Па не знам, не баш, нема да кажам дека не верувам целосно, но не верувам до толку дека се е баш одредено и мора да се случи. Сами си ја правиме судбината со нашите одлуки, постапки, избори...
Дап, само што судбината ја нарекувам програминг, и така ја сфаќам. Не верувам во вистински слободна волја.
АКО „судбина“ е: (1) Генетика. (2) Притисок од страна на околината кон одредени матрици на однесување и размислување. (3) Навики кои самите си ги одржуваме и не сакаме да ги земениме со нови. (4) Мрежа на случајности, во зависност од тоа која „гранка“ од алгоритмот на нашите постапки се наоѓаме. (5) Различен степен на недостаток на лична волја и мотивација што варира во однос на околностите. ТОГАШ, „верувам“ во „судбина“
Постои али не би рекла во сите ситуации. Не е судбина ако ти донесеш погрешна одлука и на крај ке кажеш "судено било" или шо би рекле ние од источниот крај "тоа ти е од главата".
Не верував, ама се повеќе почнувам да верувам дека ми е судено покрај толку луѓе на светот да останам и да си умрам така сама.
Прво дефинирај судбина ко Питерсон и јас морам прво јасна дефиниција да знам секој различно ја толкува Ако се мисли на предодреденост во смисла дека не може да се избега од судбина, не верувам.
Ако постои судбина, нема логика ние да постоиме, затоа што не би имале слободна волја и избор за да го промениме нашиот живот. Така да, судбина не постои, дека нема смисла да постои.
Јас да. А што е ако не е предодреденост: раѓањето со извесни гени, темперамент, во одредена средина, соочена со однапред зададени предизвици? Но да, има извесна варијабилност, колку да ни создаде илузија на слободна волја.
Верувам дека душата е индивидуална и дека за постапките сам одлучуваш. Ако си израснал во лоша средина од твојот карактер зависи како ќе се справиш со таа траума, ако у самата есенција имаш зло ќе продолжиш на ист начин или во обратен случај ќе смениш нешто. Може ќе ти одземе повеќе време али сепак на крајот намерата е битна.