогаш им нудат поддршка и рамо за плачење. Девиците сакаат совршеноство и затоа им е многу тешко да го пронајдат својот идеален партнер, но штом ја пронајдат сродната душа, ќе се погрижат таквата врска да трае долго, и покрај проблемите кои можат да се јават.
    Кога би изневериле?
    Девиците не се родени заводници, и со оглед на тоа дека се навистина промислени нема многу лесно да стапат во акција. Сепак, доколку наидат на личност која ќе ги интересира интелектуално, неверството е можно, но бидете сигурни дека тие нема лесно да се одлучат на тоа.
    :clap: :clap: :clap:
     
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.584

    :angel: