На моменти ми беше монотона и депресивна, ама кога во последните страници ја сфатив поентата на авторот, се воодушевив
кога ја започнав книгата ми беше здодевно, но откако вероника го запозна шизофреничарот веќе почна да ми станува интересно..убава е книгата бидејќи не тера да размислуваме подлабоко
Вчера пред да си легнам почнав да ја читам книгава, и сега скролам (со експресна брзина) низ странициве да не прочитам што се случува.. Луѓе кои му се верни обожаватели на Коелјо велат дека оваа книга и „Алхемичарот“ биле негови најдобри. За „Алхемичарот“ - проверено! А, за оваа ќе видам. Па, за ден/два следува критика или пофалба.
јас пошо немам многу време сега за читање , го земав филмот ама и за него време не наогам. Ама книгата ке е следна што ке ја купам
WOW, извонредна книга, и токму тоа што ми требаше. Уште еден потсетник на тоа дека никогаш не смееме да се откажиме од животот и постоењето. Секогаш постои нешто што ќе не исполни повторно! Ах, жално е што „сознанието за смртта не' поттикнува на живот“, но такви сме ние.. А, таков е и Пауло Коелјо - magnificent!
Една од омилените мои книги, ја зедов случајно од библиотека по препорака на библиотекарот и стана дел од моите топ 5 книги Ми беше прво прочитана книга од Коелјо но не и последна, „Вероника реши да умре“ ми беше главната причина што баш Коелјо стана еден од моите омилени автори.
Незнам пред колку години уште посегнав по книгава,дури и не се сеќавам дали ја дочитав до крај.Единствено знам дека ми беше здодевна,и не беше книга што не ти дава мир додека не ја прочиташ до крај.
Исто. Издржете го подосадниот дел. Се напнав на пола книга, си викав „брее што не ја зедов барем од библиотека“. На крајот ми идеше и да плачам и да воскликнам од радост, а сепак останав зачудена, без ниаква чујна реакција, замислена од неверојатно силната порака којашто ја носи.
Премногу е со "плитка"содржина...И пред да почнам со читање претпоставував дека ќе биде така,.(со оглед на тоа дека е напишана од П.К) Никогаш не би го ставила него во категорија добри писатели,а камули врвни.
Каде можам да ја купам книгава? Во книжарница ТРИ им завршил одамна тиражот и не знаеле дали ќе ја печатат повторно..
Odamna ja imam citano,sum zaboravila detali no mi se vrezale sliki kako na pr. Ogledalata na plafon vo sobite kaj pacienrite kako i faktot deka ludite najbrzo se lecat ako se do voda. By the way, ste ja cule "Hotel California"?.znaete za sto stanuva zbor vo pesnata?
Убава порака има. Некогаш нештата ги доживуваме како здраво за готово да ни припаѓаат и ја пропуштаме поентата. Но кога ќе го изгубиме најзначајното и на ситници се потресуваме. Интересен крај.
Интересна приказна. За брзо ја завршив цела. Сум прочитала едно 10-тина книги од Коелјо и сите му се едноставни за читање што не замараат дур ги читаш.