Многу се смеев порано на ова... Спојлер: АМА се додека на другарка не и предвидеа точно време кога ќе замине од државава иако тогаш немаше некоја желба за тоа а на братучетка времето кога ќе стапи во брак. Изгледа има некои работи кои не се до нас.
Во судбина не баш колку во среќа и среќна ѕвезда на човек. Дека има виша сила - има. Ама среќа ти е тоа или пак малер или не среќа па те турка нешто да ти каже да смениш оти ако смениш ќе ти слесува среќата Испробано и доживеано. Ние не можеме да живееме судбина бидејки сите велат таа била "напишана" ама ако е напишана од кај знае таа судбина моја што потези грешки и успеси јас лично правам со мојот разум? Ако судбината е у мозокот онда е друга работа тоа Искрено не верувам во судбина, туку верувам во одредена среќа таму некаде што самиот ти со борба и труд треба да ја достигнеш а за се друго ти треба она да те потурне таму каде што треба и за што треба. Ако си малер треба да смениш живот тоа значи дека тој живот што го живееш не е за тебе Во тоа животот ме натерал да верувам и да верувам дека постои среќа таму некаде каде што треба да се бориш за да ја зграпчип. А судбина не може да биде ако ти лежеш по цел ден или паѓаш у депресија оти те мрзи да станеш да работиш или било што друго, тоа судбина не е тоа е мрза. Не може човек да се откаже од било што да легне и да офка оти ништо не му оди у животот и да се помири дека тоа е судбина. Е не е. Секој сам што си прави на себе си прави лично не на комшијата .
Ова лично што го преживувам во моментов,е само судбина Морам само да чекам,нема друго,не зависи од мене Барем да ми кажеше некој,што ме чека
Не верувам во судбина. Во текот на нашите животи запознаваме многу луѓе, имаме многу прилики за некои работи и сами според слободна воља си избираме било тоа да е за партнер/ка, работа, пари, пријатели итн. Е сега зависи колку сме мудри да го одбереме вистинското и исправно нешто. Ама цел живот учиме. Сепак постојат некои необјасниви работи кои се случуваат, но тоа не е судбина.
Господ ни дал слободна волја,судбина е она кога трите наречници ти кажале каков ке ти биде животот. Искрено верувам само во господ,судбина викаме за нешто што неможеме ние да смениме па си се тешиме,дека тоа е нашата судбина така требало да биде,ајде бе а ти што направи во животот за да промениш нешто што не ти се допаѓа?Судбина ли е да бидеме Северњаци?Или некој друг ни ја крои судбината?
Јас верував, но во последно време не, убаво кажа една членка погоре, денес сосема трети ти ја кројат судбината. Колку има осамени, несреќни, немажени, невработени, судбина е? Не се согласувам.
Верувам дека ние самите сме одговорни за нашата судбина. Има некои нешта што не зависат од нас, но не би ги нарекла судбина туку сплет на околности
Верувам во судбина. Многу работи ми се случиле несвесно. Но сепак, и ние самите треба да бидеме креатори на нашите животи.
Верувам и препуштам се на судбината. Некои работи колку и да сум сакала да ги променам сум била немоќна, така да - да верувам во судбина. Сум запознала луѓе со коишто и ден денес сум во контакт, со некои сум била неразделна но околностите биле такви да изгубиме секаков контакт. И од едните и од другите научив многу работи и има судбина во сето тоа.
богами така е која разлика пред 10 год сега и којзнае за 10 год се се менува некои странство фатија некои тука се ама патевити ни се различни со тие со си мислел само на здраво денеска ти се секојдневие ко млад што биле убави девојчината сеа за жалене се тие неприметните сеа се приметни и се друго бајаги ги има а многу пишување колешке така ли е