Никогаш не сум имала некое мислење изградено во врска со ова. Сум размислувала, сум дискутирала и со луѓе меѓутоа секогаш сум била ни вака, ни така. Многу пати ќе си помислам дека се ни е однапред предодредено и ние немаме влијание, ама па зошто тогаш понекогаш Бог ни дава простор за избор? Значи сепак имаме влијание на некои работи, освен ако и тоа што ние го бираме не е предодредено така, дека баш тоа треба да се избере. Ако почнам многу да размислувам се наоѓам во лавиринт, така што ова според мене па и нема некој конкретен одговор или дефиниција. Кога ни одговара си викаме "судбина било", кога ни одговара си викаме дека ете, сам си правиш некои работи и нема крај.
Верувам во судбина и знам дека некои работи како индивидуи не можеме да ги промени.Се случуваат,ги гледаме, ги чувствуваме и свесни сме за последиците.Но, немоќни да направиме нешто повеќе и подобро за да го промениме текот на нештата
Не знам...Луѓето со кои се запознаваме,верувам дека не се случајно испратени кај нас,но и во одредена мера верувам и дека сами си ја кроиме судбината..
Во светот што ретко кога можам да го разберам, постојат ветрови на судбината кои дуваат кога најмалку ги очекуваме. Понекогаш тие имаат сила на урагани, а некогаш само ќе не погалат по образот. Во секој случај, не можеме да негираме дека тие постојат, затоа што често ни ја носат иднината која не можеме да ја избегнеме .
Скептик сум во врска со ова, често знам да се бунам да велам дека судбината одредила само кога ќе се родиме и умреме, а натаму секојдневието секој ден си го пишуваме сами има многубројни примери за тоа како свесно правиме нешто и ставаме раце во оган, туку да не должам , кога ќе ми се случи нешто а сум немоќна да го изменам тоа велам судбината така сакала... има некоја сила.
верувам во судбина.. но има некој сила која те влече кон нешто....многу пати сум посакувала нешто а излегувало е нешто друго...значи има нешто што ти е пишано тоа и ќе го земеш....ако ја кроиме сами судбината секој од нас ке го добива тоа што најамногу го сака ама не е така....
Не знам дали верувам во судбина, но верувам во нашата (и не така мала) немоќ над (и не толку малку) нешта.
Верувам во позитивна и негативна енергија .Ако сме насочени кон негативната ја забележуваме таканаречената судбина,ако сме премногу оптимисти повторно судбината меша прсти .....
Не верувам. Мое мислење - се што ни се случува е случајност или пак ние некако сме придонеле за тоа да се случи.