Делумно. Верувам дека некои работи ни се однапред одредени но никако неможам да прифатам дека немаме никакво влијание врз ништо.
Не верувам во судбина дека ние секогаш имаме избот во животот, никој не ни го има напишано животот! Што си избериме, тоа ни се и дешава во животот. Многу луѓе избираат некој непромислени работи и кога го изберат тоа не мислат шо може да се случи во иднина и кога нешто лошо ќе се случи одма муабетот „Ехх судбинаа! Никој не може да ја смени!“ што мене најмногу ме иритира!
Верувам во судбина. И јас кога бев помлада ( не дека сега не сум, зборам за 18-20 години ), не верував во судбина, мислев дека слабите личности така се оправдуваат за своите погрешни избори и дека за се си одговорен самиот ти, ама сега се уверив во спротивното. Животот ми тргна во сосема спротивен правец од она што тогаш, на 20 години би го одбрала и покрај сите мои напори и донесени одлуки. Далеку од тоа дека не сум задоволна од мојот живот сега, да пресреќна сум и верувам дека тоа е судбина.
Луѓе, мислите ли дека постојат случајности или било која случка (навидум најобична) е предодредена? Или ако нешто многу посакувате да ви се случи, оној муабет дека универзумот крои заговор да ви се исполни желбата?
За болдот мислам дека колку и да посакуваш нешто ако не веруваш дека ке ти се деси иако го посакуваш нештото нема да бидне, отколку да го сакаш и да веруваш дека ке ти се деси. Таа варијанта ја знам јас околу кроењето заговор на универзумот за исполнување на некои наши желби. Односно the law of attraction. А конкретно на темава мислам дека има предодредени работи или поточно кажано предодредени опции и насоки од кои ние подоцна одлучуваме кои ке ги земеме или искористиме па со тоа и текот на животот во која насока ке ни оди. Што значи мислам дека сепак имаме избор, но избор од претходно одредени опции.
Не. Тоа слепци го зборуваат „судбина било, така требало да биде“. Ништо не е однапред запишано и предодредено , туку едноставно, луѓето бараат оправдување за она врз кое немаат контрола, а вистината е дека тоа е обусловено од други луѓе, или евентуално од природата. Од никаква натприродна виша сила.
Па и јас мислев дека не постои такво нешто како судбина ама откако и' го предвидоа цел живот на мајка ми до детал и откако ме предупредија и мене за одредени работи во животот дека ке ми се случат што иначе не можеа на било каков начин да се предвидат и погодат, а јас не ги послушав.. си го сменив мислењето. Но сепак стојам на ставот дека имаме избор ама од веќе одредени опции од кои треба да бираме несвесно.
Не беше астролог и не беа општи предвидувања, туку до детал, после што сите останавме запрепастени како што почнаа да се разврзуваат настаните година по година. И еве тие што така тврдо велите дека не постои такво нешто(воопшто не сакам да звучам "бапски" или суеверно), како би објасниле предвидувања со толкава точност? Освен со она типичното само заостанати веруваат во тоа или слични муабети? Со помош на наука очигледно неможе да се објасни. Јас се изјаснував како атеист до пред 2години(сите знаеме дека од верник во атеист се преминува многу лесно,а обратен случај многу ретко), и она што се случи за 360степени ми смени мислење и ме натера да се запрашам што всушност има таму некаде што ни диктира тек на живот? ..само тоа и можев уствари да заклучам од се она што видов.
Она со универзумот повеќе го кажав како позната, интересна мисла што најчесто се користи во вакви случаеви, не дека баш верувам во тоа дека универзумот е заслужен за нешто. Ти благодарам за мислењето, во голем дел се согласувам со тебе. Баш пишував во СДК пред некое време, можеби делува смешно и ние самите се убедуваме во некои работи што сакаме да бидат наша вистина... видов еден дечко што веднаш почувствував магнетна привлечност, и баш цел ден го мислев и си реков сигурно нема повеќе да го видам, а баш сакам. И следниот ден пак го видов. Имав уште една случка од поодамна, што не би да ја раскажувам на долго и на широко, посакував една работа подолго и на крај ми се случи ама баш како што реков, но последиците откако ми се исполни желбата и не беа баш убави. И почнав да се запрашувам дали вредела сета моја енергија вложена во мојата желба за на крај така да испадне? На моменти, верувам дека самите ги носиме нашите избори во животот и според тоа ако ја одбереме опцијата А, ќе испадне еден исход, или ако биде опција Б, некој сосема друг. Но, во животот секако не е се' толку едноставно и фино разграничено - на само А и Б, туку има многу испреплетени и конфузни можности и опции што не е така лесно нешто да се избере. Но, од друга страна натежнувам кон она ти што го кажа, дека имаме некои предодредени опции, но дека тоа не е нешто цврсто втемелено да не може да се измени... значи, ние можеме да влијаеме на насоката која ќе ја одбереме. За пример, ќе ги земам астролозите кои кога ти изработуваат натална карта велат дека МОЖНО е да ти се случи тоа и тоа, но не е загарантирано, се' зависи од тоа кои избори ќе ги донесеш дали ќе те доведат до некоја ситуација, или пак ќе ја избегнеш. Сепак, на оваа тема има многу да се говори, и никој нема да биде апсолутно во право, или апсолутно во криво. Секој на некој начин си верува во својата вистина, каква и да е. Ух, многу се распишував.
Од каде знаеме ние дали се тоа навистина предвидувања, со толкава точност? Ниту јас, ниту некој кој ми е од доверба сме имале такви искуства. Се на некои други луѓе, далечни им се случуваат овие работи.
А еве пример и да знаете дека се навистина точни, би ти сменало нешто во користење на логиката за да најдеш логичко решение како е можно, м?
Ај да речеме дека постојат видовити луѓе кои однапред гледаат случувања. Нели е дискусија за во некоја друга тема? Каква поврзаност има тоа со судбина, како оди во прилог на тезата дека судбина постои?