Ќе кажам накратко без тупење и философирања. Верувам во судбина. Ништо не е случајно, се се случува со некоја причина. Сум го почувствувала и видела тоа многупати.
Хммм верувам во Бог и во судбина дека се се случува со причина и дека секој на крај го добива заслуженото
Верувам во судбина но исто така верувам дека како што ќе си го замислиш и ќе си го направиш животот таков ќе ти биди.....
Верувам во судбина. Мислам дека таму негде е запишано кој кога да ја запознае љубовта на животот, со кого да се дружи, да биде сиромав или богат, паметен или глуп , кога да умреме итн.... Прочитав негде горе сами ги донесуваме нашите одлуки а после тоа го нарекуваме судбина. Ние да ги донесуваме одлуките, но така било судено да се случи. Некои за нешто си се тешат со тоа ете судбина било не сме биле еден за друг. И точно е, ако не ви е судено нема ни да бидете. Мислам дека секое нешто се случува со причина. Верувам дека нашиот животен пат е однапред замислен (оној покрупниот дел) ние само детаљите ги одбираме. Судбината е цел која треба да ја достигнеме во животот, кон таа цел водат различни патишта наше е кој пат ќе го одбереме но на крај секогаш се стигнува до иста цел. И така додека мислиме дека ја избенуваме судбината ние несвесно итаме кон нејзе... Едит: Се се случува со причина!
НЕ !!!!! Имам причина да верувам дека судбината ми крои нешто што јас не сакам и затоа ќе си терам по мое. Ако верував, ако оставев се на судбината не сакам ни да помислам што се можеше да се случи, така што...за мене нема судбина
Судбината секаде е претставена на различен начин ,едни веруваат во постоењето на наречниците кои ја одредуваат нишката на животот на новороденото дете,други народи веруваат во карма и реинкарнација ,а христијаните веруваат во судбина -сценарио ,однапред определено за секој човек и од кое не се бега.... Но сепак секој човек може да одлучи кон кој пат сака да се движи во животот постојат многу т.н раскрсници каде е потребно сопствено мислење и расудување и одлучување коe е најдобрo за нас ,па тоа малку и се коси со текот на тоа т.н сценарио за животот и судбината, зборот судбина било се користи кога ќе се разочараме од нешто па пронаоѓајки го одговорот ни изгледа многу комплициран пат па се помируваме со тоа "судбина било"-не можело поинаку,но постојат граници и за тоа помирување со реалноста што го имаме во нашите глави,зошто се додека имаме моќ можеме врз нештоto да делуваме и да го пормениме неговиот тек, а не одпрва да се откажеме од борба...некои работи од нас зависат,дали ќе се помириме со реални пречки или ќе се обидеме да ги собориме ,за сами да си го направиме патот оној кој би требало да ни биде "судбоносен"
Често сум разговарала на таа тема во што веруваме во случајност или во судбина... Јас верувам и во едното и во другото... Многу случки ме поттикнале да верувам и никој не може да го смени моето мислење... Тоа сум јас
Jaс верувам во карма,и сметам дека токму кармата ни ја крои судбината..а ние само ја предизвикуваме кармата,со нашите одлуки..било позитивно,било негативно.
Шери епа ете тоа ти е судбина. Барби мва многу добро напиша, ти мислиш дека бегаш од неа но тоа ти е пишано да го направиш (тоа што си го направила).
Ќе бидам кратка...денес прочитав една многу убава мисла: “Колку и да ja затвораш вратата, ветерот на судбината ќе влезе во вашата соба.“
Неможам да се одлучам дали верувам или не, некогаш мислам дека се се случува со причина, друг пат дека секој сам си управува со својот живот. Кога нешто не е како што треба тогаш се тешам со првото, дека така требало да биде и дека се е со причина. Но кога ќе успеам во нешто тогаш мислам дека јас сум одговорна за тој успех а не судбината. Како и да е сепак постои нешто, а и мора да постои едноставно за да има луѓето во што да веруваат, да се тешат и надеваат дека ќе биде подобро односно судбината ќе им донесе повеќе ведрина во животот.
Se se slucuva od mozokot. Ne mzoeme se da dobieme. No sudbinata sami si ja kroime. [mod-kirilica:34inee9h][/mod-kirilica:34inee9h]
Верувам во судбина и верувам дека во животот се се случува со причина, ништо не е случајно. Понекогаш може да се каже дека и ние самите со нашите постапки го креираме животот , но не може да и побегнеме на судбината , како велат На кого како му било пишано
Верувам дека се случуваат работи кои се предодредени но има и доста кои сами си ги креираме. Судбината мислам само ни посочува некогаш , а наш е изборот дали ке одиме по тој пат или по некој друг
Јас мислам дека има удел и судбината во животот ама треба и ние да се помачиме малку, неможеме да седнеме со скрстени раце (без работа,пари) и да велиме дека таква ни била судбината