Верувате ли во судбина?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Gordana10, 14 април 2010.

?

Дали верувате во судбина?

  1. Да

    237 глас(а)
    78,2%
  2. Не

    66 глас(а)
    21,8%
  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.128
    Пол:
    Женски
    Дали според вас постои судбина,сметате ли дека ние луѓето самите си ја кроиме судбината,ви се случило ли да сретнете луѓе во вашиот живот само поради самата помисла на нив,а не сте ги виделе долго време или пак да сте се запознале со некој човек и после неколку години го сретнувате истиот со кој можеби го поминувате времето заедно.Понекогаш,а веројатно и на вас ви се случила коинциденција,односно да речам од чиста случајност да ви се случат некои работи,па ако се подразмисли дали воопшто постојат случајности,сметате ли дека постојат работи кои можеме да ги контролираме или не?
     
  2. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    66
    Искрено мислам дека во животот се се случува со некоја причина. Тоа дали сме биле со некој, некаде и некогаш, сигурно се случило поради некоја причина. Дали постои судбина, можеби и да, постои. Но во многу случаи сами си ја кроиме судбината. ;)
     
    На LightOFF и eleni23 им се допаѓа ова.
  3. violetblue

    violetblue Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    639
    Потполно се согласувам со Аморе можеби постои судбина ама не треба да чекаме само на неа, некогаш треба работите да ги земеме и во свој раце
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.694
    Во случајности не верувам. Ништо не е случајно. Се се случува со причина.
    Судбина верувам дека постои. Верувам во пишаното на трите вечери од трите наречници...
     
    На okcenzi, Chocolate.me и Hopeful им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    16.731
    Допаѓања:
    34.034
    Судбина. Впрочем од каде знаеме дека кога ќе земеме "сами да си ја кроиме судбината" всушност и не требало така да биде? Дека тоа ни е судбината? Како и да направиме, тоа ни е судбина и се си е запишано.
     
    На cresa-jagoda, Vladus и Ordinary им се допаѓа ова.
  6. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
    Ме потсети ова на една приказна баба ми покојна што ми ја раскажуваше кога бев малечка и ден денес ја памтам.првата вечер кога бебето е родено доаѓаат трите наречници ,првата кажува вака и вака,втората ја крои судбината на малечкото ќе биде вака и вака,а третата била главната и кога ќе рекла НЕ животот ќе му биде како што ја кажувам,и така и било :D
    Верувам во тоа дека "the food is on the table"и ние вкусуваме што ќе одлучиме самите си ги бираме патиштата што ни се понудени ,но од друга страна има и некоја сила што неможам да ја објаснам ,но во главно нашите избори чекори се пресудни.
     
  7. Mila04

    Mila04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    59
    Navistina,nisto ne e slucajno!dlaboko veruvam vo toa i veruvam vo visa sila!kolku i da saka covek da smeni nesto,na napravi nesto,ako bilo pisano toa da ne bide,nema sansi da se ostvari!porano i jas si mislev deka toa se babini devetini-prikaznite za trite narecnici,ama sepak ima nesto sto odnapred e predodredeno kako treba da bide!
     
    На strawberry06, cresa-jagoda и Vladus им се допаѓа ова.
  8. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    101
    Ima nesto sto ne tera da go napravime,a pritoa ne sme svesni za toa.eve ke vi kazam primer od mojot zivot.So decko mi se zapoznavme vo edna diskoteka pred 5 godini.Prvata vecer koga go vidov ostana na pogledi samo.No,i vtorata i tretata vecer on bese tamu,i veke tretiot pat se zapoznavme.Koga mi go barase brojot on pogresil vo edna brojka ! :o No koga mi zavrte naredniot den,mehanicki i kao po greska go zavrtel vsusnost vistinskiot broj ! :o Epa,veruvam vo sudbina i toa kako....Mozebi za nekoi nesta s ekaam sto sum gi napravila no mozebi i seto toa bila samo SUDBINA ! |(
     
    На cresa-jagoda и Vladus им се допаѓа ова.
  9. Lollypop.Girl

    Lollypop.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    1
    lelee kakva prica doll :D bash sudbina ... za temava neznam shto da kazam... So site komentari do nekade se soglasuvam
     
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.934
    Гордана секоја ти чест за темава! :) Јас често си размислувам за ова..И мислам дека, а и верувам дека постои судбина..Значи дека не зависи се од нас.Нормално самите се трудиме за се што сакаме да постигнеме меѓутоа има нешто што знае или да ни олесни или да ни отежни во остварувањето на целите..Некои работи едноставно ни се случуваат по некоја причина..Луѓето кои ги запознаваме и кои стануваат дел од нашиот живот мислам дека судбински ни се предодредени..А да не збориме за оние кои се наоѓаат и остануваат заедно..има куп примери..како и да е има нешто, некоја сила која ги мести или разместува коцките во нашито живот.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    3.273
    Допаѓања:
    1.767
    Пол:
    Женски
    да постои судбина .
    Но и некои работи зависат од нас .. Ние како ќе направиме , така ќе биде ;)
     
  12. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    6.339
    Пол:
    Женски
    Поради некои причини верувам дека постои судбина.Мислам дека се што се случува се случува поради некој причина која што и можеби ние не ја знаеме.Како што рекол господ така ќе е
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Pain

    Pain Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    40
    Често доаѓам до кавги за оваа тема :) од проста причина што јас не верувам дека постои судбина или дека од самото раѓање ни е пишано затоа што сами си ја кроиме судбината ... Секогаш доколку одредени личности се скараат или нешто се случи се вели таква им била судбината, секој самиот си го прави и крои денот а воедно и животот. Така да дека однапред им било судено така или шознам шо јас не верувам...
     
    На A-j-a му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Ако постои судбина, кој ни ја пишува таа судбина. Бог? Ако ни ја пишува тој зошто некому му дава се, некому ништо, иако никој не се родил грешен. Не знам... Мислам дека не постои судбина, токму од таа причина. Бидејќи ако постои, ако така некој ни запишал, зошто немаме сите иста среќа или иста несреќа? Судбината си ја кроиме самите ние, секој со својата среќа...
     
  15. Dreamer

    Dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    36
    Не верувам во судбина зошто верувам дека можеме да имаме се што сакаме само ако доволно се потрудиме за да го оствариме тоа,а не дека веќе некој ни го одредил тоа. :) Не верувам ни во случајности зошто се се случува со некоја посебна причина ;)
     
  16. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.804
    Пол:
    Женски
    Верувам во судбина, ама не дека е строго определена.И ние треба да влијаеме врз неа, па нашите животи да бидат како што сакаме. Ама има работи кои се ептен судбина. На пример кога некое мало детенце загинува? Тоа како да влијаело врз судбината?
    А некој пак има се, пари, фамилија, убав живот, ама почнува да се дрогира, коцка, и на крај завршува грозно? Е тој веќе можел да влијае на својата судбина. Ептен е контрадикторно!
     
    На cresa-jagoda и eleni23 им се допаѓа ова.
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.225
    Допаѓања:
    21.842
    Воспитана сум да не верувам во судбина, ама има некои работи што не можам никако да си ги објаснам, и не можам да ги припишам на ништо друго, освен на судбина :)
     
  18. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    136
    лугје како може да верувате дека некој всушност напишал што на нас ќе ни се случува. Не можам никако да си го објаснам тоа, или пак дека некои работи се случуваат поради некоја виша сила ???? Во принцип верувам само во тоа што ќе го видам... Не верувам во судбина, човекот сам си ја прави својата судбина, се се случува затоа што ние така сме решиле да биде, значи се е поради нашиот избор а не поради судбина. Што се однесува на тоа дека пред незнам колку време сме виделе некоја личност и после повторно сме ја виделе се е тоа случајност.
     
  19. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    260
    Се согласувам.И да,ништо во животот не е случајно,се ама баш се,се случува со причина.Понекогаш сигурно ви се има случено да сретнете некој што подолго време не сте го сретнале и да си кажете еј како случајно се сретнав со тој и тој...но сепак подоцна ќе сфатите дека токму таа особа ви има кажано нешто или едноставно токму таа е личноста што ќе ви притреба за одредена работа и токму во тој момент...и на крај ако знаеме дека ништо не е случајно значи има Некој што се погрижил да биде така.Старите рекле:Господ ќе се погрижи за целосната слика но ти сам ќе се погрижиш за ситните детали.
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    115
    Navistina,nisto ne e slucajno!dlaboko veruvam vo toa i veruvam vo visa sila!kolku i da saka covek da smeni nesto,na napravi nesto,ako bilo pisano toa da ne bide,nema sansi da se ostvari!

    се согласувам