Вероника реши да умре ( Пауло Коелјо)

Дискусија во 'Книги' започната од lovely-girl, 25 ноември 2011.

  1. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    648
    Пол:
    Женски
    Вероника реши да умре е роман од Паоло Коелјо. Ја раскажува приказната за 24 годишната Вероника, се чини дека се во животот оди по неа, но решава да се убие. Оваа книга е базирана на искуството на Паоло Коељо во различни ментални институции. Таа се заснова врз предметот на лудило. Главното обележје е дека “колективното лудило се нарекува разум”.

    Вероника реши да умре беше адаптирана за театар веќе неколку пати и исто така беше користена во други уметнички референци.
    Вероника е млада, убава жена од Љубљана, Словенија која има совршен живот, но сепак одлучува да изврши самоубиство со земање на преголема доза апчиња за спиење. Додека таа чека да умре, одлучува да чита списание. Откако здогледува една статија во списанието која духовито прашува “Каде во Словенија?”, таа одлучува да напише писмо до магизинот за да го оправда нејзиното самоубиство, идејата за да направи дека се самоубила затоа што луѓето не ни знаат каде е Словенија.

    Нејзиниот план пропаѓа и таа се буди во ментална болница во Словенија, каде што и кажуваат дека има уште една недела за да живее. Нејзиното присуство таму влијае на сите пациенти во болницата, особена на Зедка кој е има клиничка депресија, Мари која страда од напади на аника и Едуард кој има шизофренија, во кој Вероника се заљубува. За време на нејзината интернација во Вилете таа сфаќа дека нема што да загуби и сака, без разлика што другите пациенти мислат за неа како ментален пациенр, малку е веројатно таа да биде критикувана. Од новонајдената слобода Вероника ги искусива сите работи кои досега никогаш не и биле дозволени, вклучувајки ја омразата, љубовта и сексуалното будење.

    Во меѓувеме, шефот пцихијатар во болницата, д-р Игор, се обидува со еден фасцинантен, но провокативен експеримент ...........

    Се надевам ке сакате да ја прочитате книгата :) ....
     
    На Tajnaotrovna и Shana им се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    „На единаесетти ноември илјада деветстотини деведесет и седмата година Вероника – конечно! – реши дека чукнал часот да се самоубие.“ Вака Пауло Коелјо го започнува, како што многу критичари би го нарекле, неговиот најзрел и најосмислен роман. „Вероника реши да умре“ е книга која кај вас ќе предизвика желба да ја прочитате неколку пати. Не затоа што ќе ја заборавите или нема да ја разберете, туку затоа што секое повторно читање во вас ќе буди желба да ја спознаете смислата на животот. Во ликот на Вероника, Коелјо ја отсликува душата на многу млади луѓе во денешницата, кои чувствуваат дека нивното талкање низ животот е бесцелно. Потоната во длабочините на монотонијата, таа го живее секој ден како да е некоја излитена фраза заглавена во нејзините мисли, која ја повторува од навика. Како што студот во ноемвриските вечери се зголемува, така нејзината волја за живот се намалува, а таа се уште не може да најде мотив за да живее. Нешто кое би внело свежина во нејзиниот живот кој веќе мириса на застојан воздух во нечија визба. Често помислувајќи за самоубиство, таа се решава за тој чекор мислејќи дека тоа ќе биде крај на нејзината борба со внатрешните мисли и стравови. Но, нејзината борба штотуку започнува – борбата за живот. А што се случува кога ќе и погледнеме на смртта во очи? Кога ќе се соочиме со најголемиот противник и ќе ја имаме најтешката борба? Тогаш почнуваме да ги согледуваме сите благодети кои ни ги нудел животот и стануваме жедни за барем уште еден вдишан здив. Бидејќи како што вели и самиот Коелјо – „Сознанието за смртта не потикнува на живот“.

    ^Нешто што одамна го напишав додека бев под импресии од книгава. Беше прва книга која ја прочитав од Коелјо и беше доволно добра за да продолжам понатаму да го читам.
     
    На Contradiction, CoverGirl10, DeRose и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    601
    Имам веке споменато дека Коелјо ми е омилен писател. Кога ја прочитав оваа книга бев многу погодена. Вистина е дека често забораваме што значи животот и колку големо богатство е.
    Најголемиот подарок што човекот го добива. Е сега , треба да се гледаат неговите убави страни , без црни мисли.
    Искрено кога завршив со читањето срам ми беше што некогас сум помислила дека не сакам да сум жива.
     
  4. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    648
    Пол:
    Женски
    Моментално ја читам книгава, и сум стигната некаде до средината, кога Вероника стапува во контакт со Братството, едвај чекам да го дочитам крајот :)
     
  5. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.316
    Јас малку контра досегашните коментари ќе кажам дека книгава не ме воодушеви многу. Идејата е одлична, има поука, не велам не, ама како беше изреализирана не ми се допадна.
    Всушност, јас и Коелјо не се сложуваме многу во последно време:D
    Инаку спред книгава има и филм ако некој е заинтересиран :)
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    648
    Пол:
    Женски
    Јас сум заинтересирана :D ... ке може да ми кажеш како се вика !?
     
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.316
    Како и книгата Veronika decides to die :)
     
  8. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    648
    Пол:
    Женски
    Фала многу, секако ќе го изгледам :*
     
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    ^ Немој. Јас не би ти го препорачала.
    Екранизацијата на книгава мене воопшто не ми се допадна. Толку ми беше мрачен филмот, што кај мене предизвика контра ефект. Ми наби некое негативно чувство.
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.850
    Ја имам книгата во домашната библиотека. Ја прочитав и ми остави голем впечаток. Те тера да мислиш дека во животот си пропуштил многу работи и те тера да направиш се за што си се двоумел, затоа што никој не знае кога ќе ни дојде крајот. Се согласувам со Ана дека филмот ти дава сосем спротивен ефект. Како прво глумците беа катастрофални. Во книгата сите ликови ги замислував весели и ведри а во филмот сите се мрачни и „болни“.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.468
    Книгава ја имам читано многу одамна, некаде пред 8 години, првата книга прочитана од Пауло Коелјо, иако имав малку тешкотии при читањето затоа што беше со српски превод.

    Само позитивни зборови имам за книгава и за авторот, се што имам прочитано од него ми се допаѓа ( иако многумина го критикуваат дека пишува за се едни исти теми ), а како врв на неговото творештво ги издвојувам Алхемичарот и Вероника реши да умре.
     
  12. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    648
    Пол:
    Женски
    Секој различно ја сфаќа суштината кај книгата, кас секој различно влијае. мене ми се допаѓа книгава, те тера на размислување,и сфаќање дека животот има вредност, дека треба да се живее додека си жив, а не на прагот пред смртта. Сите книги кои ги имам читано од Пауло Коелјо ми се допаѓаат , и имам намера да ги прочитам сите книги кој тој ги напишал :*
     
  13. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    162
    Пол:
    Женски
    Најдобро дело од Коелјо, според мене. Моментално ја читам, до средина сум, и многу ми се допаѓа. Иако ми се чини дека во повеќето негови книги пишува за иста или слична тема, во овој роман успеал најзрело да ги искаже своите мисли и чувства. Во ликот на младата Вероника можат да се пронајдат илјадници млади луѓе, меѓу кои лесно и некој од нас, бидејќи многу ретко сме се запрашале која е вистинската цел во животот- да го правиш она што ти го сакаш, не плашејќи се за мислењата на другите. Воедно тоа била причината за обидот за самоубиство на Вероника, која иако навидум има се, не сфати дека всушност во својот живот не постигна ништо за што мечтаела. Затоа нејзиниот живот е досаден, монотон, и со секој изминат ден кај неа се намалува желбата за да го дочека новото утро..
     
  14. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.024
    Ја прочитав и не ме воодушеви...изгледа оти јас многу очекував од книгава а не добив толку,па затоа...инаку прва книга која ја имам прочитано од овој писател,и да сфатив некои работи,има работи кои можат да се научат од оваа книга,како што Вероника открила премногу работи додека била во лудницата...најинтересен дел ми беше откако со овој шизофреничаров се заљубија,кога му свиреше на пијано.
    И има една реченица која многу ми се бендиса,не е сега до мене книгата,но утре ќе ја напишам ;)
     
    На Lella и IvanaMkd им се допаѓа ова.
  15. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.059
    Допаѓања:
    5.082
    Дали ја има книгава on-line на македонски и линк?
     
  16. wild.child15

    wild.child15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2010
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    12
    Се што имам прочитано до сега од Пауло ми се допаднало и тоа многу многу многу!Ја немам оваа книга а во библиотеката не верувам да а има, па се надевам ќе можам да ја добиам од една другарка, бидејќи едвај чекам да ја прочитам.
     
  17. S-Sister.91

    S-Sister.91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    34
    Леле оваа книга и јас сакам да ја прочитам пред месец дена ја видов во тугедер и беше 199 денари и нз зошто не си ја купив, скоро влегов во продавницата и видов дека веке ја нема многу ми е мака...
     
  18. kasiopeja

    kasiopeja Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    39
    Мојата професорка по Македонски јазик и литература во средно ни велеше- Содржината на книгите со време се заборава, отанува само чувството и поуката што сте ја научиле.
    Така е и со оваа книга на П.К.
    Имам прочитано неколку книги од него но единствено од оваа останало чувство дека треба да се цени животот и да се бориме за него.
    Некои работи се дар од Бога но во се треба да вложиме голем дел од себе и да работиме на себе.
     
  19. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.875
    Си ја купив оваа книга и си ја имам дома...
    Ми се допадна навистина. Филмот не ни сакам да го гледам, ептен ретко бендисувам филм напраен по книга, ми ги менуваат тотално и ликови и се.
    Иначе според мене ова е една од најдобрите книги на Коелјо :)
     
  20. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    И јас мислам дека е една од најдобрите на Коељо.Убава книга,планирам да ја препрочитам одамна беше кога ја читав,сакам да се потсетам на некои заборавени случки од книгата.