1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Верски фанатизам

Дискусија во 'Религија' започната од Someonespecial, 14 јуни 2018.

  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Во 21-виов век, сè уште сме сведоци на шокантни изјави, поделби, ограничувања и теории на заговор од страна на не само постари, туку и млади религиозни луѓе. Луѓе кои притоа не поднесуваат никаква критика на нивните заблуди, и секоја таква ја карактеризираат како нетрпение општо кон религија - земајќи си за право да зборуваат во името на сите верници.
    Додека, за среќа, сè повеќе припадници на разни религии ги прошируваат своите видици, го извлекуваат позитивното од својата религија, не дозволувајќи таа да застане меѓу нив и нечии основни човекови права или пак научни достигнувања.

    За мене постои голема разлика меѓу вера и верски фанатизам.
    Па, време е и за ваква тема и да разјасниме - што е според вас верник, а што верски фанатик?
    Што претставува за вас верски фанатизам?

    Колку верниците (во светот и кај нас) се способни објективно да го препознаат - не само во својата најекстремна форма на насилство (на пример исламскиот фундаментализам и терористички напади кои се случуваат „далеку од нас“), туку и во секојдневниот живот и од страна на црквата/деноминацијата на која самите припаѓаат (спротивставување на научните закони и одбивност кон разни придобивки на науката, слепо верување во свештенството и оправдување на нивното богатење, екстремна претпазливост од секакви наводни „замки од Сатаната“, негирање на борбата за женски права, хомофобија/трансфобија, радикални про-лајф ставови...)?

    Каде е границата после која се злоупотребува она „секој има право да верува во што сака“ за уназадување, дискриминација и повредување туѓи чувства?
     
    На Joi, lovestoneddd, Briar Rose и 7 други им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    До пред да дојдам на форумов, иако познавав луѓе од многу религии, никогаш не се бев сретнала некој со тоа ниво на осуда кое е присутно овде. Се уште не сум сигурна дека личностите кои овде се толку отворени да го изјават своите расизам, сексизам, или хомофобија ја имаат таа слобода и надвор, во реалниот свет, ама тоа и е најмалку битно. Без разлика дали ги искажуваат тие чувства или не, тие ги имаат, и оправдување во нив бараат во религијата. Дали е фанатизам или едноставно човечка желба за драма?
    Интересно е и како погласни се луѓето кои ги бранат ставовиве кои проповедаат некоја поделеност или се спротивставуваат на научни достигнувања, од оние кои во религијата гледаат сплотеност и мир. Дали е во човековата природа да создава конфликти и каде што не се потребни?

    И самата уште се борам да сфатам зошто некои луѓе успеваат од религијата да извадат насилтво, отуѓеност и омраза. Дали на човекот му е потребно оправдување за своите негативни чувства и постапки? Ги поставив еднаш истите прашања и добив едноставен одговор: "Некои луѓе ја користат религијата само за да ги оправдаат нивните негативни особини".

    На крај, еден мал цитат
    и уште нешто
     
    На Joi, Nausicaa, Anabelle.Amorette и 5 други им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.425
    Пол:
    Женски
    Во мои очи, фанатик, во случајов верски фанатик, е оној кој се обидува своето верување и убедување да го наметни на секој и да го истакни како една вистина. Не ми пречи некој да ми кажи што мисли, многу ми пречи и на еден начин ми навлегува во интима, особено ако се работи за религија, да ме убеди спротивно на моето убедување. Навредувачки е.
    Дали некој лично верува повеќе или помалку, или можеби воопшто, дали си го уредува животот по свои правила, правила на родителите или правила од света книга - воопшто не ми игра улога.
     
    На Feminka22, Anabelle.Amorette, Rebecca_R и 2 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Според мене, верски фанатици се оние кои 'во името на својата религија', повредуваат и/или навредуваат други и им ги ускратуваат човековите права.
     
    На Feminka22 и daylight им се допаѓа ова.
  5. игор.

    игор. Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2018
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Машки
    фанатизмот е антирелигиски. религијата бар христијанската е слобода.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Во малиот попис на духовни поими од книгата „Внатрешен Пат - збирно издание
    (стр.1378 ) вели:

    Фанатизам: Емоционална врзаност за претстави и мислења со насилнички порив кон тоа да се сака да се убедат други во тоа; врз основа на не-остварување на законите Божји човекот кружи околу самиот себе и се исклучува од вистинското заедништво, бидејќи натценува и потценува и е неспособен за толеранција, за разбирање од сопственото искуство на остварување и за несебчина љубов.
     
    Последна измена: 14 август 2018
  7. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.287
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    And then the Lord came along speaking words of wisdom:

    20180826_214401.png
    Тоа викам цело време. Терористите не ја злоупотребуваат религијата како што често се пропагира. Тие всушност ги следат нејзините игнорирани начела и ѝ го откриваат вистинското лице.
     
    На Joi, lovestoneddd, Briar Rose и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Верски фанатизам, според мене, е состојба на умот кај еден поединец, која е условена да верува дека единствено неговиот вредносен систем е вистински (што го изедначувам со лудило).

    Изумирањето на политеизмот, односно митологијата е само фактор која докажува и ден денес дека човековата психологија кај одредени поединци сеуште не е дизајнирана да функционира соодветно без некаков вид на мит, односно религија во денешно време.

    Верските фанатици ја користат религијата за да создадат вредности во кои ќе веруваат, а бидејќи тие вредности се создадени под притисок на страв, казнување и улога на потчинетост, се доведува до прашање дали истите тие вредности се воопшто реални или веродостојни.

    Секако дека ова не го оправдувам во никој случај, меѓутоа од одреден аспект можам да разберам зошто воопшто произлегла ваква абнормална појава;

    Имено, луѓето, психолошки, секогаш сакаат да бидат сигурни што означува ментална состојба која не толерира никаков сомнеж кон одредено верување кое го претставуваат како факт.

    Додека несигурноста, која е всушност недостаток на сигурност и состојба каде луѓето имаат ограничено знаење од што е невозможно точно да се опише постоечката состојба, иден исход или повеќе од еден можен исход, носи чувство на вознемиреност.
     
    На Someonespecial и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  9. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со @Briar Rose во целост и би додала дека фанатизмот не е карактеристика на верниците, туку на идеолозите. А у исто време нема подобро тло за исполување на фанатизмот како особина отколку религијата.
    Идејата ја ставаат над човекот, опседнати се со својот став, се карактеризираат со огромна нетолеранција према поразличните, очекуваат едногласност од околината.
    Едноставно, не прифаќаат да го гледаат светот како разнолик.

    А да. Би додала и дека, бар за мене, фанатизмот иде рака под рака со национализмот.
     
    На Lella, Briar Rose и Someonespecial им се допаѓа ова.