Верувам. Ми се деси судбина... Се запознав со еден дечко два месеци напред да замини странство... Ептен кликнавме ама ми рече не сакал ништо да проба оти ќе одел секако, не сакал ништо да остави зад себе итн... Јас му кажав дека не ми е проблем да го чекам и го чекав иако пред да оди немавме ништо физичко. Замина што замина требаше да си дојди летото. И дојде ама во тие две недели "не најде " време за мене така тој пак си замина јас пак си останав. Пишувавме уште ама нормално кренав раце. Потоа го запознав сопругот. Кликнавме по неколку месеци се веривме ,па се земавме итн веќе две години сме венчани. Пред една недела ми пиша првиот дечко... Жал му било што ме испуштил дрн дрн. Му кажав кога кренав раце... Абе вика ти не знаеше јас имав некој здравствен проблем ,со оние работи. Па кога дојдов правев операција затоа ме немаше. Овие денови размислувам што би било ако ти кажев ,ама многу ми беше срам ,затоа и те избегнував ко си дојдов. И така судбина ми бил мм ,а не тој
Не го нарекувам тоа судбина, повеќе фатализам. Верувам дека работите се случуваат надвор од наша контрола и тогаш кога мислиме дека ние управуваме со нив. Ми се случувало нешта кои ги избегнував по секоја цена, упорно да го наоѓаат патот до мене во најнеочекувани моменти. Кога ќе се измориш да бегаш, не останува ништо др освен да се препуштиш. И така на крај самото поминува.
Сум се изјаснила дека верувам. Е сега, една моја колешка долго време се бореа со сопругот за да застанат на нозе финансиски, и штом малку пркнаа, почна да заработуваат нешто повеќе, тој се разболе. Се мачеа година дена по лекари, и почина. Жената сега е скршена. Така што има виша сила, судбина, така е предоредено да биде. Се трудиш, се трудиш, и на крај се ти се урива врз глава.
Имав роднина кој беше видовит. Самиот факт дека ти предвидува некои работи, и тие потоа се случуваат, значи дека постои судбина која е предоредена. Она што те мава ќе те стигне. Можеш да знаеш што те чека, ама ништо нема да смениш. Дури можеби е и потешко ако знаеш дека те чека нешто лошо. Нас тоа што ни го кажа за членови од семејството, се оствари и се остварува.
Судбина не постои, како сами ќе си ги средиме коцките така и ќе ни биде, ако нешто упорно не средуваме и само си седиме имаме навика да кажеме судбината така сакала но тоа не е судбина тоа е последица од нешто што сме или не сме направиле.
Верувам дека сепак постои некој пат кој ни е одреден за да одиме по него, а сепак нешто зависи и од нашите одлуки
Jas ne veruvam, mislam deka se sto pravime si go pravime so nase razmisluvanje ili so nas mozok ili nekako poradi nekoi situacii se iznadesavaat nekoi raboti